Која раса на кучиња не ја сакате?

Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Обожавам и си чувам пекинезер. Некој искоментирал дека не постојат кучиња убијци, нека ми го објасни ова http://www.youtube.com/watch?v=Ei9lesyliAo&list=UUpLCl93SCo0JS17PshEpUmQ Сакате да кажете дека некои немаат нагон за убивање ?? Ова не е мит ;) Куче ко питбул, ротвајлер, доберман итн. ако си замисли у глава нешто партали ке те направи, па ти ако сакаш биди и најдобар газда! Иначе чивава неќам, ко гремлин ми е у фацата :LOL:
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

Ако е така како што викаш пријателе,зошо до сега ме нема нападнато питбул/рот/доберман а сум бил во контакт с многу од тие раси,верувај ми,а ме има ннеколку пати нападнато пекинезер,,и чивава? Не е до расата пријателе,можам од питот да направам маче а од пекинезерот убица :)
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
43
Зошто бе не ги сакате малите кутриња како чивави и пинчери,баш се како гремлинчиња :D се шалам секој си има право на мислење.Јас на пример сите кучиња ги сакам,само не би купила пудлица,црна или онаа како црвеникаво кафена што е,што знам не ми се најсимпатични,а имам чувано малтешка пудла.Во принцип секое кутре би го чувала,доколку го вдомам без пари,ама доколку би двоела пари да купам ете пудла не би земала.Ама не мразам ниедна раса.
Моментално чувам азијат и доколку сум во можност ќе си купам и чивава многу сакам и огромни и минијатурни кутриња
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ако е така како што викаш пријателе,зошо до сега ме нема нападнато питбул/рот/доберман а сум бил во контакт с многу од тие раси,верувај ми,а ме има ннеколку пати нападнато пекинезер,,и чивава? Не е до расата пријателе,можам од питот да направам маче а од пекинезерот убица :)
Просто со некои луѓе не ни вреди да се расправаш, не пробувај да се објаснуваш. Још боље ако има такво размислување, никогаш нема да чува таква раса, што значи тие раси ќе бидат само во прави раце.
Се извинувам за оф топик.

Иначе, ротвајлер си е ротвајлер, а друго куче (ако може да се нарече куче) што ми лежи на срце и знам дека ќе ми биде наредно за чување е Англиски Булдог...
п.с. нема куче што не го сакам, има раси кои не би ги чувала...
 
Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Пинчери се закон, сите остали во Вардариште :icon_lol:
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Ако е така како што викаш пријателе,зошо до сега ме нема нападнато питбул/рот/доберман а сум бил во контакт с многу од тие раси,верувај ми,а ме има ннеколку пати нападнато пекинезер,,и чивава? Не е до расата пријателе,можам од питот да направам маче а од пекинезерот убица :)
Како ке го воспиташ е битен фактор, но не секогаш. :)
--- надополнето: 2 април 2013 во 17:04 ---
Просто со некои луѓе не ни вреди да се расправаш, не пробувај да се објаснуваш. Још боље ако има такво размислување, никогаш нема да чува таква раса, што значи тие раси ќе бидат само во прави раце.
Се извинувам за оф топик.

Иначе, ротвајлер си е ротвајлер, а друго куче (ако може да се нарече куче) што ми лежи на срце и знам дека ќе ми биде наредно за чување е Англиски Булдог...
п.с. нема куче што не го сакам, има раси кои не би ги чувала...
Слушај сум чувала такви раси и верувај, дека многу подобро од било кој биле одгледувани!
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Како ке го воспиташ е битен фактор, но не секогаш. :)
--- надополнето: 2 април 2013 во 17:04 ---

Слушај сум чувала такви раси и верувај, дека многу подобро од било кој биле одгледувани!
Едно е одгледувани, друго е воспитани. И веруј, само воспитување е факторот за кутрето да биде воспитано и тоа секогаш, без никакви исклучоци. Секој проблем со секое куче е решлив, само зависи дали го знаеш вистинскиот начин да го решиш. Не постои ислучок на ниту една раса. Куче си е куче, без разлика на расата, големината и моќноста. Секое куче ќе се однесува онака како што сопственикот ќе му дозволи и ќе го научи. Како ти си ги воспитувала, ја не знам. Ја немам проблеми со расни (ротови и питови, ги чувам нели) и не расни- мешанци (и нив ги чувам), сите се однесуваат онака како што јас ќе допуштам и дозволам. Ротвајлеркава, што ја гледаш на аватар, беше возрасна женка што јас ја вдомив. Беше крајно агресивна со други кучиња. Денес е срцка, дури си има и најбоље другарчиња. Убедиме во спротивно.... ако најдеш начин...
 
L

Lu

Гостин
Куче ко питбул, ротвајлер, доберман итн. ако си замисли у глава нешто партали ке те направи, па ти ако сакаш биди и најдобар газда!
Леле сега се исплашив, незнам дали ќе можам мирно да спијам вечерва ... страв ми е да не ме направи партал мојата Доберманка :pipi:

Шала на страна ... и ти си у право, нормално дека Доберман, Ротвајлер, Питбул и секоја голема и моќна раса, е способна да нанесе тешки, па дури и смртоносни повреди на човекот ... бидејќи реално гледано сам човек нема речиси никакви шанси да се одбрани од возрасен Доберман, Ротвајлер и сл.

Затоа овие специфични раси не се препорачуваат за почетници, и потребно е да се има искуство со кучиња за да знаеш како правилно да го воспиташ кучето.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
Не мразам раса, мразам кога некоја од агресивните раси не е на ланец, а јас шетам со мојот ретривер ... ми се чини ги пукам во таков случај со газдата двата.
 
L

Lu

Гостин
Не мразам раса, мразам кога некоја од агресивните раси не е на ланец, а јас шетам со мојот ретривер ... ми се чини ги пукам во таков случај со газдата двата.
Те молам наведи ми кои се тие агресивни раси ?
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Ко дете ми остана печат од шарпланинец :sneaky: Ама пак не ги поштовам малите раси, ко глувци ми се.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
Те молам наведи ми кои се тие агресивни раси ?
ех, знаеш ти добро кои се кучиња чувари, колку сака нека се мирни не треба да се шетаат без ланец или да им се дозволи намерно или ненамерно да го напуштат дворот......

досега имав проблем со ротвајлер,доберман и вучјак- сите машки како и мојот ретривер
 
ОК ... мислам дека знаеш што би ти одговорила ... така што немислам да пишувам реферати кои што ќе немаат никаков ефект врз соговорникот.
Едноставно Доберманот, Ротвајлерот, Питбулот и сл. ќе останат засекогаш крволочни ѕверови и машини за убивање во очите на некои луѓе ...

ПС. Има еден дечко во парк со Златен Ретривер ... кога ќе ме види мене со Доберманката бега на километри од страв дека нешто ќе му се случи на ретриверот :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom