Долго размислував како да одговорам. Крајниот одговор е: да, се каам!
Животот надвор ми дал одредени предности, но како што поминува времето, не е тоа тоа и затоа ќе се вратам во Македонија или ќе имам двоен престој во две држави со тоа што добар дел од времето ќе го поминувам во Македонија. Сите аргументи против ова ми се многу познати, но нема сила да ме спречи да се вратам и да придонесувам со некаков бизнис дома, па нека е и само парче земја кое ќе произведува некоја култура.
Овде изгледа има многумина кои веза немаат како е да живееш во странство, конкретно на Западот, дека прашањето како живееш е многуслојно и повеќе фактори влијаат на одговорот. Тоа ги вклучува: временските прилики, загаденоста, храната и водата, менталитетот на луѓето, политичкиот систем, даноците, односите мажи-жени, слободата, односот кон семејството, можноста да патуваш, стапката на криминал, законите и судството, итн., итн.
Јас прво емигрирав во Канада, а после во Америка, таму завршив факултет и постипломски, се запослив. Има позитивни работи животот тука, но се помалку и помалку. За мнозинството, се се сведува на куча-посо-посо-куча, на трка за кредити кои што ги отплаќаш, на бирократија, стрес и немање време за живот. А тоа веќе не е живот, па дури и да имаш куќа, јаки коли, и да одиш 2 недели на одмор негде.
Секогаш кога одам во ЕУ сум изненаден колку е предимензиониран животот таму, а оцрнет животот дома, барем од некои. Живеев една година во Лондон, и го напуштив бидејќи со ништо не ми пружи убав живот и покрај тоа што имав добра работа во светски позната корпорација. Да не збориме пак за животот во буранија држави како Словенија или Унгарија, или сега Италија и Шпанија, мене барем ми е излишно да аргументирам при оваа безработица и економски пад од кој нема излез, но и заради продорот на радикалните Исламисти кои се повеќе ќе доминираат во тие држави.
Со едно нешто досега речено на темава делумно се сложувам - во Македонија може да ти е отпрвин тесно ако си навикнал на живот во големи земји бидејќи таму ти се менува перцепцијата за далечините, а со тоа и завремето и како се организираш. Но не мора да значи, бидејќи дома си си на свој на своето.