Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Па тогаш зошто им ја доверуваш?! Нели ТЕ е лага? А лекарот неможе да стане лекар, ако во своето образование не вклучил сознанија од таа "Лага"!
Значи лага е, ама кога ќе ти згусне, сепак одиш да ти помогне некој кој своите методи ги базирал на неа?!

Да, ТЕ е опасна лага и тоа како! Глупаво е дури да и помислам дека лекарот, кој се образувал и со ТЕ, покрај другите предмети, ќе стане подобар лекар ако учел и ТЕ, односно ќе стане полош лекар ако не учел ТЕ.
А веќе Ти посочив дека Црквата изобилува со лекари-Светии, кои имаа дар од Бога да бидат исцелители, а кои не учеа ТЕ или било која друга лага, а пак беа лекари. И дене-денес има лекари, кои се воедно и свештеници и богослови, а некои станаа и Свети, на кои ТЕ уопште не влијаела.

Према томе, лекар не се станува со лага, оти на лагата и‘ се кратки нозете.

И да, секако дека пак ќе одам на лекар, иако мојата доверба во таа фела постојано опаѓа од лошите искуства кои ги имам од нив, а моето одење на лекар нема врска со ТЕ.

Ниту еден лекар не ги базира медицинските методи на ТЕ. Како ќе базираш метода врз „нешто„ кое не постои?...Кога одам на лекар, мојот лекар не ми проповеда бајки за ТЕ, туку врши дијагноза, анамнеза и препишува терапија, после која следи контрола. Шо везе има то со ТЕ?
 
Ај да објаснам подлабоко, за ракот пошо глеам дека го спомнавте. Во поголем дел од историјата на земјата, животот бил исклучително едноклеточен. Фотосинтеза довела до загадување на земјината атмосфера со кислород што ги приморало овие организми да еволуираат стратегии за борба против токсините. Размножувањето на овие организми било сведено на вечно ctrl+v, ergo во тој поглед правејќи ги "бесмртни". Една од овие стратегии било користење на кислородот како извор на енергија, што придонело до појава на повеќеклеточни организми. Нивното размножување тече сосем различно од вообичаеното copy-paste кај едноклеточните организми, тоест со помош на сперматозоиди и јајце клетки. Клетките кај повеќеклеточните организми за разлика од едноклеточните животот го завршуваат со апоптоза за разлика од "бесмртните" едноклеточни организми. Малигните клетки ја оневозможуваат апоптозата на клетките и овозможуваат неконтролирано размножување на истите, формирајќи тумори како што вршат пренаселување. Теоријата всушност зборува за регресија на антички карактеристики кај организмите што е пример и во други области.

Еве и линк4е
 
Они не се бунтутваат против еволуцијата, туку против обидот да преку еволуцијата го докажете непостоењето на нивниот Бог. Капираш?

Аргументите против едното, никако не го потврдувата другото. Нели?
Едноставно, таквите аргументи ќе остават секому јасно на знаење, да здобие сам претстава како да ја смета ТЕ, а како Библискиот концепт.
Точно и за првото и последното (y)
Само што јас не сметам дека науката или било која теорија има за цел докажување на некакво непостоење или постоење на било какво божество.
Затоа и имаме научници кои се верници, имаме и научници кои се атеисти... или пак ако ти е подобро: имаме верници кои се научници и би било лудо ако преку науката се обидуваат да докажат дека концептот „бог“ постои или не постои...

Тука може да има обиди помеѓу форумџии да си докажуваат постоење-непостоење на било каков бог со било какви теории и научни докажувања... ти велам забавно е и ништо не се менува во секој случај :)

Може и некои познати луѓе на денешнината да се обидуваат со научни теории да докажуваат непостоење на било што, или пак религиозни преставници кои ќе докажуваат како тоа не е точно бидејќи тие веруваат во она во што веруваат и дека тие теории се лага... Ама и тоа не менува било што се додека теоријата не стане факт. Науката истражува, толку... сето друго се муабети што би било кога би било... интересно е :)
 
Ааааа, ‘воа е некоја тазе дефиниција за еволуцијата, така? :unsure:

А кај се преодните видови во таа наследна променливост? Како се појавува „она„ кое наредната генерација го „има„ а претходната генерација „го нема„?
И како се вклопува смртта во оваа нова дефиниција?

Ако живееше на Марс последниве 200 години ондак би требало да ти биде тазе. Објаснувањето за смртта ти е дадено погоре во мојот претходен пост(Види пост #6031), преодните видови си се таму а она што во наредната генерација го нема а во претходната го има се нарекува еволуција.
 
Ако живееше на Марс последниве 200 години ондак би требало да ти биде тазе. Објаснувањето за смртта ти е дадено погоре во мојот претходен пост, преодните видови си се таму а она што во наредната генерација го нема а во претходната го има се нарекува еволуција.

Благодарам за Вашиот исцрпен одговор...
 
Ај да објаснам подлабоко, за ракот пошо глеам дека го спомнавте. Во поголем дел од историјата на земјата, животот бил исклучително едноклеточен. Фотосинтеза довела до загадување на земјината атмосфера со кислород што ги приморало овие организми да еволуираат стратегии за борба против токсините. Размножувањето на овие организми било сведено на вечно ctrl+v, ergo во тој поглед правејќи ги "бесмртни". Една од овие стратегии било користење на кислородот како извор на енергија, што придонело до појава на повеќеклеточни организми. Нивното размножување тече сосем различно од вообичаеното copy-paste кај едноклеточните организми, тоест со помош на сперматозоиди и јајце клетки. Клетките кај повеќеклеточните организми за разлика од едноклеточните животот го завршуваат со апоптоза за разлика од "бесмртните" едноклеточни организми. Малигните клетки ја оневозможуваат апоптозата на клетките и овозможуваат неконтролирано размножување на истите, формирајќи тумори како што вршат пренаселување. Теоријата всушност зборува за регресија на антички карактеристики кај организмите што е пример и во други области.

Еве и линк4е
Потполно неточно. Прокариотските организми биле смртни како и сите други, и го менувале генетскиот материјал многу повеќе отколку еукариотите, така да биле далеку од копи пејст. Првите повеќеклеточни организми немале механизми на апоптоза, напторив, се делеле со отцепување на група клетки од матичното јадро, како на пример кога квасец ќе поделиш на две групи и двете стануваат сопствени колонии. Размножување со гамети се појавило мнооооогу подоцна, и прашање е дали дури и тогаш постоела апоптозата. Апоптозата се развила дури кога се појавиле јасно дефинирани ткива, минимум како оние кај сунѓерите или примитивните црви.
 
Исто така е убаво да ти напоменам дека терминот преодни видови е coined од твоја страна додека во светот се користи преодни фосили.
http://en.wikipedia.org/wiki/Transitional_fossil

Какви црни преодни фосили...Фосилите се остатоци од битија кои денес не постојат а кои се фосилизирале со нивно нагло затрупување во тлото и со распад на телото без присуство на кислород.

Фосилите на себе немаат впишан датум од нивното создавање, така да прашање е на вера и на субјективна проценка кога навистина се фосилизирале.
 
Точно и за првото и последното (y)
Само што јас не сметам дека науката или било која теорија има за цел докажување на некакво непостоење или постоење на било какво божество.
Затоа и имаме научници кои се верници, имаме и научници кои се атеисти... или пак ако ти е подобро: имаме верници кои се научници и би било лудо ако преку науката се обидуваат да докажат дека концептот „бог“ постои или не постои...

Тука може да има обиди помеѓу форумџии да си докажуваат постоење-непостоење на било каков бог со било какви теории и научни докажувања... ти велам забавно е и ништо не се менува во секој случај :)

Може и некои познати луѓе на денешнината да се обидуваат со научни теории да докажуваат непостоење на било што, или пак религиозни преставници кои ќе докажуваат како тоа не е точно бидејќи тие веруваат во она во што веруваат и дека тие теории се лага... Ама и тоа не менува било што се додека теоријата не стане факт. Науката истражува, толку... сето друго се муабети што би било кога би било... интересно е :)


Па фала богу.

Ама гледам туку обиди да ја поттурнат медицината во својство да се докажува ТЕ, а преку тоа непостоење на нечие божество.
 
Да, ТЕ е опасна лага и тоа како! Глупаво е дури да и помислам дека лекарот, кој се образувал и со ТЕ, покрај другите предмети, ќе стане подобар лекар ако учел и ТЕ, односно ќе стане полош лекар ако не учел ТЕ.
А веќе Ти посочив дека Црквата изобилува со лекари-Светии, кои имаа дар од Бога да бидат исцелители, а кои не учеа ТЕ или било која друга лага, а пак беа лекари. И дене-денес има лекари, кои се воедно и свештеници и богослови, а некои станаа и Свети, на кои ТЕ уопште не влијаела.

Према томе, лекар не се станува со лага, оти на лагата и‘ се кратки нозете.
Лагата ти е пред очи - и се вика буквално толкување и слепа верба во нечие туѓо духовно искуство.
ТЕ е докажана и покажана и сакал ти или не, е се само не лага! А ти кога нареден пат ќе имаш потреба од медицинска помош, успат прашај таму дали е можно знаењата и искуствата потребни за да се биде лекар да ја исклучуваат еволуцијата. Па ќе видиш дека итекако на лагата и се кратки нозете.
Ниту еден лекар не ги базира медицинските методи на ТЕ. Како ќе базираш метода врз „нешто„ кое не постои?...Кога одам на лекар, мојот лекар не ми проповеда бајки за ТЕ, туку врши дијагноза, анамнеза и препишува терапија, после која следи контрола. Шо везе има то со ТЕ?
Лага! Слободно прашај било кој лекар па ќе видиш дали е така или не, немора да се инаетиш со мене, оди и кажи му го ова на твојот матичен лекар.
 
Па фала богу.

Ама гледам туку обиди да ја поттурнат медицината во својство да се докажува ТЕ, а преку тоа непостоење на нечие божество.
Е добро де, заземи си и ти страна или шетај помеѓу двете страни - зависи како ти дојде, што мислиш да напишеш и уживај...
400 страни испишани - јас лично не видов ниту некој бог да е спознаен, ниту пак некој бог да е негиран, ниту некаква теорија да е потврдена ниту пак побиена...
Така да не мислам никој дека ќе докаже било што...

Само треба да се сложиме околу едно и доста е!
КРЕАЦИОНИЗМОТ И ЕВОЛУЦИОНИЗМОТ ИМААТ ЕДНО ЗАЕДНИЧКО НЕШТО: БЕЗВРЕМЕНОСТА! БЕСКОНЕЧНОСТА! :)
Така да човекот... што ќе докажувам, што ќе негира?

Битно е да дружиме - та саде негативни расправии ли? :)
 
Потполно неточно. Прокариотските организми биле смртни како и сите други, и го менувале генетскиот материјал многу повеќе отколку еукариотите, така да биле далеку од копи пејст. Првите повеќеклеточни организми немале механизми на апоптоза, напторив, се делеле со отцепување на група клетки од матичното јадро, како на пример кога квасец ќе поделиш на две групи и двете стануваат сопствени колонии. Размножување со гамети се појавило мнооооогу подоцна, и прашање е дали дури и тогаш постоела апоптозата. Апоптозата се развила дури кога се појавиле јасно дефинирани ткива, минимум како оние кај сунѓерите или примитивните црви.

1. "бесмртни" не бесмртни.
2. Разни видови на амебите имаат од 290 милиони до 670 милиони парови на бази во геномот што ги прави more likely да се репродуцираат со скоро совршени копии.
3. Нигде не напишав кога прв пат се појавува апоптоза како механизам кај повеќеклеточни организми.
 
Фосилите на себе немаат впишан датум од нивното создавање, така да прашање е на вера и на субјективна проценка кога навистина се фосилизирале.

Radiocarbon dating?
 
Какви црни преодни фосили...Фосилите се остатоци од битија кои денес не постојат а кои се фосилизирале со нивно нагло затрупување во тлото и со распад на телото без присуство на кислород.

Фосилите на себе немаат впишан датум од нивното создавање, така да прашање е на вера и на субјективна проценка кога навистина се фосилизирале.

Да, имаат впишано.
http://en.wikipedia.org/wiki/Radiometric_dating
 
2. Разни видови на амебите имаат од 290 милиони до 670 милиони парови на бази во геномот што ги прави more likely да се репродуцираат со скоро совршени копии.
Бактериите имаат 3 милиони, ние имаме 3 милијарди. Зошто амебите би се реплицирале во совршени копии а бактериите и луѓето не?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom