- Член од
- 5 ноември 2012
- Мислења
- 2.807
- Поени од реакции
- 6.248
Македонците се воодушевуваат што наместо нови хидроцентрали, патишта, болници, никнуваат згради, споменици и тоа „било убаво затоа што нешто се гради, се гледа каде одат парите“.
Ако пак ги прашате дали дома купуваат вазни и уметнички слики, а го одложуваат купувањето храна и сметки за струја или вода, ќе ви речат дека е тоа само луд човек би го направил бидејќи е нерационално.
Кога во 2005 година грчкиот јавен долг надминал 100% од БДП, немало загриженост кај граѓаните на Грција. Со парите за кои тогашните власти ги задолжувале граѓаните, имало можност за многу државни вработувања, стапката на невработеност била само 9,9%, се делела 13 плата, па граѓаните не ги чувствувале врз својот живот последиците од политиката на неконтролирано трошење. Додека Караманлис и премиерите пред него ја задолжувале неконтролирано земјата, верувам дека нашите грчки соседи, пријателите Јанис и Јорго пиеле узо покрај Егејско море уживајќи во убавината на животот. Не биле загрижени што нивните пари како даночни обврзници се трошеле, на пример, на некој Институт што требало да пресуши езеро и да го направи обработлива почва, а кој што работел со 50 вработени уште 10 години откако езерото пресушило и работата била завршена.
....Навистина делува сосема неразумно да се трошат милиони евра на увезени палми, инсталации од врби, вештачки плажи, галии, за да се излеат митскиот крал Каран, некојси Филхелен, „угледниот граѓанин“ Тит Флавиј Орест, а во исто време да се бараат донации од граѓаните да се изгради ургентен центар на Детска клиника?!? Пари за Тит Флавиј Орест наместо за спас на детски живот? ...
Но, оваа политиката на властодршците кои како „пијани милионери“ трошат на „задоволствата“ на гласачите во вид на субвенции, државни вработувања, покачени пензии, а за возврат добиваат благодарност во број на гласови кои ги држат на власт сепак еднаш ќе заврши.
Како што рече и самиот гувернер, се тенчи просторот за нови задолжувања, а тоа, во услови на подигнување на очекувањата на граѓаните на нерелано високо ниво, ќе доведе до мачно отрезнување. Палмите, субвенциите (кои не се вразни за инвестиции), покачените пензии и вработувањата во државниот сектор нема да дадат повисок економски раст во иднина, кој би овозможил да се отплаќаат земените кредити без проблем, поточно да се плаќаат долговите за овие задоволства.
Тогаш ќе следи она што неминовно ќе мора да се преземе: зголемување на даноците и масовни отпуштања, што колку и да се нарекува со еуфемистички имиња, како рационализација на пример, ќе остави голем број луѓе на улица. ....
Пишува Ида Протугер Вељковиќ
CEL TEKST :
http://javnost.mk/?p=722