Шо мислите кој е најдобар избор:
1. Samsung Galaxy mini S5570 (не за џабе е ставен како прв избор, дури и веќе ќе земев ваков да не ме заебеше @acereal
)
2. Samsung Star 2 S5260
3. Samsung Star 3 S5220 (овој е наследник на претходниот, слични се)
4. Samsung i900 Omnia (со 5МР, блиц и Windows оперативен, чита и DivX/Xvid, TV-out)
5. Samsung B7722
6. Nokia 5800 XpressMusic (со Carl-Zeiss оптика и Symbian OS)
7. Nokia C5-03
8. Nokia X3-02
9. LG Optimus L3 E400
...тука некаде е и Xperia X8 според карактеристиките, ама не ми се прави нешто посебно кеф по него. Екраните на сите им се горе-долу по 3-3.2 инчи, камери по мин. 3 МР, имаат ви-фи, е сега некои се понови, некои постари...ме интересира повеќе кој-каков користел, дали и колку е задоволен. Цените им се 3000-4000 денари. Значи барам едно скромно смартфонче, да можеш интернет да имаш на него (да пратиш резултати
) и ме интересира со андроид, дали е предност, недостаток, шо можи, а шо не можи со него, итн...
И секако ако некој продава некој ваков, слободно изјаснете се
Или некој сличен ако знаете, а не е во листава, предложете.