Посредник според
Дигиталниот речник на македонскиот јазик значи ова:
Лице што посредува меѓу две страни и помага за постигнување спогодба или за успешно извршување на некаква работа.
Посредник во политиката има едно значење, во економијата друго, во црквата трето. Ние зборевме за религиски посредник. Свештениците во стариот завет имале посредничка улога. Тие не помагале за очистувањето на гревовите на луѓето, туку без нив немало очистување на гревовите. Само тие можеле да влезат во Светината над Светините и да ја принесат жртвата за помирување и покривање на престапите.
На сличен начин и православниот свештеник (непозната титула во Новозаветната Христова Црква) не помага при склопувањето на бракот, туку без него бракот не може да биде склопен.
Тука не станува збор за помош. Ти можеш да ми помогнеш во пренесувањето на теглите со ајвар од еден подрум во друг, но и да не ми помогнеш, за подолго време сам ќе го сторам тоа. Но православните маденци и цела година да се венчаат бракот ќе им остане отворен чин на прељуба ако свештеникот не даде благослов. Значи тука на станува збор за помош, туку за директно посредништво. Едноставно свештеникот се наметнува меѓу нив и Бог и не им дозволува директно да му пристапат на Бог и покрај тоа што Христос ја овозможи таа врска во Црквата.
Пасторот на сликата ги има фатено за рака младенците. Ова некаде го пишува во Библијата на која се повикувате катадневно?
Од врв на Водно се гледа дека тие не прават никаков обред, туку едноставно се молат и не само тие, туку целата заедница. Во оваа слика тој ги држи за рака, во други слики не ги држи. Едноставно позициите на телото или контактите меѓу луѓето не се важни. Јас сум гледал и молитви каде што оној кој што се моли го прегрнува оној за кој што се моли. Секој различно си ја искажува љубовта. Тоа не е никаков религиозен чин.
Инаку да, во Библијата пишува: „Молете постојано!“ (
1 Солунјаните 5:17, Библијата) и секако дека кога двајца млади ќе решат да се венчаат е убаво време браќата и сестрите да се помолат за нивниот брак.
Ако си присуствувал на свадба во православна црква, сигурно си забележал дека нововенчаните се држат за раце обиткани со платно без посредство на поп.
Кој во овие два случаи е посредник? Православниот поп или протестантскиот пастор?
Православниот поп е посредник затоа што иако тој не ги допира нивните дланки, тој сепак според православното учење со неговиот благослов го сврзува нивниот брак
и без него бракот не може да биде сврзан. Значи тој стои меѓу нив и Бог. Според православното учење Бог нема да ги соедини без благослов на попот. Кој е тука посредникот?
Не ми се верува дека допирот на дланките на таа слика го зема за некаков фактор во докажување за тоа кој е посредник.
Како и да е друго ми беше и ми е прашањето... каде во Библијата стои дека треба пастор да врши служба во чест на нововенчаните?
Никаде, затоа и реков дека не ни мора да има служба и дека и венчавката во гаража ќе им биде признаена и нема да биде третирана како цитирам „отворен чин на прељубодејство“ - како што е тоа случајот во православието. Сепак секој пар своеволно си одлучува тој прекрасен чин да го одбележи и прослави фамилијарно, меѓу своите браќа и сестри. Сепак ниту песните, ниту прославата, ниту молитвите, ниту пасторот, ниту старешините, ниту било кој член од црквата не ни 1% удел во соединувањето на брачниот пар, ниту пак некој е посредник како што е тоа случај во православието. Исус јасно кажал:
„Па така, тие веќе не се двајца, а едно тело.
А Бог што составил, човек да не разделува.” “ (
Исус, ев. Матеј 19:6 Библијата)
Значи Бог е тој што ги составува, без никаков посредник и човек не смее да ги разделува - како што е тоа случај во православието каде што попот си зема за слобода и да разведува сопружници.
„Зашто еден е Бог, и
еден е Посредникот помеѓу Бога и луѓето - Човекот Христос Исус,“ (
1 Тимотеј 2:5, Библијата)
Ова во католичката црква и во православните цркви не важи, бидејќи таму свештениците се посредници меѓу Бог и луѓето и тоа не само за склучувањето на брак, туку и за крешвањето, за простувањето гревови, за земањето од лебот и виното (при причеста), за добивање на духовните дарови (кои што наводно се добиваат кога свештеникот ќе изврши миропомазание) итн.
Оти сите не се венчаваат само со завет пред Бог, како што кажа? Оти после ова церемонијално венчавање во црква, стапуваат во брачни односи? Или пак се е прашање на личен вкус и желба?
Затоа што тогаш одлучиле да влезат во брак. Како што кажав погоре, нема никакви посреднички чинови при нивното стапување во брак. Брачниот завет е меѓу нив двајца и Бог - Кој ги соединува. Црквата единствено се моли за нив, бидејќи така ни е заповедано - постојано да се молиме. Бракот е Божја институција и тој е под напад на ѓаволот (кој што сака да растура се што е Божјо) и затоа треба да се молиме и за оние кои што се во брак.
Знам дека живееме во време на секакви кризи, морални, духовни, економско-социјални... тоа што се бесплатни службите во протестантските цркви може да звучи привлечно само за оние луѓе кои се подлегнати (и подложни како резултат на нестабилни/лабилни карактери) на некоја од овие кризи или пак можеби и на повеќето од нив.
Во развиените земји (западна Европа, Америка) православните се малцинство, а протестантите се далеку повеќе од православните. Сепак и таму беспланите служби се попривлечни. Тоа е така и во време на криза и во време на богатство. И што е најважно, тоа било така во Христово време, во времето на апостолите. Христос е Тој што им заповедал тоа што бесплатно го добиле, бесплатно и да го даваат (секакви верски служби) и да земаат исклучиво доброволен прилог (цитирам:
секој како што одлучил во срцето).
Напротив, нестабилни/лабилни карактери се оние што наспроти јасното Божјо учење ќе подлегнат под ефтина бизнис пропаганда од поповите и ќе одлучат да плаќаат тарифи од ценовници. Ова е најчестата изрека кај нас:
Човекот: Попе колку треба?
Попот:
1500ден и колку што милуваш да дадеш.
Пази ја фразата „и колку што милуваш да дадеш“. Од тука произлегува дека 1500ден е она што е морално, а дури потоа следи она од срце „и колку што милуваш дадеш“.
Наспроти ова Библијата вели дека треба да се дава само вториот дел од „цената“ т.е. само колку што човекот ќе милува да даде, доброволно, без принуда, колку што ќе одлучи во срцето.