Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Неверојатно! Зошто избегал истражниот судија или брзал на ручек?



„Нова Македонија“: Истражниот судија предвреме заминал од местото на сообраќајката на Младенов





Истражниот судија што во средата бил задолжен да ја спроведува истрагата за сообраќајката во која животот го загуби новинарот и основач на „Фокус“, Никола Младенов, предвреме го напуштил местото на настанот и целата работа им ја препуштил на сообраќајните полицајци – објавува „Нова Македонија“ на утрешната насловна страница. Весникот се повикува на информации добиени од учесници во тимот истражители, односно полицајци, кои тврделе дека судијата од Основниот суд Скопје 1 не покажал голема заинтересираност за случајот.
„Тој не дал наредба што да се прави, ниту што да се земе како доказ. Се што собрале истражителите од полицијата, сработиле „на своја рака“ – пишува весникот.
Како што веќе беше објавено, во саботата, новинарската екипа на „Нова Македонија“, била на местото на сообраќајната несреќа и пронашла четири фискални сметки од патарини, од кои се заклучува дека „мерцедесот“ на Младенов двапати едноподруго се движел од Скопје до Велес кобната вечер, при што, вториот круг траел 25 минути повеќе од првиот.
 
C

cige

Гостин
A so ima veze ako e Mercedes ko demek nemoze da se izvrti ili neso drugo ... moze zadremal....se zanel ...mu padnala cigara....go otekovte deka e mercedes i deka ako ima ESP sistem nemoze da izvrti.....
Bure vesnik e tezok ONION vesnik....Toj ropakot nanazad ima pisano tolku mnogu Scfi statii duri Steven Spielberg da mu zavidi ....
бла бла бла....и што сакаше да кажеш изјасни се конкретно оти тежок си за читање меѓу редови?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Оставете го чоекот на раат да си почива бе...

Немојте тука да си тестирате кој колку знае за некоја кола,што гуми имала и слични глупости.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.955
Поени од реакции
67.717
Екипата на Нова Македонија нашла белешки???

Добро што се случува овде, таквите работи вештаците треба да си ги имаат прибрано и изолирано во сефови. Или толку испитале тие или бог зна чии фискални нашле овие од НМ.
Дечкиве концизно си пишале дека белешкиве ги нашле на местото каде што бил автомобилот, така да под автомобилот биле, но тоа не ја оправдува аматерската екипа на вештаци..
 
G

Geezer

Гостин
Фокус најверојатно ќе згасне, во наредниве денови/недели. Дека нема влијание врз народ, затоа. Од чиста мира.
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
1.010
Поени од реакции
12
Оставете го чоекот на раат да си почива бе...

Немојте тука да си тестирате кој колку знае за некоја кола,што гуми имала и слични глупости.
Само да прашам шо е финтава со ова ве гледам на повеќе места "Оставетего да почива во мир", као некој ако збори за случајов на форум не го остава да почине на мир??.... или кај е :D
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.955
Поени од реакции
67.717
Синоќа слушнав еден муабет...

-Уметноста на успешна политичка партија во Македонија е да се додвориш на поголемата маса.
Со оглед на тоа дека поголемата маса ја сочинува средно едуцирано население, политичките партии се насочуваат кон нив.
Фокус беше насочен кон другата маса, кон поинтелигентните, кои се во видно помал број, и немаат ефект врз менувањето на власта...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Само да прашам шо е финтава со ова ве гледам на повеќе места "Оставетего да почива во мир", као некој ако збори за случајов на форум не го остава да почине на мир??.... или кај е :D
А ако изиграваат детективи и откриваат заговори ќе го вратат од мртвите?
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
1.010
Поени од реакции
12
А ако изиграваат детективи и откриваат заговори ќе го вратат од мртвите?
:facepalm:

Па муабетот не е бе за да го врати некој од мртвите новинаров... леее...аман бе. Па за да се открие као кој и зошто го убил нелии...интересно им е на сите и така....а и корисно е да знаеш кој во државава организира атентати и слично.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
:facepalm:

Па муабетот не е бе за да го врати некој од мртвите новинаров... леее...аман бе. Па за да се открие као кој и зошто го убил нелии...интересно им е на сите и така....а и корисно е да знаеш кој во државава организира атентати и слично.
Рандом самопрогласени експерти за автомобили ќе откријат што навистина се случило?

Ај листај си теми у играчница
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
1.010
Поени од реакции
12
Рандом самопрогласени експерти за автомобили ќе откријат што навистина се случило?

Ај листај си теми у играчница
ооооооооооо тегет..... затоа е форум дискусија , информации од ваму таму. Не дека некој треба или ке отркие нешто јако од форумов.Ти не си баш нај интелигентен изгледа.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.486
истражните судии скоро секогаш се појавуваат последни а први си заминуваат од увид.се известуваат што се случило,и најчесто кажуваат ` продолжете со работа` на увидните екипи од МВР.

Не очекувај те истражниот да превземи некои дејствија што би донеле некој голем резултат.најчесто за тоа се задолжени инспекторите и крим техничарите,ако е потребно и вештаците.

истражните судии ги збираат сите списи и одлучуваат што понатака
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Ако може некој да постира гугл мапс координати, немам претстава како изгледа таа кобна кривина.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Од Бранко Героски на фб:

ЕРОЛ РИЗАОВ во „Утрински“ изнесува една од дилемите кои ме мачат и мене (за другите дилеми ќе проговорам кога ќе се потсмирам малку):

„Истрагата за смртта на Младенов изгледа само официјално молчи, а под рака стасуваат до јавноста вести преку одбрани новинари. Ние во еснафот одамна ги знаеме новинарите од доверба кои први ги дознаваат деталите од полициските истраги. Така истражувачките новинари прво ни ги соопштија вестите колку километри возел Младенов, па сега еве дознавме каде бил и колку круга, за колку време, направил од Скопје до Велес и назад до кобниот миг. Замислете, новинарот на „Нова Македонија“ ги нашол фискалните сметки од патарината на местото на несреќата четири дена по деталната истрага. Сега „Нова Македонија“ ќе ги врачи водоотпорните фискални сметки на полицијата, давајќи свој скромен, но значаен приодонес во истрагата. Го разбирам полицискиот политички врв колку е тешко да се соопшти дека Никола Младенов само така бесцелно се возел од Скопје до Велес и назад неколку пати. Младенов имал обичај со возење да се издува за полесно да му поминат гајлињата, што му се беа насобрале. Ова „Нова Македонија“ го открива од блиските пријатели на Младенов пред да го открие истрагата.

Јас верувам во тоа дека возејќи се во автомобил, шетајќи покрај Вардар или качувајќи се на Водно, возејќи велосипед или ролерки може на човек да му олесни па макар тоа го правел и пред полноќ. Верувам дека најблиските пријатели на Младенов знаеле за таа негова пасија, посебност или терапија. Доколку ја имал. Нешто слично и јас правам. Ама, кој може да поверува дека Никола Младенов кобната вечер возел до Велес и назад два пати над 150 километри на час да му помине маката, а полицијата препушта тоа прво да го соопштат новинарите. Зарем таквиот ритуал на полноќно возење не го дознала досега истрагата или подобро е некој да ги соопштува предвремено неверојатните работи во врска со трагичниот крај на Никола Младенов. Се' повеќе смртта на Младенов се обвиткува во мистерија.“

ВО ПРИЛОГ НА ДИЛЕМИТЕ на Ризаов, еден податок. Кобната вечер, во 19.35 и во 23:12, на службениот телефон на Никола му испратив две смс-пораки, во кои од него барав да ми препрати едно интервју. Претходно, два пати му ѕвонев за истата работа, но не ми одговори. Кога веќе зборуваме за обичаите на Никола, тој имаше добар обичај секогаш да ми одговара на пропуштените повици и пораки. Знаеше дека секогаш го барам за нешто битно, поврзано со работата. Ако вечерта навистина бесцелно возел три часа по автопатот, сигурен сум дека ќе нашол време да се јави. Не верувам во таа приказна и навистина не ми е јасно зошто се пласира во јавноста.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.092
Јас не знам зошто се чудите за вештаците, па за М.Нешковски докторката од брза помош вечерта одма после убиството кажа дека само е констатирана смрт и дека нема никакви траги на насилство :facepalm: Детето буквално беше убиено од ќотек, ама нормално, не се гледало тоа за слепата докторка. Како спие јас не знам, алал да и е.
Во овој случај немало очевидци што се случило, и помирете се дека никогаш нема да дознаеме дали било несреќа или убиство. Ќе се склопи прича, ние ќе си ја проголтаме, за месец-два ќе си заборавиме, и тоа. Ептен добро сме истренирани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom