Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Najdobra varijanta e da odiš gore porabotiš 3-4 meseci normalno za toa vreme zvees kako kuče si gi zemas parite i si doagas nazad vo Mk i slednite 8 meseci gi teras po keif,moze i normalno da si produzis da rabotis to sto si rabotel pred toa vo MK,moze i da go prcis k**t ako dovolno si pecalil i ako domakinski racionaliziras so parite. Ova e win-win situacija.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
А во Македонија уживаат со 50 денари дневно и со месење мекици секој ден за да не останат гладни.Можеби во Германија не можат да седнат во ресторан и да се напијат пиво и да изедат колбас,ама овде не го можат тоа ни дома.

Уживаат во куќи неокречени и несредени од бог знае кога,ама битно не се стискаат во сосем солидна гарсониера.
--- надополнето: 7 април 2013 во 21:58 ---

Ако седиш само овде и работиш за 10-12 000 денари ништо не правиш за Македонија.
Многу повеќе ќе направиш ако отидеш 6-7 години во странство,праќаш секој месец 300-400 евра и после се вратиш и отвориш нешто свое ако си способен.

Ако седиш само и чмаеш овде во оваа мизерија ништо не правиш за Македонија.Уште еден голтар кого ќе можат партииве да го лажат.
Потполно се сложувам,ама во просек 90% од тие што заминуваат во странство не се враќаат назад во матичната земја,мислам да живеат,а вака за посети идат.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас заминав од Македонија на 18 години, бркајќи го мојот сон да студирам наука која што во Македонија пред 5 години не постоеше... Да бидам искрена, воопшто не беше лесно да се најдеш потполно сама, во туѓа држава, далеку од сите роднини и пријатели... меѓутоа во ниту еден миг не сум се покајала што сум го направила тој чекор. Станав посилна личност, поодговорна, и пред се самостојна личност. Не дека во Македонија не би било исто, но со сигурност немаше да бидам јас таа што ќе носеше се на свој грб. Да, не беше лесно, но завршив на елитен светски факултет, стигнав на постдипломски студии на она што го посакував со години. Токму затоа не се каам што заминав. Што би било со мене кога би останала во Македонија?! Веројатно ќе бев и јас дел од толпата изгубени души, студирајќи нешто што не ми е пасија, работејќи нешто со сила, живеејќи во свет кој се врти околу ВМРО, СДСМ и Скопје 2014. Никогаш не би била свесна за тоа колку можам јас да придонесам за овој свет, и дека јас сум таа што го води мојот живот, а не некој друг да го диктира. Никогаш не би го гледала светот како мој, како мало место, како јас дел од него... Тоа е разликата помеѓу Македонија и западните држави во кои народот е свесен за својата моќ... А кај нас, народот остава некој друг да си поиграва со него, како тоа да е така предодредено. Со секое мое вракање, имам чуство дека во Македонија станува се похаотично, се потажно, се повеќе луѓе без волја и без насмевка. Веќе не е онаа Македонија во која јас пораснав. И да, би се вратила еден ден, кога би била сигурна дека некој ќе ја цени мојата личност и моето знаење, а не мојата членска книшка.
Највредниот пост на темава.(y) Понекогаш следењето на сонот и она што сакаш да го работиш е и подеднакво важно колку и финансискиот фидбек.:)
 
M

mordekaj

Гостин
Вака.. прво не потекнувам баш од сиромашно семејство ти тоа некако погрешно си го разбрал.Друго тоа што ме праша го разбирам тоа и тоа е така затоа што нашата држава по уредување е толку да ја наречам ''партизирана'' затоа што се примаат на работа секакви,јас имам такви познаници со досиеа што се,не знаат 2 по 6 колку е а животот им е мед и млеко за разлика од поголемиот дел на другите.Правило во животот е дека секогаш треба да се потрудиш малку повеќе од тоа што моментално се трудиш.Сакам да кажам,директорот на најголемата фирма за мебел во светот ИКЕА почнал од дете да продава кибрит и некои ситни глупости,од тоа отворил мал дуќан и поправал столици и маси кои му ги носеле исто многу млад.Денеска има империја за мебел и бог знае колку милијарди долари.Поентата беше ако сакаш да успееш ќе успееш сегде без разлика во каква позиција си,каков си,колку си школуван итн.ЧОВЕК СТИГА ДО ТАМУ ДО КАДЕ ШТО Е ПАМЕТЕН.
Ако е така како шо викаш ајде кажи ми еден човек од Македонија шо успеал у животот да спечале(ама на поштен начин),како тој директорот на ИКЕА шо го спомнуваш?
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ако е така како шо викаш ајде кажи ми еден човек од Македонија шо успеал у животот да спечале(ама на поштен начин),како тој директорот на ИКЕА шо го спомнуваш?
ЗА ЖАЛ нема до толку успешен,ама има доста успешни бизнисмени,мислам дека не е потребно да ги кажувам по имиња и презимиња.

Све зависи од упорноста и желбата од која никнува инает (ако никне добро е). Само кој колку му треба и кој со колку е задоволен. Ние Македонците сакаме да бидеме мангупи и сеа тоа е...
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Greska si,dali 10% ostanuvaat gore. Najgolema greska sto ja pravat e taa sto mislat deka koga ke se vratat doma vo MK so parite deka gospod za jajca go fatile,site ke im se klanjaat i deka gi ceka biznis ili ne znam sto,za koj predhodno si mislele deka samo pari im treba. Najcesto ovakvite koga ke se vratat gi ceka golemo razočaruvanje,ama nikoj ne im e kriv,na zapad rmbale ko crnci,a vo MK mislat deka ke bidat gazdi.
--- надополнето: 7 април 2013 во 22:21 ---
Ако е така како шо викаш ајде кажи ми еден човек од Македонија шо успеал у животот да спечале(ама на поштен начин),како тој директорот на ИКЕА шо го спомнуваш?
Kaj pišuva deka treba da si pošten? Gledaš kako drugite teraat,pa taka ke teraš i ti. Ako se može i se isplaka lopovlukot normalno ke trazis prilika i ti da se nafatiš vo oroto.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Вака.. прво не потекнувам баш од сиромашно семејство ти тоа некако погрешно си го разбрал.Друго тоа што ме праша го разбирам тоа и тоа е така затоа што нашата држава по уредување е толку да ја наречам ''партизирана'' затоа што се примаат на работа секакви,јас имам такви познаници со досиеа што се,не знаат 2 по 6 колку е а животот им е мед и млеко за разлика од поголемиот дел на другите.Правило во животот е дека секогаш треба да се потрудиш малку повеќе од тоа што моментално се трудиш.Сакам да кажам,директорот на најголемата фирма за мебел во светот ИКЕА почнал од дете да продава кибрит и некои ситни глупости,од тоа отворил мал дуќан и поправал столици и маси кои му ги носеле исто многу млад.Денеска има империја за мебел и бог знае колку милијарди долари.Поентата беше ако сакаш да успееш ќе успееш сегде без разлика во каква позиција си,каков си,колку си школуван итн.ЧОВЕК СТИГА ДО ТАМУ ДО КАДЕ ШТО Е ПАМЕТЕН.
Па не ме свати се гледа дека треба уште малку за да сватиш некои работи.. Ти потенцирав да си замислиш дека си од сиромашно семејство ама како што пишав не си и неможеш да ги сватиш работите од таа гледна точка...

Да ќе стигнеш ако имаш услови за тоа ако ти се пружи шанса... Луѓето се потпираат на партија а не сваќаат дека ако партијата еве има 200.000 приврзаници теоретски е невозможно 200.000 вработувања да се најдат така да и тоа паѓа во вода.. Сум го пробал и тоа верувај, знам како е покрупните играчи си ги земаат работните места ти пак ќе си бидеш ебан без разлика колку и да се трудиш.. Додека такви луѓе ни ја водат државата така таа и ќе си пропаѓа... Кажими дали знаеш колку од нашиве политичари немаат завршено факултет а некои дури и средно ? Спореди говор на нашите со говор на некој друг политичар...

Мислам колку и да ја гледам државава од позитивен аспект мора да се најде нешто извртено... Убаво кажа една професорка.. Тој што има уште повеќе ќе има, парата на пара се лепи... Тој што ќе нема цел живот ќе нема ете таков е случајот кај нас..
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Аха се извинувам што не те разбрав за почетокот сеа те сватив.Па добро не реков ја 200.000 ама сигурно дека во илјади се бројат вработените во јавната и државна администрација било од ВМРО било од СДСМ и по некој процент од друга партија и останато под ''разно се примени''.

За жал нашето опшество вакво какво што е има повеќе негативности одколку позитивности,тука мислам општо,не само на финансии и финансиски состојби.

Но сепак ни тоа не ми дозволува за да мислам дека треба заради некоја од тие причини да ја напуштам најверојатно својата држава засекогаш.

Ако така размислуваме,што ако ја живееме судбината на нашите предци? 3амисли некоја држава не има под своја власт т.е сме поробени.Тогаш најверојатно во Македонија би останале 17% Македонци и тоа оние стари,изнемоштени,болни и тие што немале услови да ја напуштат.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
ЗА ЖАЛ нема до толку успешен,ама има доста успешни бизнисмени,мислам дека не е потребно да ги кажувам по имиња и презимиња.
Поголемиот дел од успешните бизнисмени кај нас се увозниците што ја заебаа цела држава, увези поефтин зејтин уништи го тој земјоделски дел, увези поефтино и полошо месо, уништи го тој домашен сегмент.

Дали има еден успешен бизнисмен што почнал од македонски пазар и потоа се проширил, а така прават во другите земји, станува доволно моќен во неговата земја и продолжува надвор, јас барем не знам за таква компанија во македонија, ако знаеш просветлиме.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Работите од утро до мрак за едно спиење и дневница од 50-80 евра,кои поголемиот дел се дневен трошок,а малиот дел ги стискате како вода од сунѓер,кога ќе дојдете во Македонија газди да се правите.Назад когаќе се вратите бетер за да надокнадите чаламењето во Македонија.
Што живот ќе беше во туѓина
За ова ли не ви е криво што сте се исселилеод Македонија.
--- надополнето: 7 април 2013 во 20:47 ---

Тоа ти е Македонски синдром.Сам да си го уништиш коренот!
Ти за колкава дневница работиш и колкави ти се дневните трошоци?

И пак, ќе си се цитирам самиот оти или не си прочитал наназад шо сум пишал, или не си се потрудил да сфатиш.
Јас би ти рекол, немој да судиш за нешто што не си го пробал и доживеал. Ти можеш да кажуваш за нешто шо не си го искусил, ама твоето мислење е ирелевантно.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.242
Абе од фалење по темава се замислив во истата Македонија живеам јас со вас? Гледам и овде и во други се спомнуваат плати од 500 евра, куќи, коли...дај кажете ја тајната, јас околу мене гледам само луѓе што едвај преживуваат и два-тројца апаши со милиони.
 
F

FARANG

Гостин
Јас живеам само еднаш и планирам да си го истерам животот на најдобро можен начин за мене лично. За Македонја има кој да мисли. Еве на форумот гледам има многу загрижени што ете ќе останат во МКД да не ја дадеме и да не пропадне. Во МКД имам инвестирано. Имам недвижнина. Имам и вработено луге, да дел од нив ми се роднини ама сепак не се терет на државата него се на мене. Имам и помагано кога доагале делегации овде. Кога требало сме праќале пари и тоа не баш малки суми. Иако мојте имаат 20тина години стаж во МКД немаат денес право на МКД пензија. Овде со пола од тоа си имаат и си ја користат. Нивни пари се, они ги заработиле не е како во МКД да се уплаќа па после само ако имаш доволно години да добиеш пензија ако не да ти ги украде државата. Истите овие „патриоти“ што останаа во Македонија го сменија знамето и ја прекрстија државата. Се продадоа и приватизираа. Немој да се вадите дека тоа биле политичарите, ВИЕ ги гласавте не ние овде. Така да немој да ми збориш за патриотизам кога дозвулаваш малцинство да ти попува како сака дома.

За крај јас не сум во странство за пари. Завршив одамна со печалба. Дури не ни требаше да печалам, мојве направија предоволно. Јас сум тука оти сакам да ЖИВЕАМ. Во МКД доагам на 2-3 месеци да се видам со мојте и со пријателите и после шибам во австалија и азија. Лајфстајлот што ние го имам и живееме на страна и пред се мирот откако ќе си го средиме животот овде е најголема придобивка. Да првата генерација (во мојот случај мојте значи не јас) ќе се измачи ама затоа понатака се е многу многу полесно.

Смешна е секаква споредба меѓу Македонија и запад на долга патека. Ептен смешна...
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Na tebe ti e smesno, ama nekoj sto ubavo si se sredil vo Makedonija pa na tebe i ostanatite gurbetcii im se smee. Jas licno ne se smeam. Sekoj ima pravo na izbor. Vo tugina samo na pecalba,i toa max 3-4 meseci vo godinata ko sto napisav. Da bi živeel tamu, nikogaš.
 
F

FARANG

Гостин
Не е проблем да се средиш во МКД поготово ако си работел во странство. Тоа е многу лесно, станува збор за смешни суми во споредба со запад. На многу места во светот паркинг плац во центар е колку 3 собен стан во Скопје. Финтава е дали сакаш да живееш во Македонија и утре таму да имаш семејство. Дали сакаш децата да ти идат во школо во Македонија па ете иако ти си се снашол и они да мора да се снаоѓаат. Јас секогаш ја имам опцијата да се вратам тоа е најмал проблем. Едноставно сега за сега не сакам. Имам избор сум го избрал тоа за мене.

Слично гледаме на тоа работи 3-4 месеци на запад, троши во МКД (на исток) мада јас порадо би на други места на исток. Некаде каде што не морам да се замарам со политика или други работи што ме нервираат. Некаде каде што можам за исти пари па и поевтино него во МКД да се опуштам на целосно уживање како што јас сакам. Изборот е дали да пијам кафе на улица Македонија или Walking St Pattaya дали да живеам во стан во центар или Trump Tower Manila, викендица во Охрид или Бали....
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ајде да направиме паралела, какви услови има овде за живеење и дали филмот „ у Европа немаат за леб, а тука газди се прават ви е точен“. Се разбира важи индивидуално, некој ако не го бива нема да го биде ни во МКД, ни на Марс.
Трошоци за живеење:
1. Стан наместен под кирија со 40м3 на 5 мин од работа за двајца каде идеш со кола оти бензинот ти е 1.6 е- 475 евра месечно. Тука во ценава влегуваат комуналиите (вода, парно, чистење во зграда и паркинг приватен)
2. Струја месечно 25 евра.
3. За јадење, пиење и препрдување во буквална смисла со цела колекција на алкохолни пијалоци, месо, овошје, зеленчук и домаќински препарати како тавчиња, пластични кутии, различни сервиси - месечно за двајца е 500 евра.
4. Облека со цена иста како кај нас.
5. Кафе од 2.5 евра нагоре
6. Пијачка ред бул+водка 8 евра. Пивата се далеку поефтини
7. Ручек во ресторан за двајца 60/70 евра на масата да немаш место.
8. Викенд за двајца да прошеташ, сместување од 150 евра+бензин до местото+јадење и искачање= 300 евра.
9. Интернет, телефони и стикови за по пат - 40 евра.
10.Концерт на Лана Дел Реј да речеме 260 евра карти за двајца.
Нето плата на еден вработен 2000 евра. Другиот може или да ги фрли парите или да ги остави во банка за штедење.
Квалитет на живот:
1. Патиштата се писти, во помал град од 70 000 жители улиците се со две ленти за секој правец. Сообраќајни знаци на секој чекор и обележување. Сообраќајна култура на макс ниво, да ти свири некој на семафор - нема шанси. Тој што е за право го чекаат сите кои треба на семафор да завртат на страна, се чека до последниот па тргнуваат. На автопати со три ленти, накај Берлин и со четири ленти писта.
2. Чиста животна околина - ни една хартија на земја немам видено, ниту една. Имаат како рециклажни дворови пред секоја зграда куќа, се врши селекција на отпад тоа е заградено со клуч од секој станар и ставено под конец. Бездомни кучиња и мачки - нема, значи не постојат, ниту едно. Немаат раскантани контејнери кои ужасно смрдат и летаат мачки од внатре.
3. Култура на оддржување - сите дворови искосени, средени пицикато. Фасади обновени, иста висина куќите, со летни тараси и реквизити за деца. Зградите со зеленило пред нив средени под конец.
4. Има и помали места за живеење - селца истата слика на чистота и средени улици со фасади
5. Работат од 08 до 16ч ни минута повеќе. Пола саат, некаде до 17 час со саат и половина пауза. Паузата значи пауза, светот да се сруши они во 12.30 излегуваат од канцеларија. Нема почекај фактурава не е направена те чекаат клиентите или заврши го ова па испадни. Нема такво нешто пауза си е пауза.
6. Во станбени згради има куќен ред, неможеш ти да бушиш по дома во 18 ч или да пушташ машина за перење во 12 на полноќ. Викање и дерење, музика гласна ни под разно.
7. Систем на размена дхл, се разнесуваат преку нив, плика се пуштаат во сандачиња на улица со поштенска марка. На бензиска пумпа сам си точиш гориво и влагаш да платиш. Смешно ми е да замислам кај нас кој би влегол да плати од како ќе си наточи, тоа е биде брканица . Заштитени места за некои видови на орли шумска површина во самиот град. Складови за дрва отворени без чувар и ограда. Се прашувам казните за крадење колкави се, чим не се заштитуваат луѓево.
8. Љубезност од секој и секого. Неможе некој да ти се испонаша, касиерка да ти се дере или некој да замолиш и да не ти помогне или упати на вистинско место, тоа нема шанси.
9. Работат само тоа што им е работа и ништо фазла. Работни места кои кај нас еден човек ги завршува овде секој си работи само тоа што треба. Ако правиш ф-ри правиш ф-ри, ако печатиш и разнесуваш хартија само тоа го правиш, ако имаш директна комуникација со клиенти само тоа, поделеност на работите до совршенство. Иде да мести интернет, незнаеш да му кажеш каде се главните приклучоци на зграда, си заминува исто како да завршил работа. Следен термин да дојде по мејл за две недели дотогаш треба се на тацна да му принесеш. Кај нас од Близу ако не го намести за еден ден абе со секира ќе го бркаш пред зграда има да ги најде сите приклучоци што му требаат сам и да не те праша ништо, ќе се искачи на бандера истиот ќе се симне, ќе те приклучи, кабел ќе донесе, ќе намести па потоа ќе замине. Тој од Близу се задржува по саат време на едно место, овде по 10 мин. Толку му е испланирано, ако не заврши работа ќе си закажеш друг термин и ќе чекаш како и сите.
10. Градинки, училишта, забавни паркови, центри, рехабилициони центри, нега и домашна посета имаш како на дланка. Луѓето овде на 80 години џогираат. Сите возат точак и џогираат. Затоа живеат по 100 години, тие од 90 личат како кај нас на тие од 70 години.
11. Градски транспорт и транспорт помеѓу градови, тоа не треба да споменам дека нема споредба. Возот стасува во 08ч, не во 08.15, не во 08.43 туку во 08. Обележано, издефинирано, нема шанси да се изгубиш или да погрешиш. Исто и цената нема споредба. Внатре во возот тишина. Чисто, кондуктерот љубезен.

Споредба со кај нас нема, бидејќи живеат различен живот и тоа ги исполнува. Нема во кафани на маса искачен и музика, нема секој ден на кафе, кафиќите им се полу празни, освен кога има сонце и седат на плоштад. Они одат на викенди, на шетање по други места, на крстарења, на егзотични патувања, на концерти, премиери, театри, кина. Искачаат кога им се искача, а не дека е петок или сабота. Тоа ги прави среќни, така живеат.
Негативни страни за странци како нас е што имаш проблем со прилагодување кон храната, они користат други зачини. Имаш проблем со таа мирна атмосфера, никој не ти свири на семафор, не ти се пика у лента, нема дерење по улици Ејј Перо кај си бе да му ебам мајката, сите ти пуштаат ред, ти држат врата да влезеш или излезеш ако се пред тебе не ти ја пуштаат да те залепи. Кучињата им се како деца, секаде се со нив, тоа ми е незамисливо. Недела е фамилијарен ден, не работи ништо и цели фамилии си се шетаат или идат по гости.

Сигурно некој ќе се запраша од каде толку вработеност и плати во Германија, таков систем, такви даноци од 40% од плата, социјален и здравствен систем и слично. Дефинитивно во Германија користат 95% само Германски производи. Од она што го гледам, дали е електроника, храна, облека се им е Гермнско производство. Не дека неможат да донесат Турски, Кинески и Јапански модели, едноставно си ја штитат цврсто економијата. Цените си ги држат високи, пример бараш телевизор да купиш во голем центар за електроника и немаш тв под 250 евра со мал екран. Значи немаш ти турски тв од 4000 ден. Нема бре ќе купуваш Германски телевизор кој ќе си кошта онолку колку што ти е стандардот. Секако ти од месечна плата имаш да платиш телевизор каков што сакаш. Друга работа е што многу трошат. Значи секоја сабота е преполно и они купуваат до ситници, апарат за варење јајца. Значи толку им се сведени работите на мин што несакаат да се замараат со ништо. Се си имаат, се си купуваат. Во продавница се продаваат варени јајца. Е до толку не се замараат. Храната е поделена на био и не био. Вкусот со нашиот нема споредба. Единствено вреди домат, пиперка и кромид. Зелка и марула, со краставица тоа ти е чиста бљувотина. Јагоди поголеми од една чинија, си јадат мака немаат :) Се разбира се е германско и под систем израснато. Ја немаат нашата клима и вкус.

Со Германска плата можеш да бидеш човек во Германија, во Македонија крал. Под човек се подразбира да можеш апсолутно се да си овозможиш што ќе посакаш, да прошеташ, да создадеш, да зачуваш. Можам да кажам дека кај нас повеќе се работи, него тука. Ние работиме работа за 5 души за плата од 12 000 ден. Овде се е поделено. Плус доста често и по скратено време работат. Едниот работи цело, партнерот пола да има кој да биде со децата. Пари не им требаат плус, ако им требаат идат на цело работно време. За три месеци купуваат кола. Со една месечна плата купуваат работи за домаќинство. Со следните идат на одмор. А тие што ќе останат ги штедат за недвижнина. Паралела со кај нас нема. Работиш 12 месеци, кола заштедуваш со кредит на 10 години. Недвижнина купуваш еднаш во живот, ако не ти ја оставиле твоите. Одмор ако има, хранење без препрдување во фрижидер. Облека ретко, концерти и шетање уште поретко. Кај нас карта за концерт е 1000 ден. Овде карта за концерт над 100 евра.

Систем до совршенство функционален. Социјално, пензиско, здравство. Со датуми, со закажувања, без некој да ти се дере оти не го допил кафето, со точен саат и минути. Со извинување по мејл доколку се презакаже. Неверојатно. Систем кој ние може само да го сонуваме во Македонија. Брзина на завршување административни работи, кои документи ти се потребни детално, каде можеш да ги набавиш. После каде треба да идеш, кој ќе те пречека во 11 часот со име и презиме.

И кога ќе ја лупне некој овде немало живот, кај нас имало да му завртиш една шамара попреку и да го изнесеш од МКД да види како функционираат системите. Ние сакаме нашиот живот и менталитет тамошен да го има секаде. Абе несакаат луѓето да пијат по кафани и да дремат по кафиња секој ден. Не дека немаат, несакаат. Си го исполнуваат времето со аеробик, фитнес, џогинг, возење во природа, пикник, не гледаат потреба да пијат кафе. Тоа не значи дека не живеат туку не живеат како нас. Што се за нив 90 евра месечно за кафе секој ден, мачкина кашлица. Или ручек во ресторант еднаш неделно. Ние да не тепаш не идеме на концерт на филхармонија, овде до карта неможеш да се дочепиш. Карти за театар и опера, тоа е класична тепачка. Нормален живот си живеат и бегаат од големи градови. Селата им се преполни, они самите си се населуваат во мир и тишина, не дека немаат да си купат во Берлин стан. Мали градови им се до 100 000 жители и кога формираат семејство, се преселуваат и бараат работа на помирно место. Кога ќе наполнат повеќе години идат во село. И таков им е циклусот.

Е сега ги нема пријателите и мама и тато до тебе. Нема да седиш цел ден без работа, бидејќи работа има за секој над 18 год. Немаат потреба од факултети, кога со средно си работат. Кај нас од што нема работа сите завршуваат факултет. Нормално е да ти недостигаат блиските, кафаните, климата. Но далеку од тоа дека ти недостигаат оти овде е лошо. Тотален шок на системи, од лудница доаѓаш до перфекција. Или ќе ти прија или нема да ти одговара па ќе се вратиш назад. Ако неможеш да се снајдеш ќе кукаш и ќе викаш дека Македонија е одлична за живеење. Ако се снајдеш во тој систем и го прифатиш смешно ќе ти биде за споредба, а камоли да се вратиш со живеење назад. Во Македонија нема стандард за нормален живот. Ако имаш ти, тој најблискиот до тебе нема за такво живеење и ќе мораш да се прилагодиш. Овде имаат сите и си парираш со стил на живеење. Ако некој сака да иде на кафиња идеш со такви луѓе. Ако некој иде по театри идеш со такви. Значи си наоѓаш со слични интереси, бидејќи финансиската страна ја нема како пречка. Ги имаш сите профили за дружба.

И во Македонија ако работиш имаш работа-дома систем. Е сега што има луѓе со многу слободно време и можеш да им се придружиш каде безделничат после работа ако ти е кеиф. Е овде бездалничари нема, а се знае дека после работа ти се одмара. Вечерта да излезеш да прошеташ и во кревет. Од муабетиве излегува дека во МКД сите од работа после дома не се прибираат седат до 2 ноќта акаат. Ма немој, еднаш ќе се погоди така, следниот ден на работа ќе цркнеш на маса и нема да ти текне во следните 5 месеци да го повториш тоа.

Она што е голема пречка за странци е што не го познаваат Англискиот јазик. Многу ретко да начекаш некој да го зборува. Си зборат Германски и има да научиш Германски или ќе бидеш како теле во шарена врата. Се е на Германски напишано, сите производи се на Германски, преводи и слично. Значи без знаење на Германски јазик тешко комуникација, можеш да ги пцуеш до сабајле.

И за крај верувам дека сите се каат што излегле од Македонија, навечер не спијат од каење. Филм на еден просечен Македонец, ајде бе бегај таму нема живот, живеат како кучиња во гарсоњера, работат по цел ден и ноќ, не излегуваат, не се дружат, не одат на кафе.. И така Македонија изгледа веднаш посовршено место за живеење, нешто као приспивна приказна пред спиење. Мечето Ушко.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom