Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Хокинг изјавил дека Господ не бил потребен за создавање на светот и векот....уште ли не верува дека е поразен со болештиње за богохулието цел живот шо го прае?

....
Или, како што вели еден современ руски теолог и хирург: Бог казнува така, што на луѓето им допушта тешки болести не било како, туку точно на органите со кои пациентите ги соблазниле другите луѓе: кај Фројд, тоа е поганиот јазик и последиците од неговото мудрување, а кај Ленин, тоа е мозокот, кој изнедрил мал миљон лажни идеи, учења и заблуди за „убавата„ иднина.

Кога си дозволувате вака оф-топик да си возите до бескрај - морам ова да го напишам....
Како вака можете да си толкувате лични судбини? Еве јас да кажам дека ништо не сте ни виделе у животот, ни сте прочитале, имате затуцани сфаќања - а ниту ве знам, ниту ве познавам...

Кои фундаменталисти сте вие, човече....ако сте ова озбилни, тек вас каква казна ве чека :facepalm:
Фамилиите на милиони нацисти си живеат лепоти денеска, имаат супер средено здравство, почиста земја, живот со помалку нервози и ги живеат благодетите на трудот и залагањето на нивните родители и предци - тек ако почнам да ве прашувам како се сите тие „од Бога казнети“, кај ни е крајот - ама знам каков bullshit ќе прочитам....

На темава во изминативе речиси 400 страници имаше и повеќе од доволно докази, кој од страна на креационистите беа дочекани без ниеден единствен аргумент.
Разумните и рационалните од темава си отишле одамна....а и после муабетине за казните на Хогинг, Ленин и Фројд, добивам впечаток дека со личности од калибарот на Иван-исцелител бистриме вода...
 
Бактериите имаат 3 милиони, ние имаме 3 милијарди. Зошто амебите би се реплицирале во совршени копии а бактериите и луѓето не?

Пардон, треба да стои билиони. Значи 290 до 670 билиони копии наспроти 3.2 билиони кај луѓето.
 
Пардон, треба да стои билиони. Значи 290 до 670 билиони копии наспроти 3.2 билиони кај луѓето, што им овозможува на луѓето генетски диверзитет.
Сосема спротивно. Колку пермутации можеш да направиш со 3 милијарди, а колку со 670 милијарди? Кој геном дава поголем диверзитет, поголемиот или помалиот, и зошто?
 
Сосема спротивно. Колку пермутации можеш да направиш со 3 милијарди, а колку со 670 милијарди? Кој геном дава поголем диверзитет, поголемиот или помалиот, и зошто?

Кога веќе ме поправи, дали покомплексна генетска структура носи поголем диверзитет или помал?
 
Кога веќе ме поправи, дали покомплексна генетска структура носи поголем диверзитет или помал?
Прокариотска--колку покомплескна толку повеќе диверзитет.
Еукариотска--колку покомплексна, помалку диверзитет.
 

А бе како да не...

Методите на датирање се чисто човечка измислица, и сега, потребно е, прво и основно, да верувам во точноста од методата, истата таа метода да ја употребам, да добијам одреден резултат, и конечно, да верувам дека резултатот е точен, затоа што верувам дека методата е точна....:confused:
--- надополнето: 22 април 2013 во 14:16 ---
Radiocarbon dating?

Датирањето е човечко мерило а не впишан податок на телото од фосилот. Оние кои се доволно критични, укажуваат на ограничувањата и неточностите од сите методи на датирање и честите контрадикции од тие мерења.
--- надополнето: 22 април 2013 во 14:18 ---
Лага! Слободно прашај било кој лекар па ќе видиш дали е така или не, немора да се инаетиш со мене, оди и кажи му го ова на твојот матичен лекар.

Не се инаетам: сум одел по лекари, од „матичен„ до хирургија и никој не ми проповедал ТЕ...
 
А бе како да не...

Методите на датирање се чисто човечка измислица, и сега, потребно е, прво и основно, да верувам во точноста од методата, истата таа метода да ја употребам, да добијам одреден резултат, и конечно, да верувам дека резултатот е точен, затоа што верувам дека методата е точна....:confused:

Радиометријата се базира на споредба со веќе познати стапки на распаѓање. Нешто веќе измерено во лабораторија.
 
Лагата ти е пред очи - и се вика буквално толкување и слепа верба во нечие туѓо духовно искуство.
.

Да, верата може да биде слепа ако се работи за туѓи искуства, но не може да биде слепа врз своите искуства.
--- надополнето: 22 април 2013 во 14:20 ---
ТЕ е докажана и покажана и сакал ти или не, е се само не лага!

ТЕ не е докажана по никој основ, освен преку верата во нејзината бајковитост.
--- надополнето: 22 април 2013 во 14:21 ---
А ти кога нареден пат ќе имаш потреба од медицинска помош, успат прашај таму дали е можно знаењата и искуствата потребни за да се биде лекар да ја исклучуваат еволуцијата.

ТЕ е лага, не знам како може некој да стекне „искуства„ од лажење и да се впушти во лекување пациенти.
 
А бе како да не...

Методите на датирање се чисто човечка измислица, и сега, потребно е, прво и основно, да верувам во точноста од методата, истата таа метода да ја употребам, да добијам одреден резултат, и конечно, да верувам дека резултатот е точен, затоа што верувам дека методата е точна....:confused:
--- надополнето: 22 април 2013 во 14:16 ---


Датирањето е човечко мерило а не впишан податок на телото од фосилот. Оние кои се доволно критични, укажуваат на ограничувањата и неточностите од сите методи на датирање и честите контрадикции од тие мерења.

За разлика од непогрешивата Библија каде се е створено за 6 х 24 часа пред помалце од 10.000 години.

И мојата омилена приказна дека за недела - две сите животни од светот дошле до кај Ное (кенгурите препливале од Австралија, Лемурите од Мадагаскар, Јужноамериканските полжави веројатно фатиле чартер............)
Само бил мадафака па вратата ја направил малецка за да не ги собере диносаурисите.

Како може да дискутираме кога ти се што не се слага со Библијата автоматски го прогласуваш за неточно?

Не може да се датира до секунда али +/- 100 години не се страшни во милијарди.

ТЕ не е докажана по никој основ, освен преку верата во нејзината бајковитост.
[

Докажана е повеке пати и со експерименти кои можеш и сам да ги изведеш и нема да ти требаат повеке од 2-3 години.
 
Не може да се датира до секунда али +/- 100 години не се страшни во милијарди.

Се согласувам: +/- 100 не се страшни, само ако веруваш дека Вселената е стара 17 милј. год.
 
Радиометријата се базира на споредба со веќе познати стапки на распаѓање. Нешто веќе измерено во лабораторија.

Радиометријата, било која, со користење на било кој елемент, започнува со предрасуди, односно, започнува со максимално олеснети и олеснителни почетни услови, кои никој нит ги видел, нит може да потврди дека биле токму такви.

Методот Ц-14, на пример, предвидува униформно присуство на јаглерод во атмосферата, во текот од целото постоење на Земјава.
--- надополнето: 22 април 2013 во 14:27 ---

Цца 7500-8000 г., според Црквата, или цца до 10 000 г. според геолозите.
--- надополнето: 22 април 2013 во 14:28 ---
Докажана е повеке пати и со експерименти кои можеш и сам да ги изведеш и нема да ти требаат повеке од 2-3 години.

Ајде посочи ми, што и како можам сам да проверам, а да биде еволуција...
 
Цца 7500-8000 г., според Црквата, или цца 10 000 г. според геолозите.


Според геолозите? Кои се тие геолози? Кој научен труд ке го посочиш, научно прифатен нели?

Ајде посочи ми, што и како можам сам да проверам, а да биде еволуција...


http://myxo.css.msu.edu/ecoli/

А можеш и сам со следниов експеримент со Гупи рипчиња:
http://www.uib.no/rg/evofish/projects/experimental-evolution-in-guppies
http://www.sciencemag.org/content/337/6097/904
http://www.sciencedaily.com/releases/2009/06/090610185526.htm
 
Радиометријата, било која, со користење на било кој елемент, започнува со предрасуди, односно, започнува со максимално олеснети и олеснителни почетни услови, кои никој нит ги видел, нит може да потврди дека биле токму такви.

Ова е илјадити пат како доаѓаме на истото. Секоја дебата завршува со твое барање лично да се увериш дека одреден експеримент е валиден. Јас тоа не можам да ти го овозможам. Единствено е забавно како твојот биготизам за науката го етикетираш како скептицизам додека сопствената вера ја дефинираш како духовна логика.
 
Цца 7500-8000 г., според Црквата, или цца до 10 000 г. според геолозите.
Кои Геолози? Оној твојот љубеник Адвентистот уанаби доктор М.П.? И зошто црвеното и плавото не се исти?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom