Никола Јонков Вапцаров - и во смртта Македонец

Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Државна агенција "Архиви" објавува онлајн полициските досиеја на Вапцаров:http://archives.bg/policefiles/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=102&Itemid=73

Ако некој седне да прочита што пишува, ќе може лесно да се разбере зошто е убиен Вапцаров и залсужувал ли е смртна казна.
За ваша несреќа веќе сме прочитале и сме разбрале зашто на овој сајт не сте објавиле досието на Антон Попов, како и дека сте се обиделе да го изчистите досието на Вапцаров, но не сте успеале на 100 %.

Ајде и ти да причиташ : http://www.narodnavolja.com/articles2013/04/txt19.asp
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Многу глупости напишал Стојко Стојковски.
Да започнеме со тоа

„Протокол за обиск, 4 март 1942 г. .... „3. В едно бјало овехтело томче се намери писмо до Никола Вапцаров, написано с пишушта машина а подписано от Иван Михајлов, носешто дата 13. 08. 1933 г.” (Дело, с. 166)
От него разбираме нешто важно – писмото е от 1933 г., а не от 1942 г. – т.е. писано е, докато Михајлов е начело на организацијата, којато официално се бори за с'здаване на самостојателна и независима македонска д'ржава, а представителите на тази организација в окр'га през 1933 и 1934 г. говорјат за изучаване на македонска историја и за учене на „наш език” в училиштата (поради което и са разтурени).


Ако некој не знае, може да помисли дека Ванчо Михајлов сакал македонски јазик и заради тоа ВМРО е растурена.

Пред време Мунгос се обида со ова слика

да манипулира. Напиша
На сликава се гледа мирен протест со транспаренти : „Дајте ни да учиме на родниот ни јазик““

а родниот јазик е бугарскиот.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
На кого да верувам? На документите и на роднините на Вапцаров или на полу-образуван анти-бугарин со скопска стипендија?
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Многу глупости напишал Стојко Стојковски.
Да започнеме со тоа

„Протокол за обиск, 4 март 1942 г. .... „3. В едно бјало овехтело томче се намери писмо до Никола Вапцаров, написано с пишушта машина а подписано от Иван Михајлов, носешто дата 13. 08. 1933 г.” (Дело, с. 166)
От него разбираме нешто важно – писмото е от 1933 г., а не от 1942 г. – т.е. писано е, докато Михајлов е начело на организацијата, којато официално се бори за с'здаване на самостојателна и независима македонска д'ржава, а представителите на тази организација в окр'га през 1933 и 1934 г. говорјат за изучаване на македонска историја и за учене на „наш език” в училиштата (поради което и са разтурени).

Ако некој не знае, може да помисли дека Ванчо Михајлов сакал македонски јазик и заради тоа ВМРО е растурена.

Пред време Мунгос се обида со ова слика

да манипулира. Напиша
На сликава се гледа мирен протест со транспаренти : „Дајте ни да учиме на родниот ни јазик““

а родниот јазик е бугарскиот.
Што е бре, се сопна на почеток?
Бедна критика, која освен глуп обид за понижување на Стојко Стојков, нема речиси ништо, ни збор за Вапцаров. Доказ за тврдењето за “нашиот јазик“ на Стојко Стојков се наоѓа во книгата на Зоран Тодоровски “Внатрешната македонска револуционерна оганизација:1924-1934“ ,во која на стр.191 се цитира документ од бугарскиот државен архив - ЦДА, Фонд 181, оп.1, а.е.167, л.4-12, каде училишен инспектор од петричкиот крај во 1934 година им порачал на учениците:
“Трајте, уште оваа година ќе учите на бугарски, догодина - на нашински“.

Еве одлично се гледа дена “нашинскиот“ не е бугарскиот, туку македонскиот. Ванчо Михајлов, докажан лажач, може и да не сакал македонски јазик, но неговиот обид во триесетите години на 20 век да си го исчисти ликот кај народот во Пиринска Македонија по масовните колежи, грабежи и терор, има како резултат силна пропаганда за Независна Македонија, а како што се гледа и се покренувале надежи кај луѓето дека ќе можат да се школуваат на мајчин македонски јазик. Тоа не е единствената причина, но е една од причините за забрана на ВМРО. Не си кажал ништо попаметно од Стојко Стојков но користиш навреди како да си нешто повеќе од него. Да, нешто повеќе си, но потполно негативно.

На кого да верувам? На документите и на роднините на Вапцаров или на полу-образуван анти-бугарин со скопска стипендија?
При работа со документи обично се размислува, но доколку се потпираш на нечиј говор тогаш може и да веруваш. Например Никола Николов Вапцаров, внук на Борис Јонков Вапцаров, братот на поетот Никола Вапцаров, вели дека дедо му Борис се чуствувал како бугарин. Маја Вапцарова, ќерка на Борис Вапцаров исто така тврди дека нејзиниот татко и чичко и Никола биле бугари. Арно ама се до промената на политиката на БКП по македонското прашање има голем број на документи кои покажуваат нешто сосема спротивно:

- Протокол 4 од собрание на обласниот комитет на БРП(к), Горна Џумаја, 8 јануари 1948 година, “Борис Вапцаров: Всушност имаме да решаваме важно прашање,а тоа за уредувањето на нашата област. Народот чека нестрпливо ние сега да го решиме токму тоа. Имаме два пата по кои можеме да појдеме: првиот ист како за сите области, вториот е нашиот македонски пат. Јас мислам дека тоа што и другарот Стојчев изјави, е неточно и делумно. Ние мора да бидеме на јасно дека нашето население се уште не се чуствува македонско и дека ние треба да заработиме посериозно во тој правец. За нашата област треба да се оствари поголемо отделување и промена по сите правци во споредба со останатите области. Сметам дека е потребно сите прашања што се однесуваат на околиите, да се решават и менуват заземајќи македонски лик. ... Мојот општ предлог е таков, што нашата област да биде преуредена такашто да добие поголема автономија.“

ДА, ф.1б, оп.1, а.е.1, л. 186-188


- Протокол 13 од собрание на бирото на ОК на БРП(к), Горна Џумаја, 19 јуни 1948година
“Борис Вапцаров : Ете нашите задачи во врска со писмото на ЦК. Да кажам јасно и откриено: Ние јасно го осудуваме говорот на другарот Лазар Колишевски. Има наши другари и Вл. Левков е од нив, кои секогаш се согласуваат со другарите од македонската книжарница. Ние треба јасно и откриено да им кажеме дека не го одобруваме говорот, зашто др. Лазар Колишевски не е бил коректно известен по низа работи. ... За нас јазикот е мачнотија. Ние не чуствуваме внатрешна потреба да го учиме. Јас мислам, дека ние можеме да почнеме со изучувањето на македонскиот јазик од учениците. Но ние направивме некоја грешка со курсевите за возрасни, употребивме мала принуда. Тие треба да бидат организирани наполно доброволно.“

ДА, ф.3б, оп.1, а.е.4, л.42-45


- Протокол 1 од собрание на окружниот актив на БКП, Горна Џумаја, 18 февруари 1950 година ........ “По т.1 од дневниот ред поднесе др.Борис Вапцаров .... Тука е местото да кажам некои зборови за грешките, што станаа со партиската политика по македонското прашање ... Треба да се каже, дека по критикувањето на грешките на партиската политика во Пиринскиот крај на многу места се отиде во другиот крај. Некои партиски дејци почнаа да го отфрлаат македонскиот карактер на населението во Пиринскиот крај, почнаа да ја отфрлат потребата да се работи за ослободување и обединување на македонскиот народ. Таквите пројави мора да се тепаат сега. Ние, македонците од Пиринскиот крај, денес сме единствениот слободен крај на Македонија. Нам припаѓа правото да го кренеме знамето на ослободувањето на Македонија од грчките монархофашисти и титови џелати. Под водството на БКП и нејзиниот димитровски ЦК ние ќе се бориме да ги оствариме идеалите на Гоце и Јане. Заедно со борбата за национално обединување на македонскиот народ ние треба да се вардиме од било каков национализам. ... Подигајќи го македонското национално сознание меѓу населението во Пиринскиот крај , има реална опасност некои другари да се зацврстат во тој павец затоа треба често да се проверуваме на какви позиции сме по тоа прашање. Заедно со секое изоставање , секое потценување на тоа прашање ќе влева вода во воденицата на титовци и колишевци. Знамето на борбата за ослободување на македонскиот народ ќе падне во нечисти раце. ...“

ДА, ф.2б, оп.1, а.е.5, л.15-70

Така по овие кратки цитати се гледа дека е невозмовно да веруваш на роднините дека татко им бил секогаш бугар, кога се до промената на политиката на БКП по македонското прашање тој се изјаснувал како Македонец. Следејќи ја политиката на БКП, тој го променил својот став по македонското прашање што било бескрајно корисно за него и за неговите деца како материални придонеси и кариери. По се изгледа и ти си апсолутно немоќен да излезеш со аргументи и да го оспориш написот на Стојко Стојков, ти останува само навредата како израз на лутина.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Како добро се гледа, Борис Вапцаров зборува од името на партијата - покажува партиските задачи.

Тука е местото да кажам некои зборови за грешките, што станаа со партиската политика по македонското прашање
Факт е дека комунистите сакаа да направат Бугарите со сила Македонци и да наметнат со сила македонскиот јазик.

За создаването на Македонци, различни од Бугарите
Ние мора да бидеме на јасно дека нашето население се уште не се чуствува македонско
За новововедението македонскиот jазик:
За нас јазикот е мачнотија.
Ние не чуствуваме внатрешна потреба да го учиме. Јас мислам, дека ние можеме да почнеме со изучувањето на македонскиот јазик од учениците. Но ние направивме некоја грешка со курсевите за возрасни, употребивме мала принуда. Тие треба да бидат организирани наполно доброволно.
Факт: македонскиот jазик се изучувал присилно!

Кои се слободните Македонци:
Ние, македонците од Пиринскиот крај, денес сме единствениот слободен крај на Македонија.
Никаде Борис Вапцаров, не е се изjаснува како Македонец по националност (никаде не кажал, дека не е Бугарин), а зборува во чисто географска смисла, како ние денес го нарекуваме Македонци - Бугарите родени или со потекло од Благоевградско.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Попрво ќе измислат лек за рак и сида него за чедава на Аспарух што демнат и кењаат по нашиве форуми. :pos:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
За ваша несреќа веќе сме прочитале и сме разбрале зашто на овој сајт не сте објавиле досието на Антон Попов, како и дека сте се обиделе да го изчистите досието на Вапцаров, но не сте успеале на 100 %.

Ајде и ти да причиташ : http://www.narodnavolja.com/articles2013/04/txt19.asp
Специално за досието Вапцаров со негов роднина.
http://play.novatv.bg/play/306731/?autostart=true
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Како добро се гледа, Борис Вапцаров зборува од името на партијата - покажува партиските задачи.



Факт е дека комунистите сакаа да направат Бугарите со сила Македонци и да наметнат со сила македонскиот јазик.

За создаването на Македонци, различни од Бугарите


За новововедението македонскиот jазик:

Факт: македонскиот jазик се изучувал присилно!

Кои се слободните Македонци:


Никаде Борис Вапцаров, не е се изjаснува како Македонец по националност (никаде не кажал, дека не е Бугарин), а зборува во чисто географска смисла, како ние денес го нарекуваме Македонци - Бугарите родени или со потекло од Благоевградско.
Велиш дека комунистите создавале Македонци различни од Бугарите, што е нотарна лага, па потоа велиш дека Борис Вапцаров не мислел дека е различен Македонец, туку некаква македонско-бугарска мешавина . Ич врска немаш со фактите ...
Специално за досието Вапцаров со негов роднина.
http://play.novatv.bg/play/306731/?autostart=true
Ништо не знаат момциве ... Така им оди. Лагите за комунистите што божем терале некој да се пишува Македонец видовме паѓаат од зборовите на нивниот татко. Се гледа тоа им е главен проблем, македонското минато. Нека се живи и здрави и да си уживаат во новото бугарство, ама кога знаеме каков профит имале по забраната на македонското име и одличната кариера на Борис Вапцаров , кога стотици луѓе во Пиринска Македонија беа по затворите зашто одбиле да с побугарчат, ова е лицемерно. Срам ќе им е за цел живот. Овој стариот, штом се шетал кај Ванче Михајлов 99,9 % сум сигурен дека работел за комуњарската Државна безбедност.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Самиот ти си покажал дека не си во право.
- Протокол 4 од собрание на обласниот комитет на БРП(к), Горна Џумаја, 8 јануари 1948 година, “Борис Вапцаров: . . . . . Ние мора да бидеме на јасно дека нашето население се уште не се чуствува македонско и дека ние треба да заработиме посериозно во тој правец.. . . . .“

ДА, ф.1б, оп.1, а.е.1, л. 186-188
Во 40те години Партијата македонизирала, во 50те терала по инерција, во 1963 г. сфатила дека тоа е голема грешка.
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Самиот ти си покажал дека не си во право.

Во 40те години Партијата македонизирала, во 50те терала по инерција, во 1963 г. сфатила дека тоа е голема грешка.
Цитатот е дел од протокол, со кој се дава мислење за уредување на горноџумајската област , каде на почеток стои “За преуредувањето на нашата македонска област како посебна таква, ЦК нема конечно решение. Потребно е нашето мислење, пред да се донесе тоа.“

Демек, БКП не наредувала “македонизација“ туку месните комунисти сакале повеќе македонска автономија и нивните барања се за давање македонски лик на областа.

Нивните зборови се барање мотиви да се донесе такво решение со типичната реторика од тогаш. Резултатот е негативен и неколку месеци по тоа културната автономија целосно е укината. Така што ништо нема да постигнеш ...
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Денес се навршуваат 71 година од убиството на големиот македонски поет и револуционер Никола Вапцаров (заедно со Антон Попов) од страна на монархофашистичкиот бугарски режим.

Никола Јонков Вапцаров


Никола Јонков Вапцаров (Банско, Пиринскиот дел на Македонија, 24. XI 1909 – Софија, 23. VII 1942) – е македонски поет и револуционер. Релативно млад започнува да се пројавува како литерат. Во 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок. Пишувал главно поезија, на бугарски јазик. Се вклучил во антифашистичкиот отпор и како учесник во илегална организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III, во 1942 година е затворен, осуден на смрт и стрелан во Софија. Автор e на две поетски збирки: „Моторни песни“ (Софија, 1940) и посмртно објавената „Антологија“ (Софија, 1946). По Втората светска војна, Вапцаров како дводомен автор, бугарски и македонски, чии стихови и други творби, покрај високите уметнички дострели, имаат посебно значење за Македонија, доживува литературна слава. По нарушувањето на односите за време на Инфорбирото, Бугарија започнува вистинска хајка против т.н. „македонско присвојување“ на Вапцаровото книжевно дело, која кулминира во 1979 година со бојкот на Струшките вечери на поезијата. Односот кон делото на Вапцаров се менува по 2000 година, а тоа одново станува сврзник меѓу две блиски литератури.

Никола Јонков Вапцаров е роден на 24 ноември 1909 година во Банско, Пиринскиот дел на Македонија, во протестантско семејство кое било посветено на македонското ослободително движење. За време на турското владеење, неговите родители активно се вклучуваат во борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Таткото Јонко бил комита, а мајката Елена (род. Везјова) учителка која се школувала во американскиот колеџ во Самоков. Израснат во патриотско семејство, кај Никола се развива љубовта кон татковината, македонскиот народ и книгата.
Никола се стекнал со основно образование и шести клас гимназија во родното место и Разлог, а потоа се запишал на Воено-морнаричкото училиште во Варна. Во бугарскиот пристаништен град, тој за првпат се сретнал со комунистичкото движење и станал член на марксистичко –ленинистички кружок. Во Варна го публикувал и своето прво поетско дело, стихотворбата „Кон светлите идеали“. По завршувањето на Военото-морнаричко училиште во 1932 година, Никола како машински техничар плови со брод за Северна Африка.

Меѓутоа, поморската кариера која е поврзана со долги отсуствувања од копното и партиските другари не го привлекува и тој се вработува како машинист во фабрика за хартија и мукава во селото Кочериново. Таму ја сретнал својата идна сопруга Бојка Димитрова, дете на доселени Македонци од Егејскиот дел на Македонија и пред женидбата преминал во православие.
Продолжувајќи со своите партиски активности, Никола ја пропагирал идејата за класен преврат, со што го привлекува вниманието на бугарските власти. Во 1933 година, поради неговата политичка дејност, повеќе пати бил тепан, притворен и распрашуван. Набргу потоа, на враќање од Горна Џумаја за Кочериново бил извршен неуспешен обид за негова ликвидација. Валканата работа, власта му ја наложила на Ванчо Михајлов и неговите соработници, па Никола со писмо му се обратил, прашувајќи го зошто сакаат да го убијат. Подоцна овие случувања ќе го инспирираат да ја напише стихотворбата „Песна“.
Во 1935 година, економската криза ја затвори фабриката во која работел Никола. Успеал со работниците да издејствува фабриката да продолжи со работа, но тој бил непожелен. Во периодот 1936 -1937 година неговото семејство поминува низ тешки искушенија. Никола бил без работа, болен, детето му починало, а семејството го зафаќа тешка немаштија. Но, и покрај сите тешкотии, Никола не се предава. Заедно со другарите кои го помагаат и поддржуваат, Никола се бори да ја надмине кризата.
По долго време, Никола добил работа како машинист во мелница во Софија. Работел во тешки услови, по 12 часови дневно. Сепак, и покрај уморот, тој не се откажал од пишувањето, а неговите стихови биле објавувани во тогашните прогресивни весници. Иритирани од неговата дејност, бугарските власта му вршеле опструкции, а Никола неможел да најде постојана работа. Меѓутоа, другарите му помагаат да се вработи во општинските служби (кланица).

Во овој период и неговата жена Бојка наоѓа работа, така да семејството има достатно средства да се издржува. Иако работата во кланица била тешка, Никола таму работи помалку часови. Тоа ќе му овозможи повеќе време за да се посвети на пишувањето.
Во текот на 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок, во чиј состав како членови се вклучуваат литерати од левата ориентација, од сите три дела на распарчена Македонија. Јадрото на програмски обновениот Македонски литературен кружок го сочинуваат Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), Кирил Николов, Асен Шурдов, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Митрев и др. Подоцна се вклучуваат Венко Марковски, Коле Неделковски и новинарот Митко Зафировски. Македонскиот литературен кружок кој програмски се обновува во октомври 1938 гидина, претставува еден од најзначајните настани кои придонесоа во развојот на македонската национална свест.
Во кружокот особено биле значајни рефератите на Никола Вапцаров и Антон Попов. Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), член на ВМРО (Об) и познат македонски општественик и поет меѓу двете светски војни во Бугарија, осврнувајќи се на рефератот на Вапцарев кој бил подготвен за обновување на кружокот (октомври 1938), ќе забележи: „Од корен се разликуваше од дотогаш слушнатите од нас реферати на тајните собири, конференции и заседанија... Тоа не беше обичен реферат, ами една искрена исповед, една другарска покана за исполнување на светиот долг кон нашиот народ...“ Цитирајќи го Вапцаров, Ангел Жаров ќе ги забележи насоките кон кои треба да се насочи кружокот, а во кој се вели: „Треба да се собереме, да се организираме, да ги дадеме своите сили за слобoдата на нашиот измачен македонски народ. Нашата македонска историја е полна со ликови, славни подвизи, големи револуционерни, настани, легендарни борци; нашата народна песна е чудно мелодична и возбудлива. Но сето тоа уште не го нашло својот одраз во литературата..“ Подоцна, Никола Вапцаров ја напишал стихотворбата „Доклад" (т.е. реферат) во која овие основни идеи беа изразени во прекрасна уметничка форма.
Никола Вапцаров бил еден од оснивачите на списанието „Литературен критик“, кое трпело голем број на цензури и набрзо било забрането. Пишувал главно поезија, на бугарски јазик, и станува познат како автор на две поетски збирки: „Моторни песни“ која е објавена во Софија, во 1940 година, и „Антологија“, објавена посмртно во Софија, во 1946 година. Автор е на драмата „Деветтиот бран“, на книга со песни за деца и на серија критички записи и прозно-публицистички текстови.

Никола Вапцаров активно се вклучува во антифашистичкиот отпар. Во 1940 година, поради активности во Пиринскиот крај бил уапсен и интерниран во Годеч. По враќањето во септември 1941 година, зел учество во саботажи против германските војски, набавувал документи и ги криел илегалците. Набргу, бил фатен од бугарските власти и како учесник во илегална организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III е затворен и осуден на смрт. На 23 јули 1942 година, Никола Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов.

Посмртно доживува вистинска литературна слава, извишувајќи се како големо име на новата бугарска литература. Веднаш по Втората светска војна славата му се простира и во Македонија. Како дводомен автор (бугарски и македонски), чии стихови и други творби за Македонија претставуваат висок уметнички дострел. Никола Вапцаров станува легенда на младата македонска книжевност.
Меѓутоа, по заострувањето на односите меѓу двете земји, по Резолуцијата на Инфорбирото во 1948 година, во Бугарија започнува вистинска хајка против таканареченото „македонско присвојување“ на Вапцаровото книжевно дело. Ваквата пресија кулминирала во 1979 година со бојкот на Струшките вечери на поезијата, кога на бојкотот на бугарските писатели солидарно се приклучуваат неколку источноевропски земји од Варшавскиот пакт. Бугарите дури се обидуваат да ги фалсификуваат историските докази, но односот кон делото на Вапцаров се менува по 2000 година, кога тој одново станува мост меѓу две блиски литератури.
 
Член од
21 април 2012
Мислења
366
Поени од реакции
186
Лека му земja на овоj голем бугарски поет.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Лека му земja на овоj голем бугарски поет.
На македонски форуми се пишува на македонски јазик.
Вака: Лесна му земја на македонскиот револуционер и поет.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 427.jpg Македонците - Никола Вапцаров и Антон Попов
 

Kajgana Shop

На врв Bottom