- Член од
- 26 март 2011
- Мислења
- 659
- Поени од реакции
- 670
Тукушто се вратив од лекар,ми земаа крв за испитување на хеликобактери,за да можат во зависност од резултатите да одредат насока за дијагностицирање.Резултатите треба да бидат готови утре сабајле,па ако се позитивни ќе ми прават гастроскопија,нешто што навистина сакав да избегнам.Се надевам дека нема да има ништо,но болката,печењето сеуште не ми се смируваат,синоќа се виткав цела вечер во болка дур најдам положба за да ми олесни колку-толку.А и симптоматично е што гастритот се јавува пролет и есен,барем така знам.
Во меѓувреме,дури дијагностицираат што и како,докторката ми препиша капсули Ланзул од 30 мг,двапати по една на гладно.
Ок си е Ланзулот, во иста група се со Нолпазата што ти ја споменав погоре, само што Нолпазата е понова. И кога би ти дијагностицирале хеликобактер би требал да ја пиеш истата терапија. (или Ланзул во комбинација со кларитромицин и амоксицилин, или пак Нолпаза)
Се надевам дека се ќе испадне на добро, позз и со лесно
