- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.373
- Поени од реакции
- 84.613
На Арја пак и залепија лик од истокот. Овој чинам беше Торос од Myr, а Myr беше еден од free cities. Плус нели „газдава“ на овој Торос му е Beric Dondarrion , a oвој беше пријател со Eddard Stark така што мислам дека и покрај тоа што Клигејн ја отрки, Арја е во „пријателски“ раце и не е во опасност.
Берик е лорд на Блек Хевн во Сторм Лендс.
Дојде во Кингс Лендинг (како и други лордови и витези, од секаде) за да учествува на турнирот, што го организираше Роберт, во чест на својата нова кралска десна рака (т.е. Едард).
По турнирот Роберт отиде на лов, а за тоа време се деси грабнувањето на Тирион, по кое следуваше пљачкосување и уништување на пределите во речните земји, од страна на Грегор Клегејн, кој беше испратен без барјаци и знамиња, да масакрира по селата. Со тоа Тајвин сакаше да постигне реакција од Тали. Имено, Г. Клегејн ровареше без свои или ланистерски барјаци. Ланистерс (кои се патрони на куќата Клегејн), со тоа барем официјално не би биле одговорни за тоа. А реакцијата на Тали (која ја очекувале) би ја претставиле како непредизвикан напад (иако и врапчињата знаеја кој ги прави зулумите).
На прв поглед делува дека оваа игра на Тајвин, од тоа време, е за да им се освети на куќата на Кејтлин (која го зароби Тирион), но суштината е во функција на ланистерската превласт, која планирано надоаѓа.
Роберт за тоа време е на лов, а по закон наместо него раката ги исполнува државничките должности.
И како што видовме во првата сезона, Едард увидува кој стои зад нападите во Речните земји и испраќа луѓе да го изведат пред кралската правда зулумќарот Грегор Клегејн.
Во тој момент многу кралеви луѓе* се во КЛ, заради турнирот и слично. Еден од еминентните лордови (Берик), добива задача да ја предводи силата која ќе оди во речните земји да го изведе пред правдата Грегор, односно да му се спротистави. (0:12)
Во таа единица влезе и Торос.
Торос е еден од црвените свештеници, кои се испратени по светот да ја шират својата вера (Мелисандра исто).
Роберт го засакал и си го држел на двор. Не затоа што многу го интересирала вистината за единствениот вистински Бог, туку затоа што Торос бил пијаница и развратник, не баш многу посветен на теологијата (Мелисандра да знаеше, ќе му пратеше сенка одма).
Да, релативно блиску. Само што, во книгата малку се поинакви патштата на ликовите. Особено тој дел со Речните земји.Нели Арја и останативе се некаде кај Riverrun, а баш Роб и мајка му тргнаа натаму сеа. Не барам одоговор дали ќе се сретнат фала богу, туку дали сум во право дека беа блиску територијално во епизодава?![]()
Пред некој месец ми стигна Лендс оф Фајр енд Ајс и таму има една мапа со траектории на сите ликови.
* - така благородниците и обичниот народ милуваат да си се нарекуваат, кога сакаат да ја истакнат сопствената верност кон кралот