Второпостирачите

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
29.030
Поени од реакции
61.947
Се мислев да приложам соодветни цитати од скорешни теми за подобро да ја доловам суштината на темата и карактерот на ликовите кои во немање подобра идеја ги нареков „Второпостирачите“, но се плашам дека ако ги цитирам истовремено ќе ги повикам да ја однесат и оваа тема „у тиквите“.

Имено, се работи за феномен кој зема се поголем замав на форумов. Се отвора нова тема со воведен пост, во која членот кој ја отвора темата се потрудил да објасни што е предмет на дискусија и целиот тој вовед да го поткрепи со слики, линкови итн...

Веднаш по него, се јаавува „Второпостирачот“. На секоја тема има член кој постира втор, но под „Второпостирачот“ мислам на лик кој без многу да му ја мисли или да се помачи да го прочита воведот, успева да склопи краток пост кој тотално ја промашува поентата на темата или на воведот и експресно ја поведува дискусијата „у тиквите“.

Покрај ова, Второпостирачот и на следните неколку страни е упорен да ја брани својата чкрапаница од пост, ако некој воопшто се сети да го зашамара за истата; во поголем број на случаи се собираат „слични нему“ и возот ги поминува тиквите и завршува во пченките.

Во меѓувреме членот кој ја отворил темата се мачи да најде одговор на прашањето: за кого си го губам јас времето...?

Ајде за набрзина отворени и незначајни теми (како оваа) и да разберам... исто и нови членови и деца под 15 години, им се случуваат бисери... но ќе видиш некој со над 1000 мислења и упорно се турка во секоја тема.

Прашања:
1. Проблемов постои или ми се причинува?
2. Квалитетот на дискусиите е отиден у тиквите или у пченките?
3. Чаре?

P.S.
чекајќи го Второпостирачот...
 
cool :D
иначе некој феномен стана некој што ќе постира прв да има некоја досетка од 2-3 збора демек цел тој вовед паѓа во вода.
 
cool :D
иначе некој феномен стана некој што ќе постира прв да има некоја досетка од 2-3 збора демек цел тој вовед паѓа во вода.
ај најди си џамче...за да.....:icon_mrgr:
 
hitler.jpg

--- надополнето: 9 април 2013 во 20:44 ---
1. Постои.
2. Никад не постоел.
3. Јок.
 
Не можиш ништо да му напрајш. Не секој сака да види за што станува збор од почеток . Не секој сака да прочита и види како тоа другите размислуваат. Некогаш и до моментот можи да е, го мрзело/не го мрзело но сакал да кажи нешто па си рекол дај да си пишам јас шо си имам, па макар и да се повторам, битно да гугнам. Обично јас ги игнорирам и си продолжувам како да не сум видел, одам на подолниот пост. Друго чаре не ми текнува како да се справи некој со истите. Да им бришиш мислење и то не го бива, ем претерано време би се трошело, ем би се намалиле нивните апетити/храбрости да постираат нешто.
 
u tikvite :pos:


чекај ти сакаш да наметниш некои правила ?

си има админи и модератори ако мислат дека некој второпостирач ја носе темата у тиквите че го манат него право у краставиците (и тоа седечки). тоа е у кратки црти ;)
 
Pluh совршен пример, само што се jавува само еднаш и повеќе не го гледате :icon_mrgr:
 
tl;dr е најчест одговор. :D



Не е феномен туку најчесто второпостирачот сака да ја однесе дискусијата во смер каде што нему му е интересно.
 
Иосоно, ти мора да си многу среќен човек штом сретнуваш Второпостирачи кои и на следните страници од темата се упорни бранејќи го својот став. Во последно време налетувам само на такви кои ќе напишат некој модерен фенси термин. Во најчести случаи, Второпостирачот ќе напише нешто во стил hoo givz a phuk, ќе собере сто лајкови што ќе му го заскокоткаат Интернет егото и на следната новоотворена тема ќе проба со нешто како „добро, и? -.-“ и така одново и одново.
Некој погоре го спомна Pluh. Pluh е еден од најдобрите Интернет едуцирани типови тука на форум и има фини witty one liners на ЧДА теми (подфорумот е исто така многу важен) кои „фаќаат место“, барем според мене, што не мора останатите да се сложат, пошто нели, something something The Big Lebowski something your opinion man something.
Уствари, љубоморам кога ќе смислам убав краток witty пост но темата веќе истерала 2-3 страници, а сите знаеме дека најмногу внимание се обрнува на првите десетина постови.
 
she wants the D

и после јас сум бил оригинален or whatever shit she just said...
 
Почна со никаква фраза, а и секако, показалецов ми е поголем бе ике...

Не си ласкај, нигде не спомнав оригиналност. Дека си интернет едуциран - да, а тоа кај тебе нема никаква врска со оригиналност, пошто ја не-маш. Пробав да кажам дека подобро твоите one-liner-и ќе ги читам што секој ден ги сретнувам на редит и сличните сајтови отколку оние на @ќесиќутамзадасепоштедам што датираат од минатиот век, ама ете тој комплекс да се јавите сегде расипува теми.
 
1. Вајда постои чим викате, ама ако го игнорирате сигурно нема да продолжи да прави така. Патем, нели популарното име за ваквите беше тролови?
2. Мислам дека е отидена на втората пченка од лево.
3. Незнам за чаре.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom