- Член од
- 10 мај 2009
- Мислења
- 827
- Поени од реакции
- 541
Неверојатно! Зошто избегал истражниот судија или брзал на ручек?
„Нова Македонија“: Истражниот судија предвреме заминал од местото на сообраќајката на Младенов
Истражниот судија што во средата бил задолжен да ја спроведува истрагата за сообраќајката во која животот го загуби новинарот и основач на „Фокус“, Никола Младенов, предвреме го напуштил местото на настанот и целата работа им ја препуштил на сообраќајните полицајци – објавува „Нова Македонија“ на утрешната насловна страница. Весникот се повикува на информации добиени од учесници во тимот истражители, односно полицајци, кои тврделе дека судијата од Основниот суд Скопје 1 не покажал голема заинтересираност за случајот.
„Тој не дал наредба што да се прави, ниту што да се земе како доказ. Се што собрале истражителите од полицијата, сработиле „на своја рака“ – пишува весникот.
Како што веќе беше објавено, во саботата, новинарската екипа на „Нова Македонија“, била на местото на сообраќајната несреќа и пронашла четири фискални сметки од патарини, од кои се заклучува дека „мерцедесот“ на Младенов двапати едноподруго се движел од Скопје до Велес кобната вечер, при што, вториот круг траел 25 минути повеќе од првиот.