Постов ке е долг кој планира нека чита кој не Fuck off , Бестселер можам да извадам за вчерашниот натпревар со оглед на револтот ради Манчио...
Немав нет цела вечер , незнам кој како што напишал , кој како провоцирал и тн и тн али ја ќе дадам едно мое резиме за вчерашниот ден.
1 . What goes around it comes around , колку и да не беше стартот на Матераци за црвен , едноставно мораше како бумеранг да ни се вратат одлуките на судиите од Калчото , штета што мораше баш на натпреварот со Ливерпул , али , не го обвинувам ни Матераци ни Судијата .
2. Реков јас , кој високо лета ниско паѓа , тоа не важи само за некои фанови на Интер на форумов , јасно ми е , и ја сум поминувал таков период , пред Се истото важи за Манчини .
Човекот себеси а и самоиот Интер ПРЕМНОГУ се прецени и премногу истиот тим го преценува .
Почнувам од составот што го вади на Терен .
Прва грешка , а тоа мн пати го имам мелено на форумов , Киву лев бек , МАКСВЕЛ лево крило . Да сум ретардиран тоа не би го направил , Киву и во Ајакс и во Рома и во Романија игра и играл централен бек ( а на истото место го имаат Кордоба ) ,значи цела своја кариера, така да неможе Манчини да се надева дека некој што цел ебан живот игра на централна позиција ке се снајде на комплексна позиција како што е лев бек во одбраната , позицијата бара пред СЕ искуство а тоа Киву го нема за истата . И ете го почетокот , Киву губи неколку дуели на левата позиција , Жерард го праи сарма , и у 8ма минута жут картон .
Максвел во средина , WTF , немаше ниту еден допир со топката , што е и нормално , типот незнае во средина , едноставно не се снаоѓа што е и мн нормално , лев бек у средина нормален човек не би играл , не е ни Ризик истото , фатална Грешка пред Се е ,значи од старт имаме играч мање на средина со Максвел и слаба лева страна со Киву.
Од која страна преферираа Ливерпул цело време, да нивната десна , значи за Интер левата , измеѓу редови читајте , а имено , таму ке најдете , Манчини премногу си предвидлив !!!!
E сеа многумина ке викаат ради црвениот Интер изгубија . НЕ , без оглед што со играч мање и неможеш да очекуваш позитивен резултат , јас бев убеден дека и да игравме со 11 играчи имаше да го јадеме , т.е. давав своја прогноза на 1-0 . Зошто го велам истото , Матераци беше исклучен во 30тата минута , дали ја гледавте играта т.е. '' играта '' на Интер до тие моменти , 30 минути имаа посед од 30 % и ниеден шут кон голот на Ливерпул . Зошто реков дека поубаво е Суазо да го почне натпреварот , Круз е премногу статичен , неможе во вакви натпревари , Ибра неможеше топка да смири , едноставно ја игравме онаа игра карактеристична за Интер , средината кој ја ебе , ке ја префрламе , гледате колку фали една врска средина - напад .
Втора грешка на Манчини , Матераци го исклучуваат , типов продолжува со Круз во средината , со Максвел лев бек и со Киву нормално на местото на Матераци . WTF !!! . Доаѓа второ полувреме го вади Круз го става Виеира . Грешката во ситуацијава е следнава ,Виеира нема играно цела сезона ( дали го приметивте кога не беше топката кај него дека типот воопшто не трчаше , не се замараше , делуваше ко да џогира и се загрева а игра на позиција на која треба да се остаи на физички план ) , висок е , а во одбраната ги имаме Киву и Кордоба ( метар и желба за растење се и двајцата ) а Крауч веќе се планира за влегување , така да доколку веќе влегува Виеира , требаше да се преиначи во одбраната како централен играч , иако не е својствена позицијава за него , Манчини тука немаше избор , Киву со тоа нека идеше у средината ( сезонава неколку пати добро се снајде на таа позиција ) . Со Виеира имавме играч мање во средината поради неговата статичност , неборбеност и незаинтересираност во случајите кога топката не беше во негов посед .
Трета Грешка Кој кур не го извади Станкович , вчера Станкович ја изигра може и најслаБата партија во својата кариера , еве да не претерувам , најслабата во Тимот на Интер . Беше катасрофален , не сврза едно асално подавање , изгуби 100 топки во средина , требаше Суазо да влезе на неговото место , и со оглед на неговата брзина некако да се најдеше некаква врска Средина - Ибра со оглед дека немаме ни полушпиц и не плеј кој би се снашол на позиција полушпиц ( Кака , Менез ) .
И не го обвинувам Ибра за неговата лоша игра , нападот многу зависи од средината , а во средината имаш од старт лев бек ( Максвел ) , Камбиа ( DMC ) , Занети ( поранешен десен бек ) , Станкович ( кој е катастрофален по враќањето од повредата ) и во нападот уште еден Статикус , што очекувавте овој пат од нив двајца , Индивидуализам , Среќа , реков јас тој пристап дека е погрешени и кога тогаш ке не спушни на Земја , т.е. ке (ве,дел од вас )ги спушти , јас ова го очекував постови и постови уназад.
Maнчини ја усра кога најмногу требаше да се докаже , сега на реваншот треба да дадеме 3 гола а да не примиме ниеден , што мислам дека е невозможно кога е во прашање Интер . Ова го велам поради тоа што претпоставувам дека Манчио ке го почне натпреварот со Круз - Ибра - Суазо во нападот , слилно ако ви текнува го почна и против Милан во Лигата на Шампионите пред неколку сезони и одма примија гол , поентата ми е дека Интер е ненавикнат да игра напаѓачки Фудбал ( за жал ) така да изводливо е да дадеме 2-3 гола али мн тепко дека нема да примиме ниеден .
Доколку паднеме и оваа сезона во Лига на Шампиони моја претпоставка е дека Манчио ке добие отказ на крајот од сезоната , зема огромна плата а катастрофално се покажува онаму каде Морати и цели , а тоа е освојување на Лигата на Шампионите , така да после вториот дуел со Ливерпу ( ако испаднат Интер ) , ке почнат повторно оние шпекулации за Мурињо за кого цел живот сум посаквуал да го видам како тренер на Интер , преферира 4-3-3 формација , преферира плеј во средина и преферира игра на крилните позиции пред Се со Бековите кои Интер ги има во Максвел и Маикон .
* Грешката е направена пред сезоната , 30 милиони за играч кој игра на иста позиција со Кордоба кој вчера беше Man of the Match , така да еве уште еден промашен трансфер на Морати ( нека ви текне колку пати Киву се појави на теренот оваа сезона ), за тие пари или Диего а за пола од истите Менез .
И да збориме реално , немаме тим кој би конкурирал во Лигата на Шампионите оваа сезона , јас се надевам за победа на наредниот со Ливерпул али Манчини прави очигледни грешки , сеуште не е дораснат за ова натпреварување ( Милан , Виљареал , Валенсија , сега и Ливерпул 80% ) , плус со таков состав да започат против еден Манчестер или Барса ( нека ви текне на почеток на сезона 5-0 ) кои преферираат брз и пред Се напаѓачки фудбал имаше да го јадат дебело .