- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.966
- Поени од реакции
- 4.073
А зошто мислиш дека го прават ова со берзата?Не се согласувам зошто баш обратно е ја олабавија даночната политика , чим кај хартии од вредност е привремено тргнат данокот нема логика депозити да даночат.
Датум: 19.11.2012, 16:55
ВЛАДАТА СО НОВИ РЕШЕНИЈА
Нула данок за приходите од берза
Kапиталните добивки што ќе се остваруваат на берзата од 2013 до 2015 година ќе се ослободат од плаќање персонален данок. Ова се содржи во измените на Законот за персонален данок на доход што беше усвоен на завчерашната отворена седница на Владата.
Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, од плаќање персонален данок се ослободуваат приходите што се однесуваат на капитални добивки и тоа во период од 3 години. Ова се однесува и на приходите остварени во вид на паричен надоместок од националните уметници според Законот за национални уметници.
На седница владата ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за хартии од вредност. Со нив сите акционерски друштва задолжително мора да котираат на берза, но за да се подготват за тоа, ќе имаат преоден период, кој ќе изнесува пет години и тоа од 30 април 2013 до 30 април 2018 година. Министерот Ставрески истакна дека се работи за значајни измени на овој закон.
- Првата група измени се однесуваат на воведувањето на обврската за задолжителна котација на акционерските друштва. Вториот сет се однесува на објавување ценовно чувствителна информација. Со неколку одредби од Законот се воведува обврска за акционерските друштва веднаш, а најдоцна наредниот работен ден до Kомисијата за хартии од вредност да доставуваат извештај за секоја ценовно чувствителна информација. Истото во рок од пет дена треба да го објават во дневен весник како соопштение - рече Ставрески.
Третиот дел од измените се однесува на структурата на органите на управување и на работењето на Kомисијата за хартии од вредност.
#
Оти не е раздвижена како пред 5-6 години?
Има многу други работи што треба да им бидат по приоритет отколку ова, како на пример PayPal во Македонија. Ова е колку да се каже олабавуваме даночна политика, а бројот на луѓе што ќе биде опфатен со ова е многу мал, изузетно мал