-СКОПЈЕ- старите скопски мала
незнам дали има ваква тема или овде на оваа да пишуваме
ние кој сме живееле во овие скопски мала до пред 1963 год.
поточно до тоа време и постоева,после ја знаеме состојбата.
Сакам да го опишеме животот во Скопје во тоа време во тоа
старо поубаво Скопје кое го знаеме од детството.А за пред
воено Скопје да не речам “српско“ Скопје е можеби доцна,
но ако се јави некој нека напише и за тогашно Скопје.
Еве јас сум живеел ,поточно бев:водњанец,еврејскомалец,
новомалец и за тоа нешто напишав нешто во темата:
-Еврејските партизани во НОВ.-но има уште и ќе продолжам.
-да прочитаме и за:
-Дебар мало,Пајко мало,Карадак мало,Крњево,Ново мало,
Дуќанџик, Топаана,Маџир мало,Еврејско мало, и други.