Зошто да верувам во Бог/Алах

Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
морам да те цитирам бидејки не го разбирам твојот одговор.
Бог тебе ке ти суди за делата кои Бог одбрал ти да ги направиш.
Како мислиш Бог избрал јас/ти/тој да ги направи зар сме роботи раководрни со далечинско од Бог.

Кај предан верник место за страв нема, бидејќи ја исполнува волјата божја.
А постои ли човек без ниту еден грев.

Е сеа, ако изразуваш сомнеж за одлуките на твојот бог, сметаш дека не се најдобрите Нема да навлегувам подалабоко, нема смисла да се сомневаш во Бог кој се провлекува како таков во целиот Јудео-Христијански чадор(да, и Исламот е дел од друштвово).
На крај секој со своето.
Што значи ова.?
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
морам да те цитирам бидејки не го разбирам твојот одговор.

1.Како мислиш Бог избрал јас/ти/тој да ги направи зар сме роботи раководрни со далечинско од Бог.

2.А постои ли човек без ниту еден грев.

3.Што значи ова.?
1.Роботи? Е види сеа, ако сѐ на светов е божја волја , мора да признаеш дека нештата се програмирани од бога и со тоа сме на ниво на робот, Не оние фенси роботи шо ги гледаме во филмовите туку како оние роботите што извршуваат "едноставна", строго дефинирана програма во фабриките. Едноставно кажано, нештата се случуваат бидејќи бог така сака и бидејќи бог е бог, а ние сме обични негови "производи", нашиот удел во дејствијата е тривијален.

Ако повеќе ти одговара да веруваш дека бог го создал светот , каков и да го создал, дека не се меша во настаните на земјата и дека ние сме оние одговорни за нашите постапки и врз основа на истите ќе ни се суди, не заборавај, семоќниот, сезнаен бог е оној кој ни ги дал параметрите на нашето функционирање.Или намерно не создал "фалични" ,може му било досадно, може сакал да експериментира, нема да навлегувам во мотивите, или , не знам, направил грешка?

2.Грев е она што ќе се договориме да е грев. Прашање на општествено-култоролошки консензус е.

3.Конкретната група верувања кои имаат ист корен и се слични во своите учења.
 
Член од
6 ноември 2012
Мислења
26
Поени од реакции
11
Covekot go napravil kompjuterot.. kompjuterot nishto ne znae za covekot.. taka da i nie istotaka :)
--- надополнето: 24 април 2013 во 17:33 ---
Covekot go napravil kompjuterot.. kompjuterot nishto ne znae za covekot.. taka da i nie istotaka :)
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Ако повеќе ти одговара да веруваш дека бог го создал светот , каков и да го создал, дека не се меша во настаните на земјата и дека ние сме оние одговорни за нашите постапки и врз основа на истите ќе ни се суди, не заборавај, семоќниот, сезнаен бог е оној кој ни ги дал параметрите на нашето функционирање.Или намерно не создал "фалични" ,може му било досадно, може сакал да експериментира, нема да навлегувам во мотивите, или , не знам, направил грешка?
Како што те разбрав ова се работи во разбирањето на Муслиманите?
Дека сите дела што ги правиме и ни се случуваат секојдневно ги правиме под раководство(параметри) на Бог?
Ако си муслиман едноставно објасни ми како го објаснува/функционира коранот тоа.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Covekot go napravil kompjuterot.. kompjuterot nishto ne znae za covekot.. taka da i nie istotaka :)
И соодветно на ова компјутерот не верува во Човек. Компјутерот не верува во ништо.Компјутерот извршува алгоритми. Не мисли,не чувствува глад, нити е љубопитен, нит пази на самоодржување.
И вака ќе биде додека не направиме комјутер кој ќе е свесен за сопственото постоење.

И потоа ќе го крстиме Скајнет и целата онаа пиказана за Терминатор станува пророштво, а филмовите се новата Библија:icon_lol:

Инаку, ако подразмислиш, "компјутерот" знае повеќе за човекот одколку самиот човек знае за себе. Побарај како Google, facebook, Amazon знаат што реклама "да ти понудат".
Добар обид;)
--- надополнето: 24 април 2013 во 19:22 ---
Како што те разбрав ова се работи во разбирањето на Муслиманите?
Дека сите дела што ги правиме и ни се случуваат секојдневно ги правиме под раководство(параметри) на Бог?
Ако си муслиман едноставно објасни ми како го објаснува/функционира коранот тоа.
Лошо си разбрал. Не само муслиманите.
Како да го напишам ова едноставно?Заеби едноставно.
Аналогијата е:
"Дали на рибата е грешна поради тоа што не може да лета?"
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Zatoa sto ne mozes da Go vidis pa ti preostanuva da veruvas.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Ако богот е семоќен, уште откако го пуштил времето да тече и да се дешава све ова околу нас универзумот и космички прашини, привлечни сили како гравитација, он мора да знаел (зашто е семоќен и совршен) точно кој и точно кога, молекул ке се закачи за друг молекул и ке се створат сите елементи, и таа тогашна материја со време ке дојде ете до стварање на планета Земја (точно тој ден и никој друг) и тамо ке се створат тие молекули у аминокиселини и ке се створам јас во оваа време.
Дали значи, дека бог ме создал мене, со карактеристика да не верувам во него, и да си терам моја работа и со тоа ми е загарантирано плац у рај?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960

Забележувам дека овде ти од семоќноста на Бог заклучуваш дека Тој се предодредил, секое движење, на секој атом патеката и секоја следна состојба му се детерминирани. Духот како дел од живите луѓе, кој нема молекули, претставува личност и има слободна воља - тотално ти е изигнориран.
За да го дискутираш Бог, прво треба да излезеш од рамките на атеистичкиот натурализам (кој по дефиниција не ни претпоставува постоење на нешто повеќе од материја и енергија). Детерминизмот е само последица од натуралистичкото гледиште, но не е својство на семоќноста на Бог, барем не за Богот објавен во Јудеизмот и Христијанството.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Мислам дека треба да почнам да верувам во Один.
Один има ветено дека ќе ги уништи Ледените Џинови.
Кога последен пат сте виделе Леден Џин?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Забележувам дека овде ти од семоќноста на Бог заклучуваш дека Тој се предодредил, секое движење, на секој атом патеката и секоја следна состојба му се детерминирани. Духот како дел од живите луѓе, кој нема молекули, претставува личност и има слободна воља - тотално ти е изигнориран.
За да го дискутираш Бог, прво треба да излезеш од рамките на атеистичкиот натурализам (кој по дефиниција не ни претпоставува постоење на нешто повеќе од материја и енергија). Детерминизмот е само последица од натуралистичкото гледиште, но не е својство на семоќноста на Бог, барем не за Богот објавен во Јудеизмот и Христијанството.
Другар ти Калвин не мисли како тебе:

“God preordained, for his own glory and the display of His attributes of mercy and justice, a part of the human race, without any merit of their own, to eternal salvation, and another part, in just punishment of their sin, to eternal damnation.”
John Calvin

За истиот бог навивате, така? Калвин, еве, вика дека Јахве веќе однапред си одредил кој ќе се вари, а кој ќе седи десно.

Поопширно за детерминизмот.

Поопширно за христијанскиот детерминизам кој, според Чорба, не постоел.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Страшно! Грозно!

Ова не е исламска особина, без оглед колку пати ќе го употреби Божјото име, нема оправдување за вакво сквернавење. Ова е одлика на идолопоклониците. Овој не е муслиман. Овој е Шејтанов воин.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Страшно! Грозно!

Ова не е исламска особина, без оглед колку пати ќе го употреби Божјото име, нема оправдување за вакво сквернавење. Ова е одлика на идолопоклониците. Овој не е муслиман. Овој е Шејтанов воин.
(y) прв пат да кажеш нешто со што ќе осудиш припадник на твојата вера
 
Kajgana Shop

На врв Bottom