И Љуц возеше џип (новичок) па загина.
И не беше шпекулирано сешто за него, само затоа што беше скараџија, а не новинар.
Греота е вакви муабети да се прават, денес го закопаа да му се невиди.
Во џипот на Љуц директно удри камион од страната на возачот ... на автопат, со огромна брзина, загина он и другар мој, позади него што седел, на лице место, останатите двајца беа со мали гребнатинки само, ги видов на погребот кај другаров, влакно не им валеше ...
Нејсе тоа, станува збор за две сосем различни собраќајки, не ги ставај во ист кош, поготово периодот по сообраќајката.
Тука за сообраќајката се дозна после 10 саати, мене чудно ми е како никој не приметил дека еластичната ограда е скината ( банкина уствари е нешто сасвим трето, само сите под дифолт ова го викаат банкина, вклучувајки ги и медиумите ), ваљда за тоа време поминало некое полициско возило или некое од возилава што ја разгледува состојбата на автопатот, никој да не застане да не провери ... чудно во секој случај, али не и неизводливо, да нема шанса да се деси. Потоа на новинарите им се забрани да снимаат на местото каде што се случила несреќата, незнам по кој основ ова, еве Тоше кога почина, местото беше достапно за новинарските екипи мада неубави слики беа тоа зашто се сликаше и самиот џип и телото на Тоше. Али ја не алудирам на тоа дека овие до џипот требаше да дојдат, туку бар горе на патот каде што излетал Никола со колата.
Значи простор за теории такви секако дека има, тоа не можеш да го негираш, реков поназад, не за земја каде е изводливо некој у Кофа со вода да се самоубие, само ептен почна да се претерува со истиот муабет over and over again, ако некој треба да бутка темелна истрага, тоа е неговото семејство, ако они имаат индиции дека може не станува збор за несреќа или ако апла се сомневаат во тоа, тие најдобро си знаат.
Ја не сакам да верувам во тоа, дека до таму се дојдени работиве, стварно не гледам причина на ваков начин да се решаваат работите, ако веќе некој се замолчува, методите кај нас се поинакви ( веќе видено ), не класика Путин со неговите кагебе методи, каде доста новинари починаа или се водат за исчезнати, во пакет со олигарсите кои му го свртеа грбот.