Скутерчиња: Се за и околу нив

  • Креатор на темата Креатор на темата _FireFox_
  • Време на започнување Време на започнување
Во споредба со Априлии и Џилери мислам дека подобар е или?

Поличен е, за подобар ако мислиш машина и перформанси, исто е се...

Да да гледам, 3500 евричи на нет видов дека е на ново..

Сигурен си дека тоа од 3500 евра не е 125 или 250 кубика ( ја мислам дека е 250 ) ? Пошто ги има и со таа машина... Не ми иде логично да е поскап од италијанските керки на Пијаџо, пошто другите модели на Дерби се поевтини во однос на Априлиа и Џилера...
 
Дерби ти е шпански бренд, ама е под Пијаџо групацијата, нешто како Сеат и Фолксваген, што значи проверено, па одтаму е и цената (y) Многу е личен вака, доста спортски делува. Ламелата не му се наоѓа на задната осовина, туку е понапред - поблиску до варијаторот, а завршниот пренос му е со ланец - што незнам како се понаша бидејки не сум возел вакво. Мада би требало да е добро, пошто гледам дека и кај големите скутери како GP800, SRV 850, T-Max, преносот е изведен вака ( кај T-Max е на каиш ама на ист принцип ), па верувам дека е добра работа...

Neznam dali e dobar ali koga si odam nakaj doma okolu 2 saat nasabajle me pominuva eden so vakvo ama plavo koga kje doblizi mislam avion ide pozadi (y)
 
Сигурен си дека тоа од 3500 евра не е 125 или 250 кубика ( ја мислам дека е 250 ) ? Пошто ги има и со таа машина... Не ми иде логично да е поскап од италијанските керки на Пијаџо, пошто другите модели на Дерби се поевтини во однос на Априлиа и Џилера...

50ка беше, али ја го гледав на една американска страница за огласи, па моторот беше правен за натпреварување, па затоа толку скап ваљда :D
 
дечки... ај помагајте при крај сум со моторов останаа уште пластиките.... знае ли некој да продава пластики за овие модели на скутери

http://www.benzhougroup.com/YY125T-10C.html
http://www.benzhougroup.com/YY125T-10(NEW).html
http://www.benzhougroup.com/YY125T-10D.html
http://www.benzhougroup.com/YY50QT-10.html

стари или нови не е битно - ми требаат комплет пластики со се фар и штоп

ако има некој било каква информација кажувајте одма
 
Епа затоа, кој знае што има тој ставено на него :)
 
дечки... ај помагајте при крај сум со моторов останаа уште пластиките.... знае ли некој да продава пластики за овие модели на скутери

http://www.benzhougroup.com/YY125T-10C.html
http://www.benzhougroup.com/YY125T-10(NEW).html
http://www.benzhougroup.com/YY125T-10D.html
http://www.benzhougroup.com/YY50QT-10.html

стари или нови не е битно - ми требаат комплет пластики со се фар и штоп

ако има некој било каква информација кажувајте одма

Па немаат кај Аце од Хамачи?
 
Па немаат кај Аце од Хамачи?
треба да одам лично до кај аце - прво ми рече имал цел комплет нови за околу 4500 што ми беше чудно уште на старт па после ме откачи 2 пати па ми рече помини имам и фарбари и дечки што лепат па ке комбинираме.... работава е незнае ни сам што има изгледа или ме лаже
 
Имаш некоја здрава пластика на скутерот или сите се скршени, на број ти се сите или ти фалат некои ?
 
ги имам сите пластики - десната странична под седиште е скршена на 2 дела ама цела е - го имам и другиот дел. пластиките под нозете доле што одат страничните - на една од нив фали парче ( мало парче е ама сепак фали ) - пластиката позади вилушката што е напред фали дел - таа ептен не ја бива - мал дел фали ама бајаги е испукана
 
А си прашал мајстор да ти ги залепи, искитира и офарба дали ќе се нафати и колку ќе ти земе?
 
прашав еден на водно ми рече САМО за фарбање 100 евра земал - кај е лепење кај е китирање...

плус - пластиката позади вулушката е на лошо место скршена т.е на лошо место и фали парче - незнам дали некој воопшто би ја оправил таа пластика... - во мотопартс прашував за пластики со фар и со штоп - за се комплет добивам 15% попуст и ке ме кошта некаде околу 250 евра - у таа цена се вклучени сите комплет пластики и тие во боја и црните и таа под седиштето и околу километражата и доле - сите! - и ко што гледам или ке биде таа опција или ке биде опција да најдам ваков мотор компелт да земам со се пластики па ке ми остане и некој дел за машина :)
 
Абе 250 евра не се малце, цел скутер ќе земеш за 300-400 евра, па и 150 може да земеш и така се поефтини од 50киве, истиот дизајн се е исто освен машината
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom