Прашање за Христијанството III

Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
Докази?
Во верата бараш докази?...:confused:

Еден од доказите е: православната Црква опстана на изворното учење Христово и Апостолско: тоа е еден вид објективен доказ.

За точноста од вероиспоеста и нејзиното учење, потребен е и личен доказ, кој се однесува на духовниот опит: верата се докажува пред се‘ преку себе и преку духовниот опит, а не со просто цитирање библиски стихови.

Патем кажано Светото Писмо го имам во ПДФ и ВОРД формат и лесно можам да најдам било кој стих од истото, но тоа не ми е целта: јас не „докажувам„ со „библиски цитати„.
Според писмото до Евреито кое го напишал апостол Павле, во Евр. 11:1 пишува дефиниција за ’Вера’. Тамо вели дека верата е цврста увереност дека ќе се случи она на кое се надеваш, нешто што не го гледаш. Еве ти убеди ме дека тоа е вистината. Кој е тој духовен опит? како може да се испитам дали верувам?! :S
Епа како подруго ќе докажеш ако не со стихови од библијата бе? На што го темелиш своето верување?? на тоа што ќе ти каже попот? Или па може не ја познаваш доволно библијата за својата вера да ја темелиш на библијата?
 
W

Werther

Гостин
Кои се потребите од верниците?...
Живо ме „занима„, пош‘о не ги знам....:)
За верниците поима немам Микица, али за црквата одма можам да ти кажам.

И покрај тоа што сте ослободени од сите даноци, секогаш ви требаат уште малку повеќе ПАРИ !
 
Член од
16 април 2013
Мислења
44
Поени од реакции
12
Кои се потребите од верниците?...
Живо ме „занима„, пош‘о не ги знам....:)
Па ја мислев дека си длабок верник со широќи познавања.... и во пс- то тио пишува така...
Кои се потребите?? Да им овозможат вистинска надеж, смисла (религиозна) во животот, да им озвозможат вистински однос со бог, да им ги кажат сите оние работи што толку добро и умешно ги прикриваат ради задржување на нивниот број.... Имаш да ддадеш некоја?
--- надополнето: 18 април 2013 во 16:03 ---
кај е семоќноста на бог ако се дешаваат работи против негова воља??
Не негирам дека тој е семоќен, ако конторлираше се, од кај ке можеа да се видат оние кои вистински ја покажуваат својата вера преку дела? Ќе немавме искуженија, испити на верата, и ќе ги немавме сите оние ситуации во кои што ние ја покажуваме нашата вера преку дела во Бог....
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
MIKI1, ич не си ми јасен. Прво велиш дека:

А потоа велиш дека:

Ако Црквата е само онаа која остана доследна на учењето Христово и Апостолско, тогаш како може да има свештеници во неа, кога добро се знае дека во Новозаветната црква немало свештеници и дека Исус е наречен вечен Првосвештеник и Свештеник чие свештенство не може да премине на друг човек (Посланието на Евреите, Библијата).
Чорба,

ај не се прај мутав...

На Педесетница, Духот Свет слезе врз Апостолите, така? Со тој чин, Апостолите станаа првите свештеници! Патем кажано, Христос токму на Апостолите им одреди да одат, поучуваат и крштеваат по сите народи, а не на било кого! Христос само на Апостолите им го откри своето знаење, а не на Пилата или Ирода!

Откако Св. АП. Петар покрсти 3-5 000 евреи во рисјани, со тој чин беше створен вториот дел од Црквата, односно верниците, така?

Прв епископ ерусалимски беше Јаков, братот Господов, а не некој од тазе покрстените евреи, така?
Апостолите беа тие кои проповедаа и формираа нови црковни заедници, а не некој од „обичните„ верници, така? Апостолите пишуваа посланици до ново формираните Цркви, а не обичните верници, така?

Што е тука нејасно? Нема „логика„?
--- надополнето: 18 април 2013 во 16:08 ---
Па ја мислев дека си длабок верник со широќи познавања....
Не, ја‘ сум беда од верник па затоа прашувам на форумов...:icon_lol:
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
кај е семоќноста на бог ако се дешаваат работи против негова воља??
Оф Леле празноверни.Ако Бог го уништи злото ќе треба да ги уништи и злобните луѓе и целиот светот.Нели сите сме пропуштени на сопствена воња не го ли разбра тоа.
Уште Адам кога беше исфрлен од рајот со паднатите ангели кој постанаа демони започна постоењето на светот со погрешенија.И еве до ден денес го наследуваме тој негов грев и страдание.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кои се потребите?? Да им овозможат вистинска надеж, смисла (религиозна) во животот, да им озвозможат вистински однос со бог, да им ги кажат сите оние работи што толку добро и умешно ги прикриваат ради задржување на нивниот број.... Имаш да ддадеш некоја?
Имам: да ми го наведеш начинот на кој треба да го сторам она кое си го набројала...:D
 
Член од
16 април 2013
Мислења
44
Поени од реакции
12
Чорба,

ај не се прај мутав...

На Педесетница, Духот Свет слезе врз Апостолите, така? Со тој чин, Апостолите станаа првите свештеници! Патем кажано, Христос токму на Апостолите им одреди да одат, поучуваат и крштеваат по сите народи, а не на било кого! Христос само на Апостолите им го откри своето знаење, а не на Пилата или Ирода!

Откако Св. АП. Петар покрсти 3-5 000 евреи во рисјани, со тој чин беше створен вториот дел од Црквата, односно верниците, така?

Прв епископ ерусалимски беше Јаков, братот Господов, а не некој од тазе покрстените евреи, така?
Апостолите беа тие кои проповедаа и формираа нови црковни заедници, а не некој од „обичните„ верници, така? Апостолите пишуваа посланици до ново формираните Цркви, а не обичните верници, така?

Што е тука нејасно? Нема „логика„?
--- надополнето: 18 април 2013 во 16:08 ---

Не, ја‘ сум беда од верник па затоа прашувам на форумов...:icon_lol:
I don't think so dude, и не глумирај молим ти се ;)
--- надополнето: 18 април 2013 во 16:12 ---
Имам: да ми го наведеш начинот на кој треба да го сторам она кое си го набројала...:D
А ти шо си? Поп да не си? Јас ти зборам верските водачи треба да им ги задоволат потребите на верниците кои тие ги предводат, ако тие си се сметаат себеси за некои „водачи“...
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Ова е револтот кон Православните свештеници кој земаат пари од луѓето за крштевки,свадби,умирачки.Зимаат зашто тоа им е работа и црквата си има свои трошоци околу тоа.Поповите се луѓе кој се меѓу нас и не упатуваат кон правилна вероисповест.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За верниците поима немам Микица, али за црквата одма можам да ти кажам.

И покрај тоа што сте ослободени од сите даноци, секогаш ви требаат уште малку повеќе ПАРИ !
Wether,

штом кај Црквата забележуваш само пари, то значит дека у Твој‘та гла‘а саде пари се вртат...:sneaky:
 
W

Werther

Гостин
Wether,

штом кај Црквата забележуваш само пари, то значит дека у Твој‘та гла‘а саде пари се вртат...:sneaky:
Значи Микица, значи.

Но Мики јас не се заветив на живот лишен од овоземните задоволства, тие што те праќаат да оправаш криви-дрини на форумов токму тоа го направија.

;)
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
Ова е револтот кон Православните свештеници кој земаат пари од луѓето за крштевки,свадби,умирачки.Зимаат зашто тоа им е работа и црквата си има свои трошоци околу тоа.Поповите се луѓе кој се меѓу нас и не упатуваат кон правилна вероисповест.
Поповите права СЕ освен да ги упатуваат верниците на правилна вероисповест. Тие им наметнуваат на луѓето учења, празници и обичаи за од една страна да ги држат покорни, а од друга страна да си го полнат џебот. Во Јован 8:32 Исус рекол дека „ќе ја запознаете вистината и вистината ќе ве ослободи“. Значи ако станува збор за црквата како 'вистина', тогаш Исус згрешил кога ја дал таа изјава. Чекај, не беше Исус совршен? Нели совршен човек не греши? аххх да, значи 'црквата и поповите' не ја кажуваат вистината. ;)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорба,

ај не се прај мутав...

На Педесетница, Духот Свет слезе врз Апостолите, така? Со тој чин, Апостолите станаа првите свештеници!
Апостолите не станале свештеници. Ниту самите се нарекувале така, ниту другите ги нарекувале така. Напротив, еве на пример апостол Петар (кој бил сметам за еден од столбовите на Црквата), вели за него вака:

„Старешините меѓу вас ги повикувам јас, кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања “ (1 Петрово 5:1, Библијата)

Значи во Црквата се спомнати апостоли, учители, епископи, старешини, ѓакони, евангелисти итн. но никаде не се спомнати мистериозните „свештеници“, кои многу подоцна одредени самонаречени „цркви“ си ги измислиле за полесно манипулација со народот, за да можат полесно да го дерат и држат во страв и суеверие.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ова е револтот кон Православните свештеници кој земаат пари од луѓето за крштевки,свадби,умирачки.Зимаат зашто тоа им е работа и црквата си има свои трошоци околу тоа.Поповите се луѓе кој се меѓу нас и не упатуваат кон правилна вероисповест.
mountain,

во Стариот Завет, племето „левити„ беше од Бога одредено да биде единственото племе еврејско, кое ќе нема имот,.а ќе ги дава еврејските свештеници, кои ќе живеат од еврејскиот „десеток„,односно од имотот од евреите, кој е е исплаќан како данок за свештениците.

Слична е положбата од свештенството: тоа (свештенството) не смее да има друга дејност од која ќе живее, освен својата од Бога повикана служба во Црквата и неговата обврска кон верните.

Имам разбирање за револтот кој се јавува кај луѓето по однос на тарифите кои ги има одредено Црквата, но да бидеме реални: колку пати во животот плаќаме за крштевка или венчавка или погреб, а колку пати месечно ста‘аме бензин во колите?...
--- надополнето: 18 април 2013 во 16:27 ---
Апостолите не станале свештеници.
Во ред: еве, не станале! И сега? Што станале, ако не станале свештеници?...

Кој ги покрсти оние 3-5 000 евреи? Самите себе?
--- надополнето: 18 април 2013 во 16:30 ---
Поповите права СЕ освен да ги упатуваат верниците на правилна вероисповест. Тие им наметнуваат на луѓето учења, празници и обичаи за од една страна да ги држат покорни, а од друга страна да си го полнат џебот. Во Јован 8:32 Исус рекол дека „ќе ја запознаете вистината и вистината ќе ве ослободи“. Значи ако станува збор за црквата како 'вистина', тогаш Исус згрешил кога ја дал таа изјава. Чекај, не беше Исус совршен? Нели совршен човек не греши? аххх да, значи 'црквата и поповите' не ја кажуваат вистината. ;)
Андреј,

муабетот со самиот себе се нарекува „монолог„.
 
Парите што се оставаат на икони не се воведени од црквата туку од народот самиот народ тоа го вовел и го прави со цел помош за црквата.Од кој некој од алчните свештеници го злоупотребуваат тоа.Кој Поглаварот мака мачи да го спречи тоа знаеш ли колку попови се распопени поради тоа.Дали си посетил барем една литургија. па да видиш дали го одвраќаат народот.и што се кажува во неа.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
mountain,

во Стариот Завет, племето „левити„ беше од Бога одредено да биде единственото племе еврејско, кое ќе нема имот,.а ќе ги дава еврејските свештеници, кои ќе живеат од еврејскиот „десеток„,односно од имотот од евреите, кој е е исплаќан како данок за свештениците.

Слична е положбата од свештенството: тоа (свештенството) не смее да има друга дејност од која ќе живее, освен својата од Бога повикана служба во Црквата и неговата обврска кон верните.

Имам разбирање за револтот кој се јавува кај луѓето по однос на тарифите кои ги има одредено Црквата, но да бидеме реални: колку пати во животот плаќаме за крштевка или венчавка или погреб, а колку пати месечно ста‘аме бензин во колите?...
Дали си ти свесен за поврзаноста на стариот со новиот завет???? Во стариот завет се пишува малце за историјата на народот, мада не е книга по историја, и се навестува доаѓањето на Месијата. Кога дошол Исус на земјата и ги исполнил сите пророштва кои се запишани во стариот завет, стариот завет веќе не важи. Тогаш Исус го воспоставил новиот сојуз според кој треба да се држиме. Со тоа што стариот завет не важи не значи дека не е од никаква важност за нас. Од тамо може да го запознаеме повеќе Бог, како тој постапувал во одредени ситуации, какви особини има, како го спасувал својот народ во невоља итн. Со тоа станува поблиски со Бог. Исто така може да ја споредиме вистинитоста на пророштвата запишани во стариот завет со тоа како се исполниле во Исусово време. Со тоа ќе стекнеме вера дека и тие неколку пророштва кои се запишани а не се исполнети, дека со сигурност ќе се исполнат во блиска иднина.
Кога веќе ги спомна, Левитите живееле со десетток од народот. Тоа им било доволно за да имаат каде да живеат и да се прехранат, за без да работат никаква работа да имаат материјално за да преживеат и да ја вршат службата за која се одредени. Од друга страна поповите во денешно време гледаат што појќе да го оддерат народот за да можат не само да го имаат основното, туку да имаат и мерцедес од 80.000Е и куќа од 500м2^. Затоа те молам немој да ги споредуваш левитите со денешните попови и да го оправдуваш нивното однесување, бидејќи не си во право. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom