Најпрвин,како што кажаа повеќето тука,треба да поработиш на самодовербата,да си го дигнеш егото,што знам дека не е лесно,кога имаш ТИ самиот вакво мислење за себеси. Тоа што си имал 50 60 корпи,нека не те депресира,тоа било и прошло,гледај за сега и за понатаму.
Физички како што видов на сликите си супер дечко,познавам многу кои не се ни да ги погледнеш,а имаат девојки,така да,изгледот никако не е пресуден,а најмалце за твоите години.Девојка која знае што сака и која е повозрасна,сигурно нема изгледот да и е на прво место,но други работи,така да тоа воопшто не е проблем.Но,комуникациските вештини порано или покасно треба да ги усовршиш,ништо не добиваш ако се пресечеш во женско друштво,само губиш.
Ако не можеш еден обичен муабет да направиш,како ќе и се допаднеш на девојката?? Значи вежбај да бидеш опуштен,направи го тоа првин со некои блиски другарки,опушти се со нив прво,и со некои братучетки на другарите,комшивки..... така сл. и потоа пробај со некоја друга.Така би било полесно според мене.
Смислата за хумор е многу битна,за мене лично пример а и за многу мои другарки и пријателки.Дечко кој неможе да ме насмее,едноставно не е тоа тоа.Пробај да биде интересно,некои бош муабети кои ни се на сите познати, и за кои сите би се смееле,нешто заедничко за градот во кој живеете...има многу примери за да се заинтересира таа за тебе.
И што е најбитно, таа да се осеќа дека треба да го заслужи твоето внимание.Лично јас,сакам момци со самодоверба,не да се прават дека се над мене или нешто,но да се види дека има свое ЈАС и карактер.Тоа е доста привлечно.
Се надевам дека нешто од овие совети ке помогне
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)