Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
На оваа тема е тежок одговорот. Абортусот колку што може работи да искриви, толку може и да исправи. Самите ние сме сведоци на едно ново време коа ете моја познаничка не ни завршила средно е трудна. Никогаш не сум се осмелил, нити пак некогаш ке осудувам некој. Тоа е право на мајката и таткото. Како они ќе одлучат така ке направат и никој не е достоен да се меша во таа одлука.
Да се навратам малце погоре ( Абортусот колку што може работи да искриви, толку може и да исправи ).
Има и добра има и лоша страна. Никој не би останал рамнодушен коа ќе ти тргнат парче душа од тебе. Ненамерно коа ќе видеш како мајка или татко си трчка во парк со дете, одма чувствуваш немир. Но знаеме сите дека коа на 17, 18 години останува девојката трудна, решение е абортус. Можеби да, она е способна да гледа не 1 туку 3 деца. Но знаете неузреаниот плод не е толку добар како узреаниот..
 
Ако гледаш така може да биде и на другата страна од паричката, може да биде сериски убиец, силувач, дилер на дрога, корумпиран политичар итн. така да не ти пали многу теоријата.

Да де, па никој не рече дека не може да биде сериски убиец, не дај Боже.
Зборот ми беше, причините од типот "не можам да му овозможам убав живот" не се валидни. Никој не може да предвиди каков живот ќе има детето.
 
е како не може да се предвиди ! ако немаш финансии работа доволно за да платиш сметки нема да е тешко да предвидиш дека и за школување ке биде проблем. Не е само напрај ги роди и чекај од небо. е се а зборам за реалните можности на родителот као образование, тековна работа, а биди сигурен никој нема да се двоуми да роди или не доколку има можности или барем перспективи за заработка.
и мразам некој да кажува на друг што и како да прави. а на форумов све светци испаднаа.а бре секој за себе најдобро си знае!
 
Можеби неубо те разбрав.. Но дали само ако си жртва на финансиска немоќ осуден си да немаш деца ? Се ама буквално се може да се среди и за се има начин .. И за крај немој да мислиш дека те вреѓам или се правам светец.. ;)
 
Aко се немаат доволно финансии, ако се нема сопствен кров над глава и сл. услови за оптимален живот турете пепел и на брак и на дете/деца и на се ...
Ако некој/а мисли дека со 100 или 200 евра се чуваат деца и се закуќува куќа длабоко сте се излажале ... одете прашајте некој што има дете/деца а е невработен т.е. и двајцата се невработени па да речеме и под кирија седат а притоа немаат никаква поддршка од никого(своите) прашајте некои такви(сигурно имате по некој таков случај во ваша близина) погледнете ги и прашајте ги дали се среќни ... па пукаат од среќа бе нема што ... не сме денеска Социјализам луѓе, Капитализам сме и тоа Капитализам од суров тип фрлете ги розовите очила и реално гледајте ги работите ... ако немаш услови за живот(тука мислам на сопствен дом како и финансиски средства) всушност немаш ништо, од љубов не се живее, туку потребни се средства, потребни се финансии ...
На форумов имам чувство се како да се лица елитисти кои никогаш во животот немале никакви финансиски проблеми и кои носат розови очила и одбегнуваат да се соочат со реалноста која се гледа во надворешноста, или пак едноставно се како ноеви бутни ја главата во песок и немај гајле !
 
Можеби неубо те разбрав.. Но дали само ако си жртва на финансиска немоќ осуден си да немаш деца ? Се ама буквално се може да се среди и за се има начин .. И за крај немој да мислиш дека те вреѓам или се правам светец.. ;)
е сега јас не реков воопшто да немаш деца ако немаш пари,зборам за абортус како право на избор. Пример еве имам едно дете, второ не сакам ке го абортирам, не дека јас лично не сакам,мегутоа земам пак пример немам стан,немам работа или живеам со една мизерна плата од 10000ден а најголем дел од македонциве се така па ке родам и второ или трето за пример. Е нема. Па тоа се деца на кои треба да им обезбедиш иднина , школување, социјален живот ,,,,
Ама ти си сигруно јак вмровец, не дека имам нешто против партиите и една или друга, ама околу мене сите вмро-вци отидоа на трето дете:LOL:
 
е како не може да се предвиди ! ако немаш финансии работа доволно за да платиш сметки нема да е тешко да предвидиш дека и за школување ке биде проблем. Не е само напрај ги роди и чекај од небо. е се а зборам за реалните можности на родителот као образование, тековна работа, а биди сигурен никој нема да се двоуми да роди или не доколку има можности или барем перспективи за заработка.
Кој ти дава гаранција дека после средената фамилија, две деца, жена...неможе да ја изгубиш работата и паднеш на 0? Што понатака со децата? Абортус ќе им вршиш?
За жената е лесно она сама ќе ти побегне :icon_lol:
 
само ако се мора- при силување и само при силување и ок освен ако мора да абортира за дотичната да преживее :) иначе за друго нема оправдување као финансиската состојба, мала сум (а кога свршуеше у неа тогаш богат беше он и она голема а)
 
Апсолутно те разбирам, само што ти гледаш исклучиво низ очите на мајката, малце да погледнеме и низ оние на ембрионот.
Зошто е помалку важен ембрионот на онаа што е 14 годишна, онаа што е силувана, од онаа која од љубов го направила?

Сите овие ембриони се исти. Но моралното судење не важи за сите исто.

Овој ембрион од силуваната мајка за мене ист со оној ембрион од трудница што и нашле ретка болест и што ќе умре ако роди, па се прекинува бременоста.
Значи таа девојка е родена изгледана од некое семејство сакана од некое момче или пријатели, сите страдаат со нејзиното страдање. Мора да се скрати нејзиното страдање и да се ублажи по секоја цена
Детето ако се роди може ќе живее некаде, ама се надевам дека е хипотетички случајов, зошто во случајов и мајката е дете, да е постара па да го роди па да го даде некому некако се јаде ама кога раѓаме е многу тешко единствено олеснување е што добиваме бебе и се радуваме забораваме се, а таа што ќе добие од таа болка? Поголема болка.
 
Мони, јас се согласувам околу страдањето на било која жена. Ако некоја одлучи да абортира, не го прави тоа од ќеиф, сигурно.
Поентата е друга.

Темата е насочена кон законски дали треба или не треба да постои абортусот.
А не дали ние лично кому би суделе, затоа и постојат овие прашања ,,а што ако,,.

Мислам дека се сложуваме, абортусот е право на избор, а кој како од морална гледна точка го перцепира (посебно кога станува збор за сам себе) е сосема друго.
Познавам и јас жени кои абортирале, и такви кои сакале да абортираат ама се премислиле.

Можеби лично сум сметала дека едниве немало потреба да абортираат, а другите па немало потреба да раѓаат - немаат услови за чување дете, но не си дозволувам да им се мешам во изборот. :)
 
Темата е насочена кон законски дали треба или не треба да постои абортусот.

Јас не го оправдувам ама треба да е оправдан со закон

Затоа што кој се решил на тоа ќе го направи и контра законот, а во кои услови ќе го прават ако е нелегално, чуда ќе се случуваат...

Затоа го кажувам јавно своето мислење и треба да се каже и не сметам дека животот од бебето е работа само на мајката. Нека биде легално, ама ако успеам некого да го разубедам тоа да не го прави ќе го сторам тоа

Камо среќа во некој моменти од минатото некој луѓе познати или непознати да ме растресеа да ми кажеа макар и најлоши зборови и да ми врзеа шамар ако требаше ама да ме освестеа за некој работи што ги избрав да ги направам да не ги направев. Големите одлуки ја прават патеката на животот, траекторијата. Составот на патот се ситните нешта. Абортусот е голема одлука не е вадење заб.
 
Јас би постапила слично како тебе.
На маса сите аргументи за и против.
Каде повеќе тежи? - таму.
Океј, тоа правиме :)
 
е сега јас не реков воопшто да немаш деца ако немаш пари,зборам за абортус како право на избор. Пример еве имам едно дете, второ не сакам ке го абортирам, не дека јас лично не сакам,мегутоа земам пак пример немам стан,немам работа или живеам со една мизерна плата од 10000ден а најголем дел од македонциве се така па ке родам и второ или трето за пример. Е нема. Па тоа се деца на кои треба да им обезбедиш иднина , школување, социјален живот ,,,,
Ама ти си сигруно јак вмровец, не дека имам нешто против партиите и една или друга, ама околу мене сите вмро-вци отидоа на трето дете:LOL:
Па така де, само неубо се изјасни во постот кој те цтитирав.
Инче коа сме веќе кај партиите ( иако е ова офтопик ) за партиски бои сум далтонис, а неписмен сум за партиски книшки . Колку за информација ;)
 
е како не може да се предвиди ! ако немаш финансии работа доволно за да платиш сметки нема да е тешко да предвидиш дека и за школување ке биде проблем. Не е само напрај ги роди и чекај од небо. е се а зборам за реалните можности на родителот као образование, тековна работа, а биди сигурен никој нема да се двоуми да роди или не доколку има можности или барем перспективи за заработка.
и мразам некој да кажува на друг што и како да прави. а на форумов све светци испаднаа.а бре секој за себе најдобро си знае!

Абе ајде, колку од милионериве имаат факултет завршено??
Ако има детето памет нема да му треба школо, ќе си има убав живот и без факултет.
 
Да ви кажам една сцена сега се сетив од муабетиве, за беља не е измислена ми се случи пред некоја година

одам јас некој ден после раѓање со сепса назад во породилно да ме чистат од постелката и ме ставија на одделение кај што прават абортуси. Се будам после интервенцијата од опивка незнам колку саати сум лежела така под мене 7 кила крв над мене 2 кила млеко, се борам за воздух

На едниот кревет една кутра женичка во одмината бременост мртво бебето си седи си плаче

На другиот една многу чиста средена нокти веѓи, лежи на креветот до мене и се гади од мене. После некое време почна да кажува приказни „јас со второто, јас со третото...“
викам „колку деца имаш?“
вика „немам ниедно“

Се чудам како не си ги изела којзнае кој абортус и беше по ред
И се мислам која од нас беше во најголема беда во моментот и општо?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom