MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Се некако си мислев дека твојата црква е МПЦ ...а ти си бил од оние со вранишковски..![]()
Ц, јас сум со Црквата, не сум со Вранишковски...

--- надополнето: 10 април 2013 во 09:10 ---
И покрај се еволуцијата се изучува и во Русија и во Америка и во Јапонија, Индија, Кина, Бразил, Италија, Грција, Србија, Холандија, Канада, Мексико, Полска..... во земји со различни вери, нации народи... еволуцијата се учи. Религија некде да негде не, и таму кај се учи негде ислам негде будизам негде христијанство (едно од верзиите) а еволуција една иста, универзална и за кинез и за американец и за рус и за кувајќанец.
Да, и мојата вера е иста, за секој кој исповеда православна вера: и за рус, и за финец, и за македонец, и за кинез, и за јапонец и за конгоанец...
--- надополнето: 10 април 2013 во 09:21 ---
Хмм. Што знам. Премногу плитко напишано за да се донесе таков заклучок.
Не е толку плитко, како што се чини.
А се чини нешто друго: дека цел човечки род, сите цивилизации до Ламарк и Дарвин, биле слепци и не забележале и не запишале никаков забележан еволутивен процес, се‘ до Дарвин, кој, изнесувајќи погрешни и несигурни заклучоци, ја постави основата од денешната ТЕ, која, откако се виде дека нема никакви преодни видови како единствена основа на која се потпираше, сега истата таа ТЕ кажува други прикаски...
Плус, ако еволуцијата е сложен процес, кој ги вклучува наведените 3-4 подпроцеси, просто е неверојатно како тие процеси делуваат складно и непротивречно, кога треба да еволуира еден сложен организам, кој во себе има повеќе подсистеми, кои треба паралелно и непречено да еволуираат еден покрај друг, а истовремено да произведат еден складен и сложен заокружен организам, односно целина.
Плус, идејата дека попростите системи се основа за еволуирање на посложените системи, е смешна, затоа што сите попрости системи немаат никаква основа за да еволуираат во посложени, т.е. имаат битно поинаква структура од онаа од посложените.
Плус, еволуцијата подразбира самосоздавање нови генетски информации, што е неприфатливо за теоијата на системите, која вели дека мора да постои извор/генератор на информации, т.е. информациите не се самостворливи. Од друга страна, ентропијата на информацијата не допушта самовосложнување на пренесената информација, туку токму нејзина деградација, кога информацијата се пренесува преку некој „канал„.