Banshee

  • Креатор на темата Креатор на темата Anon
  • Време на започнување Време на започнување

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.787
Поени од реакции
27.908
Локација
Скопје
Од креаторот на True Blood, Six Feet Under и American Beauty (Alan Ball), имаме нова серија во која тој е извршен продуцент.

Серијава има до сега 1 сезона и 10 епизоди. Изобилува со експлицитни сцени, долги, крвнички и нереални тепачки. Мене ми се допаѓа се во серијава (освен претераните сексуални сцени), ми го држи вниманието низ цела епизода и ликовите се солидно обработени. Исто така и режијата е одлична, ептен ми се допадна сцената уште во првата епизода со бркањето меѓу коли.

Накратко, тип излага од затвор после 15 години и веднаш има луѓе кои сакаат да го убијат. Ќе успее да им избега и потоа оди во еден бар. Таму, ќе има дешавка со soon to be sheriff и нашиот главен лик ќе го превземе неговиот идентитет. Ќе стане шериф во малото гратче Banshee. Од време навреме го маваат флешбекови од неговото минато и времето поминато во затвор. Во Banshee ќе ја најде и Ivana Milicevic со која има некое минато. И се разбира морам да го спомнам мојот можеби омилен лик во серијата Kai Proctor кој е негативец и скоро сите бизниси во ова гратче се поврзани со него. А да, и шанкерот од барот ќе му биде сапорт на нашиов главен лик.

kZcA9mB.png
 
Вчера го изгледав пилотот,ми се свига концептот на серијава,дефинитивно ке продолжам да ја гледам.
Ивана милишевич :love:
 
Многу добра, ентертејнинг фактор = 10/10! тотално сум позитивно изненаден од серијава...
 
True blood, Six feet under, Alan Ball е доволно за да почнам да ја гледам
 
Мене ми е јака серијава. Онака, добра акција одлична за релаксација. Тепање до смрт, секс, крвишта, руска мафија, амиши, убави актерки, bad-ass главен лик, пензиониран боксер итн. Во случај некој да не приметил, да напоменам само дека на крајот, после кредитите, обавезно има некоја јака сцена.
 
Сикс е супер, тру е срање. Шо знам дали вреди. Ај да завршам со Criminal minds првин...
 
Само што ја пуштив сезонава, вечер ќе ја ѕирнам. 10 епизоди се така?
 
професионален убиец десна рака на руската мафија не може да погоди мета со пиштол на растојание од 10 метри seems legit

ме потсетува на true blood, камерата одлична, многу ликови со високо его што доведува да многу конфликти кои често завршуваат погубно
 
(y) за серијава, и јас ја почнав пред некој ден, изгледав 6 епизоди, уште 4 ќе ги изгледам деновиве да најдам простор. Ми се допаѓа серијава затоа што е интересна и не е монотона.
 
Го изгледав пилотот. Не е лоша. Сто посто ќе и го акне новиов „шериф“ на бившата до крај на сезона. :D
 
Го изгледав пилотот. Не е лоша. Сто посто ќе и го акне новиов „шериф“ на бившата до крај на сезона. :D
Да беше само бившата, овој гарант има повеќе легнато и од Роко Сифреди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom