Епа вака, гледам сите си вадите состави кои ви се допаѓаат. Ајде и јас да не останам покусо
Со новиве играчи Манчини има далеку повеќе разноликост во тимот. Сеа има шанса да игра 3 формации. Досега на пријателските испроба две од тие што ги предвидов.
Еве ја првата
4-2-2-2
Значи за ова формација би ги користел следните играчи
Цезар
маикон-самуел-матераци-максвел(овде го нема киву бидејќи оваа е поотворена формација со офанзивна игра на бековите)
сеа следат Виеира-Камби(Занети...мора еден да се повреди значи за разлика од лани сеа има Манчини опција да играат Камби и Виеира, па да го врати Занети на бековската позиција а Маикон или Максвел да играат лево)
Овде оди Станкович лево(најдобро игра на таа позиција...се сеќавате на миланското дерби?

и на деновите во Лацио), ФиКо оди десно 1 пол. па после следи Волшебникот или постои и трета опција во случај на повреда Суазо!
Напад, со вака истурени бекови и офанзивни крила најдобро би се снашле Ибра и Круз. Тоа е првата варијанта.(како што забележавте сеа за секоја позиција имаме 3 опции)Yeah!!!
Опција број 2
Ланската формација
4-3-1-2
Цезар
Маикон-Кордоба-Матераци-Киву
Занети-Виеира-Камби
Станкович(како полушпиц) или опција е и Хименез(или дури и Ибра можи да се врати назад)
Во оваа формација најдобар напаѓачки тандем би бил Адри - Креспо
Забележавте оваа е далеку подефанзивна формација, овде се игра само со долги топки, се форсира Адри.
И опција број 3 која најверојатно ќе ја форсира Манчини
КАТАСТРОФА е ама може да се покаже изненадувачка за конкурентите.
За Лига на Шампиони е измислена, не се форсира се игра затворено сигурно, кога сакаш се отвора и се префрлува од дефанзива во целосен атак од крилните позиции.
5-3-2
Цезар
Маикон(истурен)-Самуел-Матераци-Киву-Максвел(истурен)
Бековите по потреба ќе делуваат како крила, нивна подршка ќе бидат Камби лево и Виеира десно. Станкович би се нашол на средина и би ја поврзувал средината со нападот. Овде се игра со брзи подавања да се фати противникот на погрешна нога. Напред би играле Ибра и Креспо или Суазо и Ибра. Оваа е закон формација, мислам дека многу често ќе го гледаме Интер да игра вака.
Толку од мене, поздрав.
едит: МАнете мееее!„!!!!! Киксссснав ок не размислив, моја грешка. Солари треба да си оди ако мисли Манчини да го зема Тајсонот во тимот. Грешно пресметав јас кикснав се извинувам...од жешкото е(пффф како не

) Вака е работата, Орландони ќе се земи само затоа што е трениран од Интер, тренирани во Италија- Матераци, Хименез, Толдо...значи фалат уште 2 младинци. А за ситуацијата со Киву, ќе мора да се одбери или романецот или Тајсон.