- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.831
- Поени од реакции
- 8.863
Пак ќе се повторам, не ме мрзи.
Во твојот коментар не стануваше збор за дете, туку за бебе во автобуски превоз на подолга релација. И повторно беше етикетирано како дебилизам.
И прости, ама покрај извинувањето да не треба мајката да оди и на баци-рака кај секој патник поединечно? И да ти каже извини, што тоа ќе ти промени, ако бебето и понатаму плаче? Не може да го смири, јебига, да не треба случајно да ви се клања и да ви бацува стапала, бидејќи бебето плачело? Тоа ли треба да направат родителите, за да немаат "кур ме боли" став?
Нејсе.
Како што веќе кажав, сите оние кои не се родители, можат само да претпоставуваат како е, а оние подрските и да се бунат околу тоа. Бидејќи не знаат што значи неконтролирано бебешко плачење со саати без особена причина, или грчеви во стомак, или болка при растење на запче, или затнат нос што пречи при дишење а со тоа и при спиење, или болка во уво, или едно чудо други мал милион ситуации кои се редовна појава кај бебињата. За кафани, ресторани, кина, театри, музеи се сложувам, ама некоја мајка со бебе, која можеби немала друг начин да патува, да биде етикетирана како дебилизам, е дебилизам само по себе.
А околу менување на пелени (бидејќи и околу тоа се коментираше), како мајка ќе кажам само едно. Газот на моето бебе е светиња. Пристојна сум до толку да се скријам и да сменам пелена, но ако немам избор (нема соодветно место, надвор кочан ладно или изгор лето, нема скриено ќоше и сл.) ама ич мува не ме лази за тие одоколу. Ни најмалку немам намера да ризикувам црвено газе или недајбоже инфекција, а другите слободно нека мрчат ако немаат попаметна работа.
Ете мене ќе ми значи, да знам дека има осет за културно однесување.
Ти повторувај се, пак ќе се вртиме во круг.
Вака, зошто сум јас должна да бидам било како малтретирана од некого? Под ова ги подразбирам родителите, не е детето криво што ме малтретира. Тие го ставиле во таква ситуација.
Не е проблемот плачливо дете во автобус, авион.. проблемот е односот на родителите. Онака, јас ќе ги гњавам сите, нека трпат, сум го фатил/а бог за муда зашто имам дете.
Демек, онака, другиве гледам никој нема дете, само затоа што не малтретира други.
Прост пример е тој во воведниот пост и како родителите на бебињата се поставиле во ситуација каде што веројатно нивните деца ќе плачат и ќе бидат напорни за сите во авионот.
Тоа е култура, тоа е осет за другите околу себе. Не си само ти.
Убаво реков, не извртувај - доволно е извинување за ситуацијата. Освен ако таа не се ни обиде да го смири.
Ти очигледно го немаш ни сфатено мојот став по темата, па само онака, од почеток ќе се замараме со исти муабети.
Не е мој проблем да ги сфаќам мајките, не сакам да ги сфатам. Не сум мајка затоа што не сакам да бидам мајка. Како што не очекувам некоја баба да ме сфати дека едвај стојам на нозе во ЈСП, и на мајките такви кои немаат избор им станувам, а не на пензионери, така не очекувајте јас да ве сфатам.
Во секоја прилика помагам на мајките кои се возат со автобуси низ Скопје, јбг, колку и да не ми е сфатливо, тоа е мој проблем, КУЛТУРА Е ВО ПРАШАЊЕ а не разбирање, сочувствување итн.
И на крајот, нема изговор за менување пелена во ресторан. Луѓето јадат таму.
Ако ти е страв од црвени газиња, не знам што бараш каде што луѓето јадат.
Толку.
Мене мојот желудник ми е светиња.
--- надополнето: 23 април 2013 во 15:28 ---
Се дур ти не отвориш локал каде ќе примиш кој сакаш и ќе дадеш забрана за деца, се дотогаш ќе одиш на трепки и ќе се уфилмуваш како тебе секој ден ти досадуваат деца, ти поливат кафе, ти бркат у око итн...
Има локали каде е забранет влез за малолетници, јас едноставно кога сум излезена со деца ги игнорирам. Прави го истото и ти, и сите среќни. Еве ти го Џино (иако немам појма шо локал е, предпоставувам за педери), има барови, казина, може и некој ресторант да се отвори немам мака јас со тоа, едноставно не ни помислувам да се борам и одам на трепки да влезам за инат таму, јас како родител нема ни да ми текне на такви места да одам, или на места каде се пуши. Ама на тебе ти смета во секој кафиќ, ресторант, автобус, авион, парк, кино, театар...а да направиме град за Пума слободно да се шета?
Искрено Пума ја имаш згрешено професијата (ако е точно наведена тука на форум) кај тебе ни куче не би донела на терапија, кога се околу тебе гледаш како број...
--- надополнето: 23 април 2013 во 08:59 ---
п.с.сега Мац ми објасни што локал е Џино, јас мислев за хомич/кафич се збориТака да извинување за сите кои го посетуваат локалот
![]()
Нормално дека немаш поим, како и за многу други работи, бар си признаваш, добро е.
Такви локали се отворени. Прашање на време е кога ќе бидат во Скопје.
НЕ НАТАША, НЕ ЛАЖИ И НЕ ИЗМИСЛУВАЈ.
Не ми смета секој локал, а посебно НЕ МИ СМЕТА автобус. Автобусот на ЈСП е јавна сопственост, сечија. ИСКЛУЧИВО зборуваме за приватни локали, а не оние кои постојат благодарение на буџетот. Не е тешко за сфаќање, а и мислам дека до сега разбра, само онака, си тролаш.
Твоите предрасуди не може никој да ги излечи, а посебно твоето мислење е дааааалеку од релевантно за мојата професија или за мене како личност. Ој глеј си ручекот, не се мешај кај што немаш нит знаење, нит па си компетентна.
--- надополнето: 23 април 2013 во 15:30 ---
Види, пак ќе ти кажам дека го тупиш. Твојот огромен и непотребен пост ќе го сумирам во една реченица „сакам локали каде што не се толерира недолично однесување“.
Такви има, ете ти го Џино. Пронајди ги сама другите, бидејќи нели тврдиш дека тоа го сакаш и во Скопје тоа го НЕМА.
Твојата поента на темава е исто како да тврдиш дека сакаш водата да врие на 100 степени, а во Скопје тоа засега го нема.
Културата е на ниско ниво, ама ти со твоиве екцеси ја ставаш на уште пониско. Небаре децата те следат низ локали за да те тролаат. Појасно и пократко од ова, не верувам дека може да се објасни.
Никаде не реков дека нешто секојдневно се случува.
И на крајот, моја работа е како ќе ја перцепирам културата на луѓето во Скопје.
Можеби е моја вина што имам осет за оние околу мене, без оглед дали се тинејџери, родители или пензионери.
Сметам дека оган со оган не се гаси, затоа и не им го правам истото што тие мене ми го прават.