Дечки ми треба помош, оваа задача треба да ја решам до 20 мај, може ли некој да ми ја реши пошто стварно не ја разбирам тапа сум за програмирање. Во задачава не треба да се користат готови библиотечни класи и функции (освен iostream). Ние работиме со компајлерот DEV C++. Ве молам ми треба за да ја задржам стипендијава на факултет. Задачата е:Да се креира класа Broj, преку креирање на соодветни header и implementation фајлови, која ќе ги содржи следните податоци:
· broj, кој претставува цел број.
Да се дефинира default конструктор, со кој податочниот член се иницијализира со вредност 0, конструктор со 1 аргумент кој е цел број, и конструктор со 1 аргумент кој е знаковна низа, т.ш. податочниот член на ова класа е цел број претставен преку оваа знаковна низа. Да се дефинираат следните функции членови на класата:
· функција која ја враќа моментната вредност во податочниот член на овој објект.
· int compareTo(Broj drugBroj), ги споредува 2-та броја нумерички, податочниот член на овој објект (broj) и drugBroj. Резултатот на функцијата е: -1 ако broj е помал од drugBroj, +1 ако broj е поголем од drugBroj, и 0 ако broj и drugBroj се еднакви.
· float floatValue(), ја враќа вредноста на податочниот член на овој објект (broj) конвертирана воfloat типот.
· int parseInt(char s[]), ја парсира специфираната знаковната низа s, чии карактери се децимални цифри или ‘–‘ знакот, и го враќа соодветниот цел број како int.
· Broj valueOf(char data[]), враќа објект од класа Broj чиј податочен член има вредност на целобројната репрезентација на специфираната знаковната низа data.