Некој погоре напиша многу убаво ако си со умисла да спечалиш и да се вратиш во МКД тогаш животот во тугина и не е баш живот. Се трудиш да заштедиш, гледаш да заработиш повеќе некој работат ко коњи прекувремено други влегуваат во ризични инвестиции трети место да се дошколуваат или научат јазик па да зимаат асална плата одма влагаат во фабрика прифаќајки што било. Со тој памет нормално дека нема да ти е убаво и дека се ќе ти смета. Најголемо разочарување следи потоа кога ќе направиш и се вратиш дома пак ко некој што веќе напиша, тогаш ќе имаш прилика во повторно во живо да го видиш и доживееш истото срање што претходно те натерало да напуштиш само сега имаш малку повеќе пари. Лошо е што и покрај се пак сакал неќел се враќаш сменет. И за 5 евра на саат да си рмбал на запад пак се 40-50е дневница. Сега тоа ти е неделна плата на истата позиција. Сваќаш дека немаш доволно заработено, сега имаш други очекувања, други стандарди и сакал неќел за брзо време пак рикверц. Ова го имам видено и слушнато многу многу пати овде. Родителите дошле во 70тите направиле нешто се вратиле назад... Среќа децата им се родиле во АУС па добиле децата пасоши старите биле толку сигурни дека раскртиле со тугина што не ни побарале пасош/државјаство иако им следело. Со тој менталитет кога си во расчекор меѓу тоа каде ти сака срцето да живее и каде ти вика мозокот дека е подобро никогаш нема да си среќен и никаде нема да живееш убаво. Во МКД ќе ти фали странство, таму ќе ти фали МКД.
Сум живеел на повеќе места во некој дури и ептен чудни услови бар за нас. Ми фалеле не само Македонија него и Австралија каде тогаш живееле мојте а таму ми биле и другарите, девојката... Сепак после првите неколку дена сум успевал да најдам убавина каде и да сум и сум си го сваќал како уште еден предизвик и ново искуство. Кога ќе се фокусираш на други работи почнуваш повторно да живееш и да ги уживаш моментите. Денес мој избор е дали ќе пијам кафе на улица Македонија, Chappell St – Melbourne, Orchard Road – Singapore, Walking St – Pattaya, Camden Town – London илиBocagrade – Cartagena. За исти пари можам да живеам во стан во центар на Скопје, градски ѕид или ганц нов стан во Манила или Бангкок во зграда со секакви чуда со базени, теретани, кино сала, шопинг центар под самата зграда... За исти пари дури и поевтино можам да си купам викендица на Бали, Боракај или Пукет ко во Охрид со тоа што таму туристичката сезона ми е 12 месеци. Кој како ќе си одбере за себе. За мене најдобро е да не се лимитирам, да продолжам да створувам највеќе што можам и стварно не ми е гајле каде во кој дел на светот би било тоа доколку сакам да се вклопам во таа средина. Порано ако сум морал и сум немал избор денес го имам. Сепак сите се бориме за да имаме што е можно повеќе избор така?
Во МКД кога ќе завршам со работа. Едно време мислев бизнис едно друго таму, дури и пробав. Денес за мене МКД е Club Med дестанација. Дојди види се со луге, одмори, наполни батерии и arrivederci се гледам пак за некој месец.
Јасно дека има и во МКД луге што живеат убаво и успеале и мило ми е за нив. Сепак кога ќе прошеташ и видиш што се има низ светот сваќаш дека и пари да имаш и се да ти е ко подмачкано во МКД има МНОГУ други работи што фалат. За почеток си во стаклено ѕвоно опкружен со индијанци кој се борат за опстанок. Тука спаѓаат и роднините и другарите од детеството. Колку и да си фин и да сакаш да помогнеш оние што стварно те сакаат и ценат после извесен период сами се тргаат оти мислат дека те користат. Другите гајле немаат ама тогаш веќе сваќаш на што си. Мали „ликсузи“ ко асален странски ресторант нема зошто нема кој да иде - пропаѓаат. Забава ти се сведува на „балкански“ естрадни ѕвезди. Летови, болници, администрација, шалетери, општа култура на улица, се е комично кога си живеел во нормална држава. Тоа ќе се смени ама ќе фати време. Некој работи се подобруваат ама далеку сме од она што го очекуваме ко минимум. Сега за сега ќе се гледаме на проаѓање за 10 год кој знае може и ќе ја биде, еве јас се надевам.