Апостолите не станале свештеници. Ниту самите се нарекувале така, ниту другите ги нарекувале така. Напротив, еве на пример апостол Петар (кој бил сметам за еден од столбовите на Црквата), вели за него вака:
„Старешините меѓу вас ги повикувам јас, кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања “ (1 Петрово 5:1, Библијата)
Значи во Црквата се спомнати апостоли, учители, епископи, старешини, ѓакони, евангелисти итн. но никаде не се спомнати мистериозните „свештеници“, кои многу подоцна одредени самонаречени „цркви“ си ги измислиле за полесно манипулација со народот, за да можат полесно да го дерат и држат во страв и суеверие.
Да, и за да можат полесно и подобро да бидат организирани во таа нивна таканаречена „хиерархиска поставеност“’