Планирам да земам 2 телефони средна класа. Прв избор ми е HTC Desire X не е многу скап и има солидни спецификации. Арно ама тука е ZTE Grand X IN кој што е поефтин а исто со добри спецификации. Е сега на интернет гледам многу поделени мислења за телефонов, едни викаат добар е други не. Според нив, иако има камера од 8 МП не вадела добри слики и стаклото лесно се гребело. Друга работа што ме буни е Intel процесорот, па ако некој имал искуство со телефонов би сакал да знам како е задоволен. Предлози за други не многу скапи телефони се добредојдени.