Како да го продолжите времетраењето на батеријата на еден Андроид Смарт телефон

Член од
31 август 2008
Мислења
499
Поени од реакции
381
Инспириран од некој членови кој се жалат на краткото траење на батеријата на нивните Андроид телефони решив да го споделам ова со вас.Сето ова е напишано малку одамна и верувам дека менијата на вашите телефони се сменети и различни за различен телефон,но се надевам дека лесно ќе се снајдете.

За да го продолжите времетраењето на вашата батерија помеѓу две полнења потербно е да ги следите и што е можно повеќе да ги употребите следните чекори (нормално индивидуално,во зависност од тоа на кого што му треба а што не).

1) Исклучете го “ALWAYS-ON” мобилната врската.
Изберете Menu => Settings => Wireless & networks => Мobile networks и отштиклирајте го "Enable ALWAYS-ON mobile data". Ова веројатно има најголемо влијание врз животниот век на батеријата.

2) Оневозможи “Use wireless networks” употреба за позиционирање цели
Оваa опција се исклучува преку Menu => Settings => Location => Use wireless networks.За секоја апликација која ќе ви побара wireless ќе си го оклучите посебно.

3) Исклучете употреба на “Background data” (но не и ако користите Google услуги!)
Menu => Settings => Accounts & sync => Background data.Со ова ќе го минимизирате позадинското користење на податоци кој користат многу енергија во текот на денот. Забелешка! Ако го користите Gmail,неговиот календар и контакти ги синхронизирате со вашиот телефон, ќе мора да ја имате оваа опција овозможено или пак ќе го исклучите автоматското синхронизирање со Google онлајн сервери.Да напоменам дека и за користењето на Андроид маркетот потребно ви е оваа опција да биде вклучена.

4) Никогаш немојте да го оставате Wi-Fi вклучено доколку не ви е потребно
Wi-Fi може да биде исклучено од Menu => Settings => Wireless & networks и отштиклирајте "Wi-Fi"(turn on Wi-Fi).
Но доколку сакате Wi-Fi – то постојано да ви биде вклучено ви ја препорачувам бесплатната WiFi Auto Turn Off апликација кој автоматски ќе го исклучи Wi-Fi – то кога сте надвор од позната Wi–Fi мрежа и повторно ќе го вклучи кога ќе дојдете во подрачје на позната Wi-Fi мрежа.На овој начин апликацијата ќе ви заштеди доста од батеријата.

5) Секогаш чувајте го Bluetooth исклучен кога не ви е потребен.
Menu => Settings => Wireless & networks и отштиклирајте го "Bluetooth"(Turn on Bluetooth).

6) E-mail конфигурираjте го да синхронизира на што подолг период (препорачливо е да го ставите на мануел-симнувајте мејлови по потреба)
Menu => Mail => “menu” копчето од телефонот => More => Settings => Send & Receive => Set download frequency.
Исто така и со ограничување на големината на поштата што ја симнувате на 5 кб ќе заштедите повеќе енергија од батеријата Menu => Mail => “menu” копчето од телефонот => More => Settings => Send & Receive => Mail size limit

7) Исклучете го автоматскиот апдејт на Времето
Секогаш кога ќе сакате да видите какво е времето и колкава е моменталната температура можете да направите мануелен апдејт.
Menu => Weather =>”menu’ копчето од телефонот => Settings => Отштиклирајте Update automatically

8) Поставете разумни временски интервали на ажурирање на Твитер, Фејсбук
Menu => Peep => “menu” копчето од телефонот => More => Settings => Send & receive => Update schedule
Мenu => People => Updates and events => “menu” копчето од телефонот => Settings

Сите погоре наведени подесувања се различни кај различни телефони,но нема да ви биде тешко да се снајдете.

Ова се основни подесувања на телефон со што доста би заштедиле на батерија.
Лично препорачувам да не користите таск килери и сложени апликации за заштеда на батеријата бидејќи од искуство знам дека тие дополнително ја трошат батеријата и го успоруваат телефонот.

Поздрав,
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Одлично.
И јас истите работи ги применував кога користев смартфон со Андроид.

Сега сум на iPhone 4 и малце подруго е,но нема гајле тера батеријата.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.666
Поени од реакции
8.722
И отстранете ги сите Widgets шо ги имате, тие цицаат многу батерија...
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.351
Поени од реакции
5.474
Во врска со првава точка не можам да го најдам тоа на мојот Sony Xperia P.
Отидов до Menu => Settings => Wireless & networks => Мobile networks но таму ги имам само овие.
Data enabled
Data roaming
Network Mode
Access Point Names
Network operators
Не верувам дека некое од овие има врска со тоа.
 
Затоа и напоменав дека секој телефон е различен...можно е да го нема тоа на Sony телефоните:unsure:
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Во врска со првава точка не можам да го најдам тоа на мојот Sony Xperia P.
Отидов до Menu => Settings => Wireless & networks => Мobile networks но таму ги имам само овие.
Data enabled
Data roaming
Network Mode
Access Point Names
Network operators
Не верувам дека некое од овие има врска со тоа.
Држи на копчето за Power.Ќе ти излезат некои опции таму,види.
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155
Инспириран од некој членови кој се жалат на краткото траење на батеријата на нивните Андроид телефони решив да го споделам ова со вас.Сето ова е напишано малку одамна и верувам дека менијата на вашите телефони се сменети и различни за различен телефон,но се надевам дека лесно ќе се снајдете.

За да го продолжите времетраењето на вашата батерија помеѓу две полнења потербно е да ги следите и што е можно повеќе да ги употребите следните чекори (нормално индивидуално,во зависност од тоа на кого што му треба а што не).

1) Исклучете го “ALWAYS-ON” мобилната врската.
Изберете Menu => Settings => Wireless & networks => Мobile networks и отштиклирајте го "Enable ALWAYS-ON mobile data". Ова веројатно има најголемо влијание врз животниот век на батеријата.

2) Оневозможи “Use wireless networks” употреба за позиционирање цели
Оваa опција се исклучува преку Menu => Settings => Location => Use wireless networks.За секоја апликација која ќе ви побара wireless ќе си го оклучите посебно.

3) Исклучете употреба на “Background data” (но не и ако користите Google услуги!)
Menu => Settings => Accounts & sync => Background data.Со ова ќе го минимизирате позадинското користење на податоци кој користат многу енергија во текот на денот. Забелешка! Ако го користите Gmail,неговиот календар и контакти ги синхронизирате со вашиот телефон, ќе мора да ја имате оваа опција овозможено или пак ќе го исклучите автоматското синхронизирање со Google онлајн сервери.Да напоменам дека и за користењето на Андроид маркетот потребно ви е оваа опција да биде вклучена.

4) Никогаш немојте да го оставате Wi-Fi вклучено доколку не ви е потребно
Wi-Fi може да биде исклучено од Menu => Settings => Wireless & networks и отштиклирајте "Wi-Fi"(turn on Wi-Fi).
Но доколку сакате Wi-Fi – то постојано да ви биде вклучено ви ја препорачувам бесплатната WiFi Auto Turn Off апликација кој автоматски ќе го исклучи Wi-Fi – то кога сте надвор од позната Wi–Fi мрежа и повторно ќе го вклучи кога ќе дојдете во подрачје на позната Wi-Fi мрежа.На овој начин апликацијата ќе ви заштеди доста од батеријата.

5) Секогаш чувајте го Bluetooth исклучен кога не ви е потребен.
Menu => Settings => Wireless & networks и отштиклирајте го "Bluetooth"(Turn on Bluetooth).

6) E-mail конфигурираjте го да синхронизира на што подолг период (препорачливо е да го ставите на мануел-симнувајте мејлови по потреба)
Menu => Mail => “menu” копчето од телефонот => More => Settings => Send & Receive => Set download frequency.
Исто така и со ограничување на големината на поштата што ја симнувате на 5 кб ќе заштедите повеќе енергија од батеријата Menu => Mail => “menu” копчето од телефонот => More => Settings => Send & Receive => Mail size limit

7) Исклучете го автоматскиот апдејт на Времето
Секогаш кога ќе сакате да видите какво е времето и колкава е моменталната температура можете да направите мануелен апдејт.
Menu => Weather =>”menu’ копчето од телефонот => Settings => Отштиклирајте Update automatically

8) Поставете разумни временски интервали на ажурирање на Твитер, Фејсбук
Menu => Peep => “menu” копчето од телефонот => More => Settings => Send & receive => Update schedule
Мenu => People => Updates and events => “menu” копчето од телефонот => Settings

Сите погоре наведени подесувања се различни кај различни телефони,но нема да ви биде тешко да се снајдете.

Ова се основни подесувања на телефон со што доста би заштедиле на батерија.
Лично препорачувам да не користите таск килери и сложени апликации за заштеда на батеријата бидејќи од искуство знам дека тие дополнително ја трошат батеријата и го успоруваат телефонот.

Поздрав,
Е сега исклучи ова, исклучи она и ебати телефонот :) треба да почнат да клават поиздржливи батерии оти овие не ги бива :)
 
Член од
31 август 2008
Мислења
499
Поени од реакции
381
Е сега исклучи ова, исклучи она и ебати телефонот :) треба да почнат да клават поиздржливи батерии оти овие не ги бива :)
Епа вие сакате да носите компјутери во џеб и батеријата да ви држи по 5 дена...за таа цел земете си едно телефонче од пред 5-6 години и уживајте во батеријата :)
 
DJVoio

Deejay
Член од
9 ноември 2010
Мислења
177
Поени од реакции
42
Во врска со првава точка не можам да го најдам тоа на мојот Sony Xperia P.
Отидов до Menu => Settings => Wireless & networks => Мobile networks но таму ги имам само овие.
Data enabled
Data roaming
Network Mode
Access Point Names
Network operators
Не верувам дека некое од овие има врска со тоа.
Во случајов кај тебе е Data Enabled.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
на крај ќе испадне и да го ставиме телефонот во режим црно/бел екран и да се вратиме 20 години наназат :)
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Мало надополнување би било и исклучување на GPS. Веројатно најретко се користи од вградените чипови.
 
О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
На Sony Xperia си користам Extended Standby Mode и супер ми е.
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Исто така ако немате потреба исклучете ги GPS и тоа Sync што е ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom