Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
A кој успеал да смени нешто во ваква држава? Битно е што успеал да натера луѓе да се замислат, да говорат јавно за проблемите и битно е што човекот влијаел врз многу луѓе и негови колеги и индиректно помогнал во нивното изградување.
--- надополнето: 29 март 2013 во 01:13 ---


И знаеш зошто е џабе? Затоа што сите ги читаме, велиме дека се согласуваме со нив, пишуваме од пред компјутер, а не дејствуваме на никаков начин. Ете затоа е џабе.
Затоа јас мислам дека ова е само несреќен случај, а не атентат.
 
Член од
25 март 2010
Мислења
37
Поени од реакции
18
ако е несреќа не му е лесна земја, ако не е, тогаш дали сега дали по 10години сигурно ке се открие,бегање нема,ако некој затскривал, менувал и за тоа се лежи робија, особено ако станува збор за нов мерцедес и има смрт, производителот сигурно на директен или индиректен начин ќе се вклучи. VW за смрта на Тоше индиректно се вклучи истражните органи дознаа на крајот кога требаше да се вадат воздушните перници, бидејќи ја имаа целата историја на возилото и како секој дел од возилото реагира во ваков случај, што за мн. е непознато.
Еве еден предлог од мене.
Епа ајде ние како форумска заедница да се организираме овој муабет со несреќа со мерцедес да го организираме со цел побргу да стигне и до компанија, со цел доколку е местено да се ангажира и фирмата и да не успеат тукашниве да ја извртат вистината и да го заташкаат случајот.

Барем фирмата ќе биде порелевантна од нашиве институции да го испита случајот или барем да го прати на независна експертиза
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
  1. Mислам дека ако ништо друго,владата и полицијата ни должи подетално објаснување на нас граѓаните на Македонија.И онака знаат дека народот е песимист и ретко и верува на безбедносните органи во државава.Така да треба да спроведат темелна истрага.Ни го должат тоа ако не нам.барем на неговото семејство.
  2. Навистина жалост што врвен новинар(еден од малкумина што ги имаме)ни отиде.Како поминува времето се повеќе мислам дека човеков е ликвидиран.Прашањето е само како??Исто така убеден сум дека имал Младенов некоја веома важна сторија,па поради тоа морал да прати со својот живот.Инаку кажав и претходно.На вакви судари дури и каде има и смртни случаеви доаѓа едно до максимум две полициски возила.Вчера знаеме сите дека вриеше од полиција.Зашто имало,тоа мислам дека треба некој да одговори
  3. Ич да не се сеќираме,ќе дознаеме детали од "несреќата" oвие денови.Чичко Латас и Канал 5 потпомогнати од МТВ ќе ни ја наполнат т.е испера главата со лаги,впрочем како што го правеа тоа и досега.
  4. Правев муабет денес со некои колеги и низ разговорот воочивме дека денес воопшто веќе нема критична маса на власта!А тоа е многу,многу лошо.Тогаш власта е ослободена да врши мафија и криминал.Исто така разговаравме и дека веќе никој од нас неможе да се чуствува безбеден
  5. Сочуство до неговата фамилија.Навистина ми е премногу жал,но такво време дојде кај нас!Ако кажеш и збор против власта и мафијата не се знае кое утро ќе ти биде последно....
  6. Почивај во мир легендо........
 
G

Geezer

Гостин
Затоа јас мислам дека ова е само несреќен случај, а не атентат.

Абе обичен човек може да дознае нешто, да се најде во погрешно време и да стане мета потенцијална. Ако ме разбираш...
Сакам да верувам дека е само една обична трагедија. Во спротивно...
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Не го остаивте човеков на мира да почива у пм!
Ептен се замарате со небитни работи,ако некој го наместил тешко него никад глава нема да крене тој човек и ќе живее секад во страв.
Почивај во мир млад човеку.Лесна ти земја.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Не се отпорни на несреќа,само што не се толку чести несреќите за познат независен новинар да има фатална несреќа со мерцедес џип.. Или можеби не ги даваат на вести другиве несреќи, некако многу ми е fishy ситуацијава, не за друго сега беа избори..
И Љуц возеше џип (новичок) па загина.
И не беше шпекулирано сешто за него, само затоа што беше скараџија, а не новинар.
Греота е вакви муабети да се прават, денес го закопаа да му се невиди.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.560
  1. Mислам дека ако ништо друго,владата и полицијата ни должи подетално објаснување на нас граѓаните на Македонија.И онака знаат дека народот е песимист и ретко и верува на безбедносните органи во државава.Така да треба да спроведат темелна истрага.Ни го должат тоа ако не нам.барем на неговото семејство
Зошто ни должи, како ни должи? Ако сакаат ќе кажат, ако не сакаат - не мораат во интерес на истрагата, семејството, околностите...

И дај прекинете со овие теории на заговор, нели ви е срам бе!
Мерцедес било, немал појас, имал појас...!

Абе ИЛЈАДНИЦИ луѓе гинат секој ден од ГЛУПОСТИ, што е Никола Младенов различен од сите нив? Нека си почива во мир, остајте го човекот бе!

Што е Никола Младенов повеќе од тоа семејството што загина кога се враќаа од лекар за помалата ќеркичка, па излетаа од патот пред некое време? Што е Никола Младенов како човек повеќе сите луѓе кои гинат околу нас во глупи сообраќајки.
Новинар бил, пишувал овака-онака. Абе да сакаа да го замолкнат, до сега ќе го немаше, многу порано од ова.

Запрашајте се дали да беше Латас во прашање ќе почневте со теории на заговор или ќе си мислевте - Кој го ебе бе, секако јадеше трици, на него никој не сака да му смести додека збори за ВМРО, сигурно бил пијан или нешто, па излетал од патот, па макар возел и Волво

СМЕШНИ СТЕ!
 
Член од
24 март 2013
Мислења
64
Поени од реакции
61
Нека му е лесна земјата на чоекот... Ама не дај Боже во Мк -да се биде така попознат, оти одкоа ќе умре чоек, коските в гроб ќе му се превртуваат... :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.668
Поени од реакции
59.775
Се изначитав глупости... дај прекинете со ментална гимнастика.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Да не кажам сите меѓутоа како што гледам по веснициве скоро сите опозициони весници и колегите на Младенов искажуваат сомневање и бараат дополнителни прашања од 1 момент кога им забранија да се доближат да ја сликат сообраќајката. Додека сите останати медиуми не посветуваат ни 1 момент или "Business as usual". Мене ваквата состојба ми е крајно чудна како граѓанин. 2та екстрема.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
СМЕШНИ СТЕ!
Тенденцијата да се пере мозок и тоа под силен притисок, да се трошат нереално високи суми за пропаганда и кампањи и да се „ипокупуваат“ сите медиуми не тера да размислуваме така....
И јас сум за тоа дека никој не е имун на несреќи па што и да работел во животот....ама колективното лудило не тера таму....во бивша СФРЈ атентатите во најголем процент се спроведуваа(спроведувале) со сообраќајки - најчиста работа (во тој смисол) - тоа ги тера луѓето да си помислат сешто....
Почит треба да се оддаде, ама и не треба слепо да се верува....дури и тој самиот мислам дека не би сакал туку-така да се кренат раце и да се чекаат вести у 7 и пол на мтв.....
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
ЛЕЛЕ еј како некои баби сте бе да му се плукнам.
Де ова,де она.
Абе дај престанете со овие глупости.Aрно вели STEALTH да беше Латас или Миленко одма сите ќе ги плукате.
Почивај во мир.
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
И Љуц возеше џип (новичок) па загина.
И не беше шпекулирано сешто за него, само затоа што беше скараџија, а не новинар.
Греота е вакви муабети да се прават, денес го закопаа да му се невиди.
не ме сваќај погрешно ама кој би имал фајде од смртта на Љуц? Не е тешко да се наведат разликите измеѓу љуц и никола...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.329
Поени од реакции
46.951
И Љуц возеше џип (новичок) па загина.
И не беше шпекулирано сешто за него, само затоа што беше скараџија, а не новинар.
Греота е вакви муабети да се прават, денес го закопаа да му се невиди.
Во џипот на Љуц директно удри камион од страната на возачот ... на автопат, со огромна брзина, загина он и другар мој, позади него што седел, на лице место, останатите двајца беа со мали гребнатинки само, ги видов на погребот кај другаров, влакно не им валеше ...

Нејсе тоа, станува збор за две сосем различни собраќајки, не ги ставај во ист кош, поготово периодот по сообраќајката.

Тука за сообраќајката се дозна после 10 саати, мене чудно ми е како никој не приметил дека еластичната ограда е скината ( банкина уствари е нешто сасвим трето, само сите под дифолт ова го викаат банкина, вклучувајки ги и медиумите ), ваљда за тоа време поминало некое полициско возило или некое од возилава што ја разгледува состојбата на автопатот, никој да не застане да не провери ... чудно во секој случај, али не и неизводливо, да нема шанса да се деси. Потоа на новинарите им се забрани да снимаат на местото каде што се случила несреќата, незнам по кој основ ова, еве Тоше кога почина, местото беше достапно за новинарските екипи мада неубави слики беа тоа зашто се сликаше и самиот џип и телото на Тоше. Али ја не алудирам на тоа дека овие до џипот требаше да дојдат, туку бар горе на патот каде што излетал Никола со колата.

Значи простор за теории такви секако дека има, тоа не можеш да го негираш, реков поназад, не за земја каде е изводливо некој у Кофа со вода да се самоубие, само ептен почна да се претерува со истиот муабет over and over again, ако некој треба да бутка темелна истрага, тоа е неговото семејство, ако они имаат индиции дека може не станува збор за несреќа или ако апла се сомневаат во тоа, тие најдобро си знаат.

Ја не сакам да верувам во тоа, дека до таму се дојдени работиве, стварно не гледам причина на ваков начин да се решаваат работите, ако веќе некој се замолчува, методите кај нас се поинакви ( веќе видено ), не класика Путин со неговите кагебе методи, каде доста новинари починаа или се водат за исчезнати, во пакет со олигарсите кои му го свртеа грбот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom