Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
:pos:
Абе јас сликав цело време и затоа ме нема по слики, ако мислеше на тоа.:)
Не мислев на тоа него мислев на тоа дали ти беше со овие ... тоа ми беше прашањето :D
 
Јас сум еден од нив.:)
Интересно според она што го видов и прочитав стварно добра идеја и супер е што сте си ја реализирале :) бравос (y)
 
Оваа критична маса со цел да ја подржиме и да ги потикнеме и другите фирми во РМ што се занимаваат со велосипеди, доделувавме награди за највозрасниот и најмладиот учесник во КМ12. Томе Јовановски со 59 години доби кожни рачки, а најмалиот учесник Мика Горски со 2 години и еден месец :), доби тетоважа по свој избор. Бидејќи сосема сам и целосно ја извозе оваа КМ12 решивме да му доделиме и тетоважа за својот точак и на Марко Дракуловски - 5 години. Честито на наградените !!!
540714_481698068564677_2063900889_n.jpgDSC_0331.JPG
--- надополнето: 24 април 2013 во 22:17 ---
 
Рута Козјак 2013

Помина цела недела, а никако да седнам да напишам за минато неделното возење до Козјак. Сум бил зафатен изгледа.

Рута Козјак http://www.bikemap.net/route/2059607. Околу 90 километри асфалт во двата правци. Сум ја возел неколку пати и секогаш супер сум си проаѓал.

Тргнав преку Кисела Вода, Драчево, Батинци па кон Маркова Сушица.

Прва станица за освежување на околу 20 километри.

Продавничкава кај што се двои патот за Маркова Сушица ми е омилена. Работи и во недела, а од прошлата година имаат поставено и кафемат пред влезот. Совршено.

Местово го сметам за преоден момент затоа што до тука има цивилизација, а од тука натака патот води низ не толку “урбани“ предели. Мене уствари рутата од тука и ми почнува.

Времето овој пат беше таман, ни топло ни ладно. И сонце, и облаци. Малку беше ветровито, но на лежипедот тоа не влијае премногу. По патот имам неколку омилени места, а ова е едното од нив. Бидејќи сум навикнат да го гледам крстот на Водно од спротивната страна, ваквиот поглед некако посебно ме радува.

И продолжив понатака. Мислам дека сто пати застанав да сликам од што ми се допаѓаше времето и облаците.

Патот, како што се гледа на мапата, е во константна нагорнина така што не возев брзо, но па затоа се изнауживав. После Нова Брезница патот е уште пострмен во должина од околу 5 километри. Крајот е приказна за себе. Фантастичен поглед врз езерото.

Додека возев нагоре се мислев дали да се спуштам и до самата брана. Си реков, ќе решам кога ќе стасам горе. Патот до браната сум го возел досега само еднаш со обичен велосипед, мислам 2010 година. Тогаш лошо си поминав затоа што беше пеколен сончев ден, по патот нема сенки и на крајот останав без вода па морав да барам од излетниците што правеа скара. За среќа наидов на љубезни луѓе кои ми ги наполнија и двете шишиња со вода.

Сега приказната беше малку поинаква. Времето далеку подобро, сепак е Април и беше околу 20 степени. Сонце имаше, но не беше страшно. Јас се чувствував добро, вода имав доволно и си реков ако не денес, летоска тешко дека ќе се осмелам да се симнам.

И тргнав да се симнувам. Патот иако е стрмен, не дозволува развивање на некои сулуди брзини, што поради кривините, а што поради лошиот асфалт.

Браната.

Хмм, на еден столб има знак за забрането фотографирање. Забрана си е забрана, мора да се прекрши малку, но сепак не ги сликав индустриските делови иако интересно изгледааат. Го сликав езерото.
И себе.
Местото е многу тивко и како да нема никој. Интересно е што е чисто и уредено. Има и мала црква (заборавив како се вика). И така, еден сендвич подоцна, изеден во мир, тишина и сонце, тргнав назад.

Знаков ми е познат од минатиот пат, само глумам изненаден.

Стратегијата за качување беше: полека и смирено. И се држев за неа до крај иако тоа значеше повеќе од час и половина возење само за да стасам до врвот горе.

Возев со под 5 километри на час. Лежипедот има репутација дека е нестабилен на мали брзини, па ќе го искористам овој момент да го побијам тоа. Асолутно немаше никаков проблем да се одржува толку мала брзина. Јас гледав да не се задишувам премногу, одржував константна брзина и освен што застанав поради едно куче на кое не можев да му го одредам табиетот, без проблем ќе се качев и без ниедно застанување.

Кога се качив горе веќе беше 4 часот попладне. Бев тргнат од 8 сабајле така што ми беше доволно забава. Право дома.

До Нова Брезница со скоро 70 километри на час. Потоа малку поспоро, но сепак околу 35 / 40 на час по цел пат.

Никогаш доволно искуство. Бидејќи возев накај дома, таму каде што сакав да бидам, веќе бев, тоест ја завршив работата, јурев накај дома не приметувајќи дека сум се преморил. И веќе беше касно. Требаше да застанам да се одморам пред најмалку 5 километри. Застанав пак кај продавничката со кафематот. Имаше гужва во делот каде што се седи. Љубопитни погледи за кои немав сила, па кафето го испив на нога. Продолжив сè уште уморен. Во Кисела Вода ми се пуштаа кучиња, им се дерев како ненормален и тие бегаа со подвиткани опашки, веќе и нервозен бев.

Стасав дома, мислам дека беше околу 6 и пол. Го проверив брзиномерот. Иако возев брзо на враќање, просечната брзина ми беше само малку над 12 километри на час. Спорото качување има најмногу влијание врз просекот.

Се одморив малку и си го пуштив филмот наназад. Заборавив на уморот и нервозата и си се насмеав во себе.

Супер рута.

ПС: Кучето на Козјак на крајот испадна весело и желно за игра.

img_20130414_101953.jpgimg_20130414_113535.jpgimg_20130414_114811.jpgimg_20130414_132040.jpg
img_20130414_133218.jpg
img_20130414_135938.jpg
img_20130414_140018.jpg
img_20130414_151247 (1).jpg
img_20130414_151247.jpg
img_20130414_161503.jpgimg_20130414_1114311.jpg

http://lezhiped.wordpress.com/2013/04/21/ruta-kozjak-2013/
 
Видов двајца Пољаци во Словенија со вакви машини, односно тие беа со трицикли...Ја ораат цела Европа преку лето.
 
Луѓе помагајте.Поради тие пусти гуми ќе баталам и велосипедизам и се.Си ги сокинав нервите поради внатрешните.Па не е возможно на секое едно возење да ми се дупи гума.Дајте кажувајте некој лек за тоа пошто веќе преку кур ми е.
 
Незнам што возиш и како, ама еве ќе ти ја кажам мојата комбинација, Кенда крос гуми 400/500 денари мислам беа и некои внатрешни искрено незнам што марка беа 180 денари со попуст ги земав мислам. После 400 километри уште ми се нема гума дупнато а ги имам возено по секаков терен, секаков.
 
Имаш среќа.Ама не верувам дека ни внатрешна од 2000-3000 денари би ме спасила мене.Пред 20-ина минути извадив 1 cm шпенка од задната гума, а ја сменив внатрешната пред 1 недела.:facepalm: Читав на интернет дека за дополнителна заштита ставале уште една надворешна (со исечени сајли од стрната) под надворешната а над внатрешната но незнам дали тоа е можно.
 
јас возам со kenda max Мислам дека беа дали тоа се истите? или пак не мада јас најискрено ги земав 700 ден. :unsure:
--- надополнето: 25 април 2013 во 20:26 ---

За 3,000 денари порачај си надворешни од Белгија кои од стакло немаат галје и од други работи премногу тешко се дупнувале :) а ако имаш некоја надворешна од пазар купена одма смени ја купи си по асална гума од продавница
 
Ѓабе.Од кај Арсо официјалниот увозник на Drag велосипеди во Македонија купив Schwalbe Black Jack 1200 денари и CST 400-500 денари.Уште на првото возење од Schwalbe-от ми испадна сајлата што ја одржува конструкцијата на гумата и која што ја држи во бандашот.Ја заменив со ист модел но не ја испробав.Скоро после 6 месеци од купувањето земав да ја испробам.После првото возење истиот проблем и сега така ми стои.Во мисла сум старата предна Kenda да ја заменам со Rubena но треба да подсоберам малку пари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom