Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
Македонците се воодушевуваат што наместо нови хидроцентрали, патишта, болници, никнуваат згради, споменици и тоа „било убаво затоа што нешто се гради, се гледа каде одат парите“.

Ако пак ги прашате дали дома купуваат вазни и уметнички слики, а го одложуваат купувањето храна и сметки за струја или вода, ќе ви речат дека е тоа само луд човек би го направил бидејќи е нерационално.

Кога во 2005 година грчкиот јавен долг надминал 100% од БДП, немало загриженост кај граѓаните на Грција. Со парите за кои тогашните власти ги задолжувале граѓаните, имало можност за многу државни вработувања, стапката на невработеност била само 9,9%, се делела 13 плата, па граѓаните не ги чувствувале врз својот живот последиците од политиката на неконтролирано трошење. Додека Караманлис и премиерите пред него ја задолжувале неконтролирано земјата, верувам дека нашите грчки соседи, пријателите Јанис и Јорго пиеле узо покрај Егејско море уживајќи во убавината на животот. Не биле загрижени што нивните пари како даночни обврзници се трошеле, на пример, на некој Институт што требало да пресуши езеро и да го направи обработлива почва, а кој што работел со 50 вработени уште 10 години откако езерото пресушило и работата била завршена.

....Навистина делува сосема неразумно да се трошат милиони евра на увезени палми, инсталации од врби, вештачки плажи, галии, за да се излеат митскиот крал Каран, некојси Филхелен, „угледниот граѓанин“ Тит Флавиј Орест, а во исто време да се бараат донации од граѓаните да се изгради ургентен центар на Детска клиника?!? Пари за Тит Флавиј Орест наместо за спас на детски живот? ...
Но, оваа политиката на властодршците кои како „пијани милионери“ трошат на „задоволствата“ на гласачите во вид на субвенции, државни вработувања, покачени пензии, а за возврат добиваат благодарност во број на гласови кои ги држат на власт сепак еднаш ќе заврши.

Како што рече и самиот гувернер, се тенчи просторот за нови задолжувања, а тоа, во услови на подигнување на очекувањата на граѓаните на нерелано високо ниво, ќе доведе до мачно отрезнување. Палмите, субвенциите (кои не се вразни за инвестиции), покачените пензии и вработувањата во државниот сектор нема да дадат повисок економски раст во иднина, кој би овозможил да се отплаќаат земените кредити без проблем, поточно да се плаќаат долговите за овие задоволства.

Тогаш ќе следи она што неминовно ќе мора да се преземе: зголемување на даноците и масовни отпуштања, што колку и да се нарекува со еуфемистички имиња, како рационализација на пример, ќе остави голем број луѓе на улица. ....
Пишува Ида Протугер Вељковиќ
CEL TEKST :
http://javnost.mk/?p=722
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
„Економист“: Македонија годинава помалку задолжена од лани

Граѓаните на Македонија годинава се помалку задолжени во споредба со лани. Ако во 2012 година долгот на државата изнесувал 1.314 долари по глава на жител, годинава јавниот долг се намалил на 1.303 долари по глава на жител, покажува Глобалниот часовник за јавен долг на магазинот „Економист“.



Според овие податоци, Македонија во овој момент е задолжена за 2,7 милијарди долари или 26,3 отсто од Бруто домашниот производ што од прилика изнесува 9,8 милијарди долари. Во 2012 година долгот изнесуваше 27,8 отсто од БДП, или 1,5 отсто повеќе од годинава. Нашата земја спаѓа во категоријата на најниско задолжени земји и е најмалку задолжена во споредба со земјите од регионот.
На пример, јавниот долг на Србија во моментов изнесува 21,3 милијарди долари или високи 60,4 отсто од БДП. Секој граѓанин од седуммилионската Србија, според овие бројки, е задолжен за 2.953 долари.
Хрватска е во уште по непријатна ситуација со долг од 39,2 милијарди долари од кои на секој Хрват му „припаѓаат“ по 8.946 долари. Долгот на Хрватска годинава во споредба со лани се зголемил за 5,3 отсто и сега изнесува 65,1 отсто од БДП.
Граѓаните на Босна и Херцеговина имаат вкупен јавен долг од 8,1 милијарди долари, што по глава на жител изнесува 2.161 долари. Долгот сочинува 46,1 отсто од БДП, а во однос на лани е зголемен за 7,9 отсто.
Нашиот источен сосед, Бугарија е речиси исто задолжен како и БиХ, но сепак нивниот долг изнесува само 15,9 отсто од БДП, а по глава на жител изнесува 1.132 долари. И кај Бугарите долгот бележи зголемување од 5,1 отсто.
Албанија исто така има долг што се движи од околу осум милијарди евра, а изнесува 59,7 отсто од БДП. Според податоците на „Економист“, долгот изнесува 2.570 по глава на жител.
Словенија, пак, има долг од речиси 20 милијарди долари, а секој од жителите на оваа држава должи 9.705 долари. Сепак, Словенија е единствената држава од регионот која годинава успеала да го намали долгот, иако за скормни еден отсто.
Според часовникот на „Економист“ во овој момент, 16-ти април 2013 година 12,12 минути, светот должи 50.427.057.347.186 долари и се зголемува за стотици илјади долари во секој секунда.
http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/112301-Ekonomist-Makedonija-godinava-pomalku-zadolzena-od-lani
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
Ако гледаме по курир.мк и по Сител, се согласувам, се е супер....
А и статистика е интересна работа, кој учел, знае........

Ако сакаш баш по економист.цом, на кој се повикуваш, тогаш ке испадне дека во 2009 долгот бил само 1000,76 УСД по жител, па со сегашните 1304,39 , ќе испадне дека за 4 години има зголемување на долгот за над 30% ;)

А за “ Нашата земја спаѓа во категоријата на најниско задолжени земјиима да се објаснува .
Што значи ниско задолжена ?

Македонија има долг од 26 % од БДП.
А Германија 83% ? За Јапонија да не зборам.....
Кај нас е супер, а Германците се за жалење ? Или не ? Јапонците со над 200 отидоа упм....

Ќе ти објаснам покасно со пластичен пример, да се сфати полесно...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
Ај за тезата ниско задолжена за која *овциве се држат ко слеп за стап.....ко да е нешто лошо, па ај да го корегираме.....
Значи, не е најбитно некоја држава КОЛКУ е задолжена, туку ДАЛИ МОЖЕ да ги плака обврските
И за ШТО е задолжена.....

Обичен пример, ако јас имам кредит од 30000 евра и рата за плакање од 300 евра.
Ти имаш кредит од 15000 и рата за плакање од 150 евра.
И сега, ти си помалку задолжен, нели....ама ако јас остварувам приходи од 500 евра, а ти само 150 евра месечно, џабе ти таа ниска задолженост кога неможеш да си ги платиш обврските.

Македонија е во ситуација да неможе да си ги врати обврските без нови кредити.

И за другата работа , “за што е задолжувањето“
Ако една држава земе многу кредити и изгради пр. хидроцентрали и добие енергетска независност, а при тоа стане високозадолжена, а друга држава земе помалку кредити и направи споменици ( пример, коинциденцијата е случајна), која држава е во подобра ситуација?
 
С

Спасе супата

Гостин
Задолжувањето за една држава не е проблем. Секогаш може да зголеми даноци или да одлучи да не ги плаќа кредитите. Дали може или не може да ги врати не е премногу важно прашање.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
С

Спасе супата

Гостин
Ова би требало да е добро според тебе? :confused:
Не е добро. Поентата беше дека aко се дозволи да се дојде до таква ситуација битното прашање е во каков облик ќе е данокот.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
А и статистика е интересна работа, кој учел, знае........

Ако сакаш баш по економист.цом, на кој се повикуваш, тогаш ке испадне дека во 2009 долгот бил само 1000,76 УСД по жител, па со сегашните 1304,39 , ќе испадне дека за 4 години има зголемување на долгот за над 30% ;)
Податокот што го објави е точен за Македонија ,точно е дека од од 2009 до 2012 има зголемување на долгот за 30% не е над 30%! Според економист на кој и ти се повикуваш.
Ајде сега да видиме во Светот за 4 години според економист на кој се повикуваш како е состојбата во Америка и една соседна земја.

Сад во 2009 долгот бил само 20 680 Усд по жител а во 2012 е 33 768 Усд по жител зголемувањето на долгот е за 63,28 %:X3:

Србија во 2009 долгот бил само 1756 Усд по жител а во 2012 е 2571 Усд по жител зголемување на долгот е за 46,41 %:cool:

Ај да не ја споредувам Македонија VS Некој Западни држави компарација 2006 VS 2012
Само еден пример ќе кажам да не си го губам времето

Германија во 2006 долгот бил 22 884 Усд по жител а во 2012 е 34 231 Усд по жител односно зголемување на долгот е 49,58%

Македонија во 2006 долгот бил 1073 Усд по жител а во 2012 е 1313 Усд по жител односно зголемување на долгот е 22,36 %
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
Податокот што го објави е точен за Македонија ,точно е дека од од 2009 до 2012 има зголемување на долгот за 30% не е над 30%! Според економист на кој и ти се повикуваш.
.......
Германија во 2006 долгот бил 22 884 Усд по жител а во 2012 е 34 231 Усд по жител односно зголемување на долгот е 49,58%
Ај добро, ако прифакаш дека е точно. Ако го тупиме до крај, 30,33 %.
А за вториот дел, што значи ова, дека Германија е во полоша ситуација, или што ?

Гледам дека разбираш до толку економија, и знаеш дека не е толку битно задолжувањето туку прашањето КАКО ке се врати и ЗА ШТО се потрошени парите.
Има инвестиции што ке донесат до создавање на нова вредност? Оплодување на капитал ? Нови инвестиции, нови работни места....?
За наша жал, пари за споменици, врби и остало, плати за администарција, субвенции не носат ништо од ова....
Освен ако и Германија со тие нови 50% не ги потрошила парите исто за глупости, па ај да се тешиме......
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Ај добро, ако прифакаш дека е точно. Ако го тупиме до крај, 30,33 %.
А за вториот дел, што значи ова, дека Германија е во полоша ситуација, или што ?

Гледам дека разбираш до толку економија, и знаеш дека не е толку битно задолжувањето туку прашањето КАКО ке се врати и ЗА ШТО се потрошени парите.
Има инвестиции што ке донесат до создавање на нова вредност? Оплодување на капитал ? Нови инвестиции, нови работни места....?
За наша жал, пари за споменици, врби и остало, плати за администарција, субвенции не носат ништо од ова....
Освен ако и Германија со тие нови 50% не ги потрошила парите исто за глупости, па ај да се тешиме......
Јавниот долг 2002 бил 42% проценти од Бдп а во 2001 бил 48% од Бдп многу повисок од сега.Чим тогаш не банкротиравме и успеаме да се справиме со него во услови кога немаше ни една Гринфилд Инвестиција. Кога бизнис климата беше за нигде. Кога довербата кај Македонските и странските инвеститори беше на 0. Денеска во услови кога се отвараат Индустриски зони и се полнат со фабрики и се вработуваат луѓе, кога над 7000 работни места се отворија во последните 3 години само од поволните кредити од МБПР од 5,5% наменети за проширување на капацитети, и за извозни компании(никат немало толку поволни кредити за нови инвестиции кај компании). Кога девизните резерви се на највиоско ниво, кога Македонците повеќе веруваат во денарот отколку во еврото. И уште многу работи. Постигнати во најтешките години на криза. Ми дава доверба во Македонскиот финансиски систем. Порано пуштаа спинови дека денарот ќе девалвира па после 4 години денарот ужива поголема доверба во Македонија од еврото. Така и овој спин ќе помине дека нема да може Македонија да ги врати кредитите. Ова е ептен кратко објаснување , немам намера да губам време и енергија на глупи тези. Ако сметав дека Македонскиот финансиски ситем му престои опасност , прв ќе плукав , критикував, ни јас не сум будала да давам повеќе пари во име на повисоки даноци и давачки спрема државата.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Имам неколко прашаниja и ке се радвам некоj ако има иформации..
1.Колко денари има во оптек?
2.Колко са пасивите на НБРМ ком банките(ако има вакви при гаранции на трговските банки)?
3.Задолжениja ком сите депозанти на НБРМ?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Имам неколко прашаниja и ке се радвам некоj ако има иформации..
1.Колко денари има во оптек?
2.Колко са пасивите на НБРМ ком банките(ако има вакви при гаранции на трговските банки)?
3.Задолжениja ком сите депозанти на НБРМ?
Ова е страницата на Народната банка на Македонија, каде ги има сите податоци:
http://www.nbrm.mk/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom