Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Ај да бидам појасен: неговата состојба (атрофија на мускулните нерви или така нешто...) нема врска со неговото теоретизирање. Ако си ја читал неговата книга „Кратка историја за времето„, Хокинг јасно напоменува дека таа болест му се јавува на помлади години, ради која (болест) му предвиделе живот од уште неколку години а Хокинг е уште жив, односно, болеста му се јавува уште пред да ја оформи славната „голема експлозија„.

Од она кое ми е познато од веручението, вакви тешки болести се јавуваат само кај луѓе кои наталожиле тешки и неисповедани гревови од своите предци. Така, Хокинг го трпи она кое неговите предци го сториле, а за што не се покајале. Неговото Богохулно учење е капак на неговата болест, која со тек од време не се поправила, туку влошила.

За паралела, ќе ги наведам случаите со славниот Фројд и славниот Ленин, кои се познати по своите учења и омасовувањето од истите.

Фројд умира од рак на јазикот, така да болничката постела во која лежел, била место кое мирисално неподносливо непријатно, а Ленин умира така што не бил способен за сврзе 3 прости и разбирливи зборови.

Или, како што вели еден современ руски теолог и хирург: Бог казнува така, што на луѓето им допушта тешки болести не било како, туку точно на органите со кои пациентите ги соблазниле другите луѓе: кај Фројд, тоа е поганиот јазик и последиците од неговото мудрување, а кај Ленин, тоа е мозокот, кој изнедрил мал миљон лажни идеи, учења и заблуди за „убавата„ иднина.
Добро бе човек, ти способен ли си да сватиш едно просто прашање или не си?! Те прашав дали го оправдуваш тоа? Го поддржуваш? Го сметаш за исправно?
Значи еве по втор пат што те прашав:
П.С. Еве хипотетички да речеме дека неговата состојба навистина е казна поради неговите откритија...ти тоа го оправдуваш? Го поддржуваш? Го сметаш за исправно?
 
Христијанската догма (и исламот нормално) не се компатибилни со промената на универзумот (со тоа и човекот). Таму кај нив, се е постојаност, се мора да мирува инаку не важат „равенките“.

Не е точно дека според христијанството се е постојаност или дека се мора да мирува.
 
Не е точно дека според христијанството се е постојаност или дека се мора да мирува.
Тогаш зошто еволуцијата се смета за неспоива со христијанската теологија?
 
Добро бе човек, ти способен ли си да сватиш едно просто прашање или не си?! Те прашав дали го оправдуваш тоа? Го поддржуваш? Го сметаш за исправно?
Значи еве по втор пат што те прашав:

Не, не сум способен ниту повикан, па така, наместо јас да одредувам или досудувам за нечија болест, го изразувам ставот од Црквата по Твоето прашање. Ако дадам одговор, онака како што веројатно очекуваш, тоа би била „пука„ сентименталност, во стилот: „...за греота, што беља го снајде чоекот...„ но тој одговор нема ништо посуштинско и подлабоко во себе.

Она кое доаѓа од Бога, праведно е, иако за човечкото мудрување и проценување, може да биде и сурово.
 
Од она кое ми е познато од веручението, вакви тешки болести се јавуваат само кај луѓе кои наталожиле тешки и неисповедани гревови од своите предци. Така, Хокинг го трпи она кое неговите предци го сториле, а за што не се покајале.

Интересно. Не сум знаел дека тоа е гледиштето на православието по ова прашање.
Во христијанството е обратно. Христијанскиот Бог вели:

„Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност.“ (Езекиел 18:20, Библијата)
 
Тогаш зошто еволуцијата се смета за неспоива со христијанската теологија?

1. Затоа што христијанската теологија е на страната на научните факти, а не на страната на научната фантастика. Во Библијата јасно пишува дека Бог ги создал животните секој според својот вид, како што покажуваат и фосилите.

2. Зборот „Еволуцијата“ не е антоним (спротивност) на зборот „постојаност“. Ако нешто се менува или не е постојано, тоа не значи дека еволуира. Еволуцијата не значи ни развој, иако во нашиот речник често пати се зборува за „еволуција на компјутерите“, „еволуција на мислата“ и сл.
 
Не, не сум способен ниту повикан, па така, наместо јас да одредувам или досудувам за нечија болест, го изразувам ставот од Црквата по Твоето прашање. Ако дадам одговор, онака како што веројатно очекуваш, тоа би била „пука„ сентименталност, во стилот: „...за греота, што беља го снајде чоекот...„ но тој одговор нема ништо посуштинско и подлабоко во себе.

Она кое доаѓа од Бога, праведно е, иако за човечкото мудрување и проценување, може да биде и сурово.
Ако ти не се сметаш за способен ниту за повикан да споделиш твое лично мислење, што воопшто дискутираш на темава и воопшто на форумов?
 
Затоа што христијанската теологија е на страната на научните факти.


Кој мисловен скок, чоече!

Христијанската теологија (која, чија?..) мисловно ја спојуваш како поддршка за науките?! Па науките се до таа мера променливи што, се чини, Твојата/Вашата маалска теологоија треба да доживува повремени „лифтинзи„ во доктрината, онака како што се менуваат науките!
--- надополнето: 21 април 2013 во 00:36 ---
Ако ти не се сметаш за способен ниту за повикан да споделиш твое лично мислење, што воопшто дискутираш на темава и воопшто на форумов?

Моето лично мислење можам да го изнесам по куп дрги теми, како на пример: моите лични интереси, мојата професија и сл., а ставовите по прашањето на верата, не се мои приватни ставови.
 
1. Затоа што христијанската теологија е на страната на научните факти, а не на страната на научната фантастика. Во Библијата јасно пишува дека Бог ги создал животните секој според својот вид, како што покажуваат и фосилите.

2. Зборот „Еволуцијата“ не е антоним (спротивност) на зборот „постојаност“. Ако нешто се менува или не е постојано, тоа не значи дека еволуира. Еволуцијата не значи ни развој, иако во нашиот речник често пати се зборува за „еволуција на компјутерите“, „еволуција на мислата“ и сл.
Фосилите ја потврдуваат еволуцијата, така да тешко дека ќе можеш да ги користиш како аргумент за буквално толкување на библијата.
Точно дека еволуцијата не е спротивност на терминот постојаност, но не е точно дека ако нешто се менува, незначело дека еволуира.

На темава во изминативе речиси 400 страници имаше и повеќе од доволно докази, кој од страна на креационистите беа дочекани без ниеден единствен аргумент.
--- надополнето: 21 април 2013 во 00:41 ---
Моето лично мислење можам да го изнесам по куп дрги теми, како на пример: моите лични интереси, мојата професија и сл., а ставовите по прашањето на верата, не се мои приватни ставови.
И на кој начин оваа тема е поврзана со твојата професија, лични интереси и слично?
 
Мислиш, во Вашата маалска заедница е, како и обично, поинаку и спротвно од она во Црквата, така?...

Не, туку поинаку од минијатурната и светски непризнаена МПЦ - чие што учење речиси и нема допирни точки со Божјиот Збор, а во склад со големата Христова Црква која што своите верувања ги темели на Божјиот Збор.
 
Не, туку поинаку од минијатурната и светски непризнаена МПЦ.

Во однос на Вас, сме повеќебројни и не ни‘ треба реклама: доволно сме познати во Македонија, а и кај помесните сестрински Цркви.

Вие, колку сте на број? Сте се пребројале некогаш?
 
Фосилите ја потврдуваат еволуцијата, така да тешко дека ќе можеш да ги користиш како аргумент за буквално толкување на библијата.
Точно дека еволуцијата не е спротивност на терминот постојаност, но не е точно дека ако нешто се менува, незначело дека еволуира.

На темава во изминативе речиси 400 страници имаше и повеќе од доволно докази, кој од страна на креационистите беа дочекани без ниеден единствен аргумент.
--- надополнето: 21 април 2013 во 00:41 ---

И на кој начин оваа тема е поврзана со твојата професија, лични интереси и слично?

Јас баш спротивното го мислам, дека фосилите директно ја побиваат еволуцијата. Но ајде, секој истражувач може сам да си провери што вели фосилниот доказ и на оваа тема, и на светски релевантни сајтови. Со тебе се сложувам дека не се сложуваме :)
 
а во склад со големата Христова Црква.

Која е таа? Ќе направиш мисловен скок (пак!) и оп! Еве, веќе воспостави врска со големата Црква.
Ааааа, ми текна! Вие сте, практично, онаа раната Црква, така?...
 
Во однос на Вас, сме повеќебројни и не ни‘ треба реклама: доволно сме познато во Македонија, а и кај помесните сестрински Цркви.

Вие, колку сте на број? Сте се пребројале некогаш?

Да, во Македонија сте повеќебројни. Но популацијата на Македонија не е ни една петина од еден град како Лондон :) Во светот сте минијатурно малцинство, 0.0001%
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom