Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
gaga.png

Нека е со лесно.
 
A зошто му туриле капа :confused: нема влакно на главата. или нешто изводи...
Не знам и ја тоа не го разбирам, ама си преќутев за да не испадне дека сум се избламирал, можеби е некој медицински кодекс. :)
 
Oфицијално, Коби во аут 6 до 9 месеци ...
едит, Потопо глеам постирал. Тоа е, голема заслуга за ова има бркот и неговото ротирање на само 7 играчи сезонава, кошаркарската Карма во своето најдобро издание, алал нека и е како само им го спопика, едноставно го добија тоа што со сила го бараа ...

Нек иде све у курац.
 
...треба да се најде што смрди во оваа екипа. Што смрдеше цела оваа сезона.
Тргнувајќи од бркови, кловнови и така натака. Лејкерс треба да опстои и после ерата на Коби. Друг ко Коби нема да најдат, тоа е и повеќе од јасно, а без друг како него, оваа управа и овој тим нема да има светла иднина.
Освен Хауард ако не се повампири (не го задржувам здивот) не гледам светла иднина за ЛА во краток рок од следниве пар сезони. Ќе видиме што ќе се дешава со Кобе, дајбоже да се врати што порано ама реалноста е дека вакви повреди некогаш завршуваат кариера и кај многу помлади играчи.

Сегашниот газда Џим Бас е глупо богаташко синче кое нема поим од водење клуб како ЛА. Тој го направи целото страње, прво го донесе Мајк Браун Компироглавиот наместо Брајан Шо или Рик Аделман, иако и двајцава имаа системи на кошарка кои не бараат прва класа плејмејкер. Тоа и фактот дека потоа го донесе Д’Антони наместо Фил Џексон покажува што е труло (и што смрди) во ЛА. Колку побргу сестрата Џени го преземе водењето на клубот толку подобро. Или нека го остават Купчак да си ја работи работата.

Освен тоа ЛА идеше на се или ништо и сега е без никакви пикови во следните неколку години/драфтови. Купчак ги дилаше за играчи како Неш, добар потег на времето ама сега ќе ни се удри од глава. Тоа и фактот дека Коби следнава сезона има 30милиони $ плата.


Најдобра (фантазиска) варијанта сега што ја гледам е Коби да се пензионира. Привермено де, не ме тепајте, за после како Рој од Пртланд да се врати кога ќе се опорави. Со тоа ЛА ќе можат да ја откупат неговата плата и да не плаќаат 200-300% за неа како повеќекратни плаќачи на данок. Дап новите правила за данок смрдат...
 
Тренерот на Коби и поранешен тренер на Џордан, Тим Гровер изјави дека повредата можи да се случи во било кое време, на било која возраст и дека минутите што ги играл не би требало да имаат никаква улога во настанокот на повредата. Дали држи вода муабетот не знам, ама ете мислење од чоек шо тренирал спортисти цела кариера.
 
Нема везе оваа повреда, ама во текот на утакмицата уште два пати Коби се фати за колено, за зглоб. Све се тоа последици од таа ужасна ротација на бркот, од цедењето на играчите со тоа што играат по скоро цела утакмица. (за стартерите зборам)
Иначе повреда ко повреда, може да го снајде секој, без разлика на тоа дали е 20 или 34 години, ако стапнеш лошо, ако те згазне друг играч или ако ти се деси нешто друго можеш многу гадно да се сјебеш.
 
Тренерот на Коби и поранешен тренер на Џордан, Тим Гровер изјави дека повредата можи да се случи во било кое време, на било која возраст и дека минутите што ги играл не би требало да имаат никаква улога во настанокот на повредата. Дали држи вода муабетот не знам, ама ете мислење од чоек шо тренирал спортисти цела кариера.
Колку време Тим Гровер ќе остане да ја работи таа работа што ја работи ако го каже јавно тоа што сите го знаеме... НЕ СЛУЧАЈНО СЕ ДЕСИ ОВАА ПОВРЕДА СЕГА (а не на пример летово додека ги ладеше јајцата на некоја плажа).

48минути по натпревар се многу и за млад играч. Посебно се многу за некој како Коби кој има 35 и од тие 35, 17 години професионално игра во НБА. Тоа е огромен напор за телото и само себичен тренер како Д’Антони и себичен газда како Џим Бас, ги искористуваат клучните играчи вака.

Видете Попович како го употребува Данкан, и дали едаш го има оставено повеќе од 30мин во утакмица.


Тоа е тоа момци, разбудете ме кога Џим Бас нема да го води овој клуб.
 
За да дојде клубот до титула треба Се да функционира како што треба, се знае кој е денешниот стандард во енбеа за да се дојде до титулата, а што Лејкерс исполнува од тоа со Бркот ? Апсолутно ништо, дури и да се повампири Хауард, џабе, па глејте го Коби у кој beast моуд беше ставен последниве неколку месеци, кога викаше за мене нема никаков знак прашалник за тоа дали ќе играме ние во плејоф, а тимот 10ти беше тогаш со негативен скор, па ете, пак се мачеа, пак едвај победуваа.

Тоа што ние треба да го замислуваме е Бркот да се повампири, не тие на теренот, а ова реално е убер тешко изводливо, скоро и невозможно, како можеа бе него да го ангажираат на сметка на Зенот и тоа еј, на ЗЕНОТ ... некои работи у Холивуд стварно ми немаат никаква смисла, ко ангажманов на Брков, Gigli, крајот на Lost, кога Шварценегер беше труден у филм и тн и тн.
 
Моментот кога во иста реченица ги имаш Бркот, Шварценегер, сите дека биле мртви, Бен Афлек и Џенифер Лопез....
 
Повредада и сигурно се должи на замор и исцрпување колку и да си млад или набилдан едноставно мускулите неможат константно да функционираат исто, со иста сила на таков напор ова ви го кажувам од лично искуство. Сега Коби нека одмори неколку месеци нека заздрави како што треба па ќе видиме што ќе се деси понатаму ама како што е тргнала работата тешко дека во блиска иднина може да се смени нешто...:(
 
Повредада и сигурно се должи на замор и исцрпување колку и да си млад или набилдан едноставно мускулите неможат константно да функционираат исто, со иста сила на таков напор ова ви го кажувам од лично искуство. Сега Коби нека одмори неколку месеци нека заздрави како што треба па ќе видиме што ќе се деси понатаму ама како што е тргнала работата тешко дека во блиска иднина може да се смени нешто...:(
Кај си бе набилдан. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom