Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Кое е тоа место во Скопје каде што знам со сигурност дека нема да се расплаче дете? Ама 100 посто сигурност?

Цепидлачиш веќе, ама онака ептен.
Гајле ми е каде одиш, бараш место каде што нема да те замараат деца, ете ти го Џино. Што не ти е јасно од мојата поента со Џино?

Во Џино немаш гаранција дека НЕМА ДА СЕ РАСПЛАЧЕ ДЕТЕ, ама имаш гаранција дека ако некое дете се однесува несоодветно, ќе биде превземена акција и „твојот мир нема да биде нарушен“.
Да бараш место каде што ниедно дете нема да има само заради ризик дека ќе се расплаче, е тоа е веќе нешто неверојатно. Кажи ми еве вака поради твојата поврзаност со кучешките теми - како можеш овде да го бараш тоа, а од друга страна да викаш дека не треба да се тргнат кучињата од улица? И таму има ризик дека ќе гризнат некој, па ете на другата страна си.

Затоа реков, ако воопшто ќе опстои оваа (засега) глупа поента, прво средете си сами со себе што сакате и зад што стоите во животот. Гаранција дека нема да се расплаче, таман кога мислев дека од тебе сум прочитал се...:ROFLMAO:
 
Добро бе, дали си ти неписмен? Мислам дека не си.
Улицата, паркот, паркингот се на сите. Дали јас барам некој да не пушта деца по улица?

Јас добро знам што сакам. Не знам зошто ти тоа не успеваш да го сфатиш, не да го прифатиш како добро или точно, туку да разбере што сакам да кажам.

И види, ако одиме со лични и подмукли навреди, да бидам искрена - и не си баш некој за кој сум загрижена што мисли за мене. Има де форумџии со кои не се согласувам, ама ми е битно нивното мислење и нивната критика.

И како што кажав - немаш подобар аргумент, па тролаш со кучиња.
За деца зборуваме, а не за кучиња.

И носам деца во кафич, ама овие што ги носам, сеуште никому не пречеле.
И доста со Џино, не е муабетот дали ситуацијата била во Џино, Барселона или Лондон.
Битно е дека општо културата е на ниско ниво.

Кога сме кај ,,елитните,, места во Скопје, во еден многу ,,познат,, кафич, доживеав дете да го турне келнерот и цел ајнцер заврши врз мене.
Детето подолго време трчаше низ кафичот, никој не ги опомена родителите. На крајот, кога се случи што се случи, беше ситуацијата ,,Лелееее Леооо мамичкаааа,, , дури не ми се ни извинија.

Јас НИКОМУ не пречам. Зошто некому да биде дозволено да ме малтретира на ваков начин?
Мое дете ова да го направеше, сама прво ќе го отстранев од местото, а притоа ќе понудев пари оштетената личност да си оди дома и да се пресоблече.
Од кај знаеш, може требаше после уште 2 саати таква да седам, хм?
 
Не можам јас да се борам со твоите трауми од деца во кафичи. Јас ти наведов ситуација дека веќе постојат места каде што си заштитена од вакви работи - во Џино нема да се случи дете да трча низ ресторанот. Пак ќе ти кажам, во Џино, зашто ме мрзи да ти листам културни места веќе, кога и така не прифаќаш сугестија.

Поентата ти е без идеја, без практичен начин за реализација и никогаш нема ни да ти се оствари. Јас на темава си го трошам времето да те истролам малце и да ти покажам колку ти е празно размислувањето и резонирањето, а ти зашто трошиш време кога немаш поента ниту аргументи навистина не ми е јасно.
Уствари јасно ми е, на овој начин се истураш за сите инциденти децата што ти ги правеле.

Заради тие особи што не знаат да се однесуваат долично во ресторан/кафич, не мора да значи дека сите деца треба да страдаат. Дете од 5 години не спаѓа во описот што го кажуваш ти, дека мора да плаче и да „аздисува“. Ако веќе имаш проблем со невоспитани деца, тогаш карај се со тие што ти пречат, а не со сите деца и со форумџии само затоа што тоа е полесно.
 
Наташке, во првата ебана реченица, е објаснето се.
Или ти коментираш без да прочиташ на која тема коментираш?
Во првата реченица стои - јавни места од приватен карактер.
Попросто не може да биде.

А во мојот ресторан никого нема да прашам кого да пуштам.
Ако сакам градинка ќе направам, ако сакам ќе наплаќам кафе 800 денари и нема да дозволам деца.
Никој и никаде не спомна плоштади, паркови....
Абе Пума психологу...
Целиот наслов е.бен ти е пропаднат, и каква дискусија сакаш ти да се води? Америчка? Насловот е ЗАБРАНА на деца на ЈАВНИ места? Оти не е „Да се отворат локали каде влезот е забранет за лица испод 18, ете може и испод 16...„ Ама да се забрани влезот на моето дете во ресторант, кино, театар дека тебе ти сметаат деца...изгледаш смешна (ко и во повеќето постови).
Ако некој смета, има одговорни да го опоменати на крај краева и да го напушти локалот. Или нека излепат по прозори: не трпиме плачливи деца, луѓе кои гласно зборат, забрана за гласно звонење на мобилни, парови кои се бакнуваат нон стоп, секакви животни (освен оние сервираните), оние кои гласно се смеат, не е дозволено секнење на нос, јадење со раце, пиење со цевка, високи потпетици (ламинатот ни е нов и ствара гласен звук)...итн.
Јас би рекла: малом ку.цу и длака смета.
 
Никогаш не ми сметале деца во ресторан. Напротив, баш ми било слатко и фино, знам да си ги задевкам. :X3:
Ама не можам да поднесам разгалени пичлиња и уште пострашно, родители кои си бркаат работа и ги игнорираат додека овие врескаат. Тогаш ми иде родителот да го зашлапам, не децата.
Инаку ова со забраниве ми е апсурд. Како што рече Мац, ако ти сметаат, ќе се расправаш со оние поединци кои не знаат да воспитаат дете. Секој треба да биде совесен и да го земе во обзир карактерот на детето, а не да се диктира каде можеш да го однесеш, а каде не.
 
Секој треба да биде совесен и да го земе во обзир карактерот на детето, а не да се диктира каде можеш да го однесеш, а каде не.
Oд простотилук бараш свест?
Ако сето тоа не е некако формулирано и декларирано написмено во некој облик, исто како да не постои.
 
Oд простотилук бараш свест?
Ако сето тоа не е некако формулирано и декларирано написмено во некој облик, исто како да не постои.
Баш ме интересира како ти би го формулирал тоа.
 
Баш ме интересира како ти би го формулирал тоа.

Како за почеток вака...
15723000_BG1.jpg
screaming-children-will-not-be-tolerated.jpg
 
Ми пречат и бебиња, но како што образложив во воведниот пост имам разбирање за бебе, кое мора да комуницира со родителите преку плачење.
4 годишно дете обично може да каже кога е гладно, не мора да плаче.

Имам супер пример за културно однесување на родители со бебиња поставено.

Не ми беше муабетот околу твојот став за бебиња во кафичи и ресторани, тоа јасно го разбирам. Повеќе ми беше околу твоето класифицирање како дебили на некој/а која патувала со плачливо бебе во автобус. А јас колку што знам таму не служат кафе. Испаѓа дека и таму ти пречат, инаку зошто коментарот?
 
15723000_BG1.jpg
screaming-children-will-not-be-tolerated.jpg

--- надополнето: 23 април 2013 во 00:04 ---

15723000_BG1.jpg
screaming-children-will-not-be-tolerated.jpg
И каква забрана на деца вие барате? Значи тоа лежи во рацете на одговорните за ред и мир во локалот. Ако они си молчат незнам тебе и на Пума зошто ви смета? Тогаш вам ви преостанува да не се појавувате повеќе во тој локал, а децата и понатаму ќе се трчкат од маса до маса :cautious:
А да залепат исто дека гласно зборење, смеење, големи друштва и се погоре шо наведов исто нема да се толерират?
И сепак, толеранција е друго, забрана е сосема друго...едното со другото не оди.
 
Не ми беше муабетот околу твојот став за бебиња во кафичи и ресторани, тоа јасно го разбирам. Повеќе ми беше околу твоето класифицирање како дебили на некој/а која патувала со плачливо бебе во автобус. А јас колку што знам таму не служат кафе. Испаѓа дека и таму ти пречат, инаку зошто коментарот?

Во воведниот пост имам напишано околу меѓуградскиот, меѓудржавниот и прекуокеанскиот транспорт.
Проблем не е толку плачењето на детето, туку ,,кур ме боли,, ставот на родителите.

Коментарот е во насока дека очекувам таа жена со тоа дете барем да се извини за ситуацијата во која ги става сите останати патници. Можеби немала избор, океј е.
--- надополнето: 23 април 2013 во 00:53 ---
Абе Пума психологу...
Целиот наслов е.бен ти е пропаднат, и каква дискусија сакаш ти да се води? Америчка? Насловот е ЗАБРАНА на деца на ЈАВНИ места? Оти не е „Да се отворат локали каде влезот е забранет за лица испод 18, ете може и испод 16...„ Ама да се забрани влезот на моето дете во ресторант, кино, театар дека тебе ти сметаат деца...изгледаш смешна (ко и во повеќето постови).
Ако некој смета, има одговорни да го опоменати на крај краева и да го напушти локалот. Или нека излепат по прозори: не трпиме плачливи деца, луѓе кои гласно зборат, забрана за гласно звонење на мобилни, парови кои се бакнуваат нон стоп, секакви животни (освен оние сервираните), оние кои гласно се смеат, не е дозволено секнење на нос, јадење со раце, пиење со цевка, високи потпетици (ламинатот ни е нов и ствара гласен звук)...итн.
Јас би рекла: малом ку.цу и длака смета.

Наташке ма, полека, не се вознемирувај :)
Можам (и барам) локали кои ќе ми овозможат уживање без деца. И постојат такви.
Види, твоето дете тебе ти е цел свет, тоа го разбирам, ама разбери и ти дека твоето дете за мене е статистички број. Без трошка желба да те навредам.

Тие локали се ПОСЕБНИ, значи, не важи за сите локали и не важи секаде. Постојат и секогаш ќе постојат локали кои толерираат деца, но постојат, и ќе постојат локали кои толерираат деца до онаа граница, додека детето се однесува пристојно.

И како што наведе ти, драга моја Наташке, токму истото го барам јас - онака, еден лист обичен - на кој ќе пишува НЕЗАУЗДАНИ ДЕЦА НЕ СЕ ТОЛЕРИРААТ.
Сега за сега, во Скопје, незауздани возрасни не се толерираат. Ако почнам јас да трчам околу маси, да го буткам келнерот и да вриштам, ќе ме избркаат.
Само барам (не само јас, патем) истото ова правило да важи и за деца - нормално, не секаде.

Но онаму каде што ќе важи, јас ќе одам и ќе бидам нивен клиент.
--- надополнето: 23 април 2013 во 01:01 ---
Не можам јас да се борам со твоите трауми од деца во кафичи. Јас ти наведов ситуација дека веќе постојат места каде што си заштитена од вакви работи - во Џино нема да се случи дете да трча низ ресторанот. Пак ќе ти кажам, во Џино, зашто ме мрзи да ти листам културни места веќе, кога и така не прифаќаш сугестија.

Поентата ти е без идеја, без практичен начин за реализација и никогаш нема ни да ти се оствари. Јас на темава си го трошам времето да те истролам малце и да ти покажам колку ти е празно размислувањето и резонирањето, а ти зашто трошиш време кога немаш поента ниту аргументи навистина не ми е јасно.
Уствари јасно ми е, на овој начин се истураш за сите инциденти децата што ти ги правеле.

Заради тие особи што не знаат да се однесуваат долично во ресторан/кафич, не мора да значи дека сите деца треба да страдаат. Дете од 5 години не спаѓа во описот што го кажуваш ти, дека мора да плаче и да „аздисува“. Ако веќе имаш проблем со невоспитани деца, тогаш карај се со тие што ти пречат, а не со сите деца и со форумџии само затоа што тоа е полесно.

Можеш ти и да заспиеш на темава, што се однесува до мене. Ништо не си ми покажал, а одамна и не покажуваш. Не ти иде бе брат. Јбг.

Второ, идејата моја е остварлива и се остварува низ светов. Прочитај го првиот пост, имаш и линкови да се увериш. Прашање на време е кога ќе се случи истото во Скопје.

Трето, подмукли навреди од неписмени луѓе не ме повредуваат. Потребно ти е многу повеќе од ова што го нудиш, за јас да се загрижам.

Четврто ЈАС НИКАДЕ НЕ ПОБАРАВ ОТСТРАНУВАЊЕ ИЛИ ЗАБРАНА НА СИТЕ ДЕЦА. Не кријам дека ми е тоа желба - во одредени локали. Но не го ни барам истото. Доволно ми е да НЕМА ТОЛЕРАНЦИЈА.

Петто, културата и егото не ми дозволуваат да се расправам со простаци низ Центар. Онака, се сакам себеси премногу за да си допуштам такво ниско однесување. Ако се развикам на некого во кафич, веројатно уште долго ќе ми биде срам од сама себе.

И шесто, тебе никој не те покани во дискусија, ако не ти се допаѓа темата, не коментирај. Мое право со кого и што ќе зборувам,
--- надополнето: 23 април 2013 во 01:03 ---
И каква забрана на деца вие барате? Значи тоа лежи во рацете на одговорните за ред и мир во локалот. Ако они си молчат незнам тебе и на Пума зошто ви смета? Тогаш вам ви преостанува да не се појавувате повеќе во тој локал, а децата и понатаму ќе се трчкат од маса до маса :cautious:
А да залепат исто дека гласно зборење, смеење, големи друштва и се погоре шо наведов исто нема да се толерират?
И сепак, толеранција е друго, забрана е сосема друго...едното со другото не оди.

Наташа, ако утре отворам локал, кого сакам ќе примам.
Ти и на трепки да одиш, ако јас не сакам, нема дете да стапне.
Јас давам мотив на некој кој ете има желба да отвори локал, а да биде и уникатен истовремено :)
Само ќе зборуваме за истото оној ден кога ќе бидат полни локалите кои нудат заштита од детско вриштење.
 
Види, пак ќе ти кажам дека го тупиш. Твојот огромен и непотребен пост ќе го сумирам во една реченица „сакам локали каде што не се толерира недолично однесување“.

Такви има, ете ти го Џино. Пронајди ги сама другите, бидејќи нели тврдиш дека тоа го сакаш и во Скопје тоа го НЕМА.
Твојата поента на темава е исто како да тврдиш дека сакаш водата да врие на 100 степени, а во Скопје тоа засега го нема.

Културата е на ниско ниво, ама ти со твоиве екцеси ја ставаш на уште пониско. Небаре децата те следат низ локали за да те тролаат. Појасно и пократко од ова, не верувам дека може да се објасни.
 
Наташа, ако утре отворам локал, кого сакам ќе примам.
Ти и на трепки да одиш, ако јас не сакам, нема дете да стапне.
Јас давам мотив на некој кој ете има желба да отвори локал, а да биде и уникатен истовремено :)
Само ќе зборуваме за истото оној ден кога ќе бидат полни локалите кои нудат заштита од детско вриштење.
Се дур ти не отвориш локал каде ќе примиш кој сакаш и ќе дадеш забрана за деца, се дотогаш ќе одиш на трепки и ќе се уфилмуваш како тебе секој ден ти досадуваат деца, ти поливат кафе, ти бркат у око итн...
Има локали каде е забранет влез за малолетници, јас едноставно кога сум излезена со деца ги игнорирам. Прави го истото и ти, и сите среќни. Еве ти го Џино (иако немам појма шо локал е, предпоставувам за педери), има барови, казина, може и некој ресторант да се отвори немам мака јас со тоа, едноставно не ни помислувам да се борам и одам на трепки да влезам за инат таму, јас како родител нема ни да ми текне на такви места да одам, или на места каде се пуши. Ама на тебе ти смета во секој кафиќ, ресторант, автобус, авион, парк, кино, театар...а да направиме град за Пума слободно да се шета?
Искрено Пума ја имаш згрешено професијата (ако е точно наведена тука на форум) кај тебе ни куче не би донела на терапија, кога се околу тебе гледаш како број...
--- надополнето: 23 април 2013 во 08:59 ---
п.с.сега Мац ми објасни што локал е Џино, јас мислев за хомич/кафич се збори :pos: Така да извинување за сите кои го посетуваат локалот :icon_lol:
 
Во воведниот пост имам напишано околу меѓуградскиот, меѓудржавниот и прекуокеанскиот транспорт.
Проблем не е толку плачењето на детето, туку ,,кур ме боли,, ставот на родителите.

Коментарот е во насока дека очекувам таа жена со тоа дете барем да се извини за ситуацијата во која ги става сите останати патници. Можеби немала избор, океј е.

Пак ќе се повторам, не ме мрзи. :)
Во твојот коментар не стануваше збор за дете, туку за бебе во автобуски превоз на подолга релација. И повторно беше етикетирано како дебилизам.

И прости, ама покрај извинувањето да не треба мајката да оди и на баци-рака кај секој патник поединечно? И да ти каже извини, што тоа ќе ти промени, ако бебето и понатаму плаче? Не може да го смири, јебига, да не треба случајно да ви се клања и да ви бацува стапала, бидејќи бебето плачело? Тоа ли треба да направат родителите, за да немаат "кур ме боли" став?

Нејсе.
Како што веќе кажав, сите оние кои не се родители, можат само да претпоставуваат како е, а оние подрските и да се бунат околу тоа. Бидејќи не знаат што значи неконтролирано бебешко плачење со саати без особена причина, или грчеви во стомак, или болка при растење на запче, или затнат нос што пречи при дишење а со тоа и при спиење, или болка во уво, или едно чудо други мал милион ситуации кои се редовна појава кај бебињата. За кафани, ресторани, кина, театри, музеи се сложувам, ама некоја мајка со бебе, која можеби немала друг начин да патува, да биде етикетирана како дебилизам, е дебилизам само по себе.

А околу менување на пелени (бидејќи и околу тоа се коментираше), како мајка ќе кажам само едно. Газот на моето бебе е светиња. Пристојна сум до толку да се скријам и да сменам пелена, но ако немам избор (нема соодветно место, надвор кочан ладно или изгор лето, нема скриено ќоше и сл.) ама ич мува не ме лази за тие одоколу. Ни најмалку немам намера да ризикувам црвено газе или недајбоже инфекција, а другите слободно нека мрчат ако немаат попаметна работа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom