Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Работите од утро до мрак за едно спиење и дневница од 50-80 евра,кои поголемиот дел се дневен трошок,а малиот дел ги стискате како вода од сунѓер,кога ќе дојдете во Македонија газди да се правите.Назад когаќе се вратите бетер за да надокнадите чаламењето во Македонија.
Што живот ќе беше во туѓина
За ова ли не ви е криво што сте се исселилеод Македонија.
--- надополнето: 7 април 2013 во 20:47 ---
Тоа што Турците, Србите, Бугарите не успееја да го направат до 1946 т.е да не асимилираат, уништат или едноставно да не снема од тука, успееавме самите ние да си го направиме за неполни 20 години, да се иселиме
Тоа ти е Македонски синдром.Сам да си го уништиш коренот!
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
А што мислиш што прават гастербајтерите во странство? Тие што се во Германија случајно да не имаат седнато да испијат едно германско пиво и јадат германски колбас? Не прават муабет за луѓето што имаат некој факултет и не можат да најдат работа во Мкд, па се иселиле таму, туку за луѓето што со средно заминале седат во некоја гарсоњера и стискаат пари и работат ТФР таму, а голем дел се такви.

Кој седи и работи во скопје и е малку од подалеку од центар или треба да менува 2 автобуси на работа, странција ти во слична состојба, знаеш дека денот ти поминал на работа, само што таму барем ти е среден превозот, а не како ЈСП.

Американците просечно губат по 3-4 часа во возење дневно до работа и назад, нешто како од Гевгелија до Скопје и назад секој ден, само што таму барем патот е само право и коловозите се секогаш чисти, за разлика од кај нас.

Никогаш не би седел во такви градови, каде треба да поминеш 3-4 часа во возење до работа и назад.

А дали би се иселил, да и тоа во некоја земја која е малку позната, не е во ЕУ, како на пример Исланд или некоја друга медитеранска земја, каде луѓето знаат да уживат и живеат како во Мкд, само што таму ќе биде малку посредено.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Тие што се во Германија случајно да не имаат седнато да испијат едно германско пиво и јадат германски колбас?
А ако нарачаат уште една тура и купат 1-2 пакувања цигари,ОТИДЕ ДНЕВНИЦАТА,после стискај повеќе од вообичаеното да ја надокнадиш загубата инаку ќе имаш помал буџет за чаламење во Македонија.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Gurbetčiite realno kažano može voda da im nosat na našive državni paraziti zaposleni u javniot sektor,ako opšto go sporedime kvalitetot na životot i odnos ceni-uslugi/plata.

Našive budzetarci zalepeni na državna cicka si go živeat khm * the macedonian dream*.

Samo im se smeat na gurbetčiite koi patem so toa sto prakaat pari navaka i na niv im go polnat mešeto. :tapp:
 
M

mordekaj

Гостин
Chemical Angel: Друже како прво јас сум гастербајтер како шо викаш ти(колку ми е смешен само зборот гастербајтер),и сум само со средно,и не патувам 2-3 саати до работа,него одам пеш,на 10мин ми е работата.И не,не работам ТФР.И да, имам време да испаднам на пиво,и не живеам у гарсонјера.Незнам зошто пишувате за нешто шо не сте го пробале.Али нека ви биде...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
valvoline: Потполно се согласувам со тебе, но главната работа е што големите градови не ти нудат ништо освен куќа-посо-посо-куќа, бидејќи ти треба доста време да стигнеш на работа, таков е примерот на Скопје, само што скопје е многу помало, а една од грешките во скопје е што инфраструктурата е слаба, да е добра на работа не би требало повеќе од 30 минути.
 
С

Спасе супата

Гостин
Дечки смирете се и уживајте


Онтопик (колку да не ми ја бришат песнава :icon_lol: ). Од споредби нема фајде, тоа што било поминало, за напред треба да се гледа.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Sum rabotel i vo Germanija i Slovenija,realno kažano i tamu rabotničkata klasa ja dupat od site strani i nema nikakov život. Da ne se lažeme toa e pravata vistina. Edinstveno vo svedska, norveska i svajcarija mozebi uste rabotnikot ima kakov takov standard. Ama i tamu filmot polecka zavrsuva. I na zapad ima siromastija nevidena i takvi sto nemaat ni za jadenje ako nekoj ili drzavata ne im dade.

Ако чекаме од печалбарите отиде Македонија по ѓаволите!
Realno od niv cekaat site, nivnite pari se trošat po prodavnici i za kupuvanje kuki i stanovi. Od sekoj prodaden stan gradeznata mafija karuva po 20-30.000 evra i 10.000 lapa državata. Na kogo ova ne mu e jasno treba da odi na lecenje.

Eve jas licno poznavam eden sto rabotese vo Avganistan i so parite sto gi pecali ima kupeno 3 stana za izdavanje. Sega kiriite padnaa na pola i uste pagaat on kosata si ja kube sto gi lupna parite vo stanovi ama ne e bitno.

Eve ja prostata matematika, od tie negovi 3 stana raznorazni Čifliganci imaat zaraboteno 60-70.000 evra i državata lapnato 30.000 preku komunalii i ddv. Ako ne bile tie avganistanski pari cifligancite ke si gi drzea ku**vite vo raka namesto pari, isto i državata.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Ако чекаме од печалбарите отиде Македонија по ѓаволите!
Кој ни ја држи економијата знаеш ли?
--- надополнето: 7 април 2013 во 21:43 ---
Епа тоа е Социјализам и Капитализам.Во Социјализмот најубаво е да си глодар да живееш на терет на државата за други да работат за тебе.А во Капитализмот мора ти да работиш за други затоа што и тоа социјално примање од државата е премногу малку за достен живот.
Чоек... Или твоите имаат ненормално големи примања па ни солиш памет на сите тука или појма си немаш од животот...

Кажими еве потекнуваш од сиромашно семејство... Учиш во школо стискаш пари за да идеш на факс и откако ќе ги поминеш сите нервози,курташаци,трошоци некој ти вика е неможеш да најдеш работа џабе учење... И глеаш некој твојата струка ја завзема со завршено средно... Ајде сега кажими како јас да се борам за себе според твојата логика?
 
Член од
22 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
186
Јас заминав од Македонија на 18 години, бркајќи го мојот сон да студирам наука која што во Македонија пред 5 години не постоеше... Да бидам искрена, воопшто не беше лесно да се најдеш потполно сама, во туѓа држава, далеку од сите роднини и пријатели... меѓутоа во ниту еден миг не сум се покајала што сум го направила тој чекор. Станав посилна личност, поодговорна, и пред се самостојна личност. Не дека во Македонија не би било исто, но со сигурност немаше да бидам јас таа што ќе носеше се на свој грб. Да, не беше лесно, но завршив на елитен светски факултет, стигнав на постдипломски студии на она што го посакував со години. Токму затоа не се каам што заминав.

Што би било со мене кога би останала во Македонија?! Веројатно ќе бев и јас дел од толпата изгубени души, студирајќи нешто што не ми е пасија, работејќи нешто со сила, живеејќи во свет кој се врти околу ВМРО, СДСМ и Скопје 2014. Никогаш не би била свесна за тоа колку можам јас да придонесам за овој свет, и дека јас сум таа што го води мојот живот, а не некој друг да го диктира. Никогаш не би го гледала светот како мој, како мало место, како јас дел од него... Тоа е разликата помеѓу Македонија и западните држави во кои народот е свесен за својата моќ... А кај нас, народот остава некој друг да си поиграва со него, како тоа да е така предодредено. Со секое мое вракање, имам чуство дека во Македонија станува се похаотично, се потажно, се повеќе луѓе без волја и без насмевка. Веќе не е онаа Македонија во која јас пораснав. И да, би се вратила еден ден, кога би била сигурна дека некој ќе ја цени мојата личност и моето знаење, а не мојата членска книшка.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Не им ги бришам лајната на капиталистите, туку тие ги бришаат моите.
А тоа што го работам би можел да го работам и ви МК.
А за овци ништо не е чудно сум чуваловци и кози и крави, сега чувам пчели, не за тоа што немам друга работа туку затоа што сум ШОП, и селанец.
Зборот ми етој ако сакаш да заработиш тогаш можеш да заработиш и во МК, 1 јагне просек е 50е + 50е од сирење од 1 овца, = 100е х 100 овци = 10 000 е Сам газда директор, бизнисмен, Таа математика е многу едноставна и за тоа такви филозофи како ние не можат да ја разберат.
Гледам дека си јак бизнисмен... Стварно ти се чудам на паметот...

Кажими го само ова зошто селата кај нас се осиромашени? Поточно зошто нема богати земјоделци... Има земјоделци кои што имаат имот но тоа им е само доволно за живеачка ништо посебно од Градот... Гледаш ти на вести или пак читаш теми на форумов што маки тргаат земјоделците? Мислиш дека субвенцијата од 20.000 денари ќе им ги скрати маките? Ајде дојди во Македонија да правиш пари ако е толку лесно...Абе за овие работи зборите како мастики да се прават да беше толку лесно немаше населението да ни изумира односно старите да остануваат младите да бегаат..
--- надополнето: 7 април 2013 во 21:47 ---
Да сумираме во државава ќе си останат оние кои што си имаат светла иднина богати родители, партиски вработени, платичка од 1.000, 2.000 евра... Затоа нема потреба да солат памет на други чија судбина е сменета со донесената одлука.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Chemical Angel: во Македонија уживаат со 50 денари дневно и со месење мекици секој ден за да не останат гладни. Можеби во Германија не можат да седнат во ресторан и да се напијат пиво и да изедат колбас,ама овде не го можат тоа ни дома.

Уживаат во куќи неокречени и несредени од бог знае кога,ама битно не се стискаат во сосем солидна гарсониера.

И мене не ми пружа кој знае какви услови па ете не мислам никогаш да се иселам.Затоа што ако не совеста ќе ме суди историјата за тоа,КАКО МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ИСЕЛИЈА ОД МАКЕДОНИЈА И ЈА ОСТАВИЈА НА МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ ДА ЈА РАСТРГНУВААТ.Само тоа..
Ако седиш само овде и работиш за 10-12 000 денари ништо не правиш за Македонија.
Многу повеќе ќе направиш ако отидеш 6-7 години во странство,праќаш секој месец 300-400 евра и после се вратиш и отвориш нешто свое ако си способен.

Ако седиш само и чмаеш овде во оваа мизерија ништо не правиш за Македонија.Уште еден голтар кого ќе можат партииве да го лажат.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Ama najinteresno e toa sto od gurbetciite ni 10% nejkat da ostanat da ziveat vo stranstvo. Najloso e koga vo Mk ke im presusi korenot,a gore nejkat da ziveat. E onda si covek bez idnina i bez nikakva perspektiva. Godinite si go pravat svoeto. Poznavam nekolku ovakvi osobi.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Кој ни ја држи економијата знаеш ли?
--- надополнето: 7 април 2013 во 21:43 ---


Чоек... Или твоите имаат ненормално големи примања па ни солиш памет на сите тука или појма си немаш од животот...

Кажими еве потекнуваш од сиромашно семејство... Учиш во школо стискаш пари за да идеш на факс и откако ќе ги поминеш сите нервози,курташаци,трошоци некој ти вика е неможеш да најдеш работа џабе учење... И глеаш некој твојата струка ја завзема со завршено средно... Ајде сега кажими како јас да се борам за себе според твојата логика?
Вака.. прво не потекнувам баш од сиромашно семејство ти тоа некако погрешно си го разбрал.Друго тоа што ме праша го разбирам тоа и тоа е така затоа што нашата држава по уредување е толку да ја наречам ''партизирана'' затоа што се примаат на работа секакви,јас имам такви познаници со досиеа што се,не знаат 2 по 6 колку е а животот им е мед и млеко за разлика од поголемиот дел на другите.Правило во животот е дека секогаш треба да се потрудиш малку повеќе од тоа што моментално се трудиш.Сакам да кажам,директорот на најголемата фирма за мебел во светот ИКЕА почнал од дете да продава кибрит и некои ситни глупости,од тоа отворил мал дуќан и поправал столици и маси кои му ги носеле исто многу млад.Денеска има империја за мебел и бог знае колку милијарди долари.Поентата беше ако сакаш да успееш ќе успееш сегде без разлика во каква позиција си,каков си,колку си школуван итн.ЧОВЕК СТИГА ДО ТАМУ ДО КАДЕ ШТО Е ПАМЕТЕН.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Ama najinteresno e toa sto od gurbetciite ni 10% nejkat da ostanat da ziveat vo stranstvo. Najloso e koga vo Mk ke im presusi korenot,a gore nejkat da ziveat. E onda si covek bez idnina i bez nikakva perspektiva. Godinite si go pravat svoeto. Poznavam nekolku ovakvi osobi.
Наместо да пробале да се интегрираат таму каде што отишле ако веќе им пресушувал коренот или да се вратат овде да отворат бизнис ако сакаат да си бидат тука ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom