Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи кај ти е 3.5mm влезот на телефонот, ако ти е од страна супер, ако ти е горе/доле ќе гледаш страната на која што е влезот да ти биде насочена доле, и џекот ќе го свртиш на лево/десно, и ќе немаш проблеми.
Си користел/користиш слушалки со L jack?

Некој друг да даде мислење околу ова? Psyside, -={K-O-R-U-N}=-
 
Има ли некој искуство со слушалки со L jacks? Ми требаат нови слушалки за телефонот, на мета ми се sony mdr ex10lp, но засега ме спречува само тоа што се со L jack. Досега не сум имал искуство со него и не знам како ќе биде. Прочитав по форуми дека L jacks помалку се оштетувале, ама многу ме чуди тоа бидејќи кога ќе го ставам телефонот во џеб кабелот ќе биде под неправилен агол. Мислење?

Што ќе ти смени дизајнот/позицијата на џекот?
 
Што ќе ти смени дизајнот/позицијата на џекот?
Влезот за слушалки на телефонот ми е горе, така да кога ќе го ставам во џеб, со користење на прав џек кабелот ќе иде право (од влезот до слушалките), а со L џек кабелот ќе иде прво на една страна (по дефолт), па после за да се исправи треба да се свитка за 90 степени за да може да излезе од џеб. И се плашам да не тоа виткање ствара премногу притисок на џекот за да се заебе некоја жица од слушалките...
 
Не би требало да имаш проблем. Или земи си други слушалки, зашто баш sony mdr ex10lp?
 
Си користел/користиш слушалки со L jack?

Некој друг да даде мислење околу ова? Psyside, -={K-O-R-U-N}=-

Имам едни in-ear Hi-Fi Live мислам дека се викаа со телефонот што ми дојдоа, и исто имаат таков L-jack и исто 3.5mm приклучок ми е горе на телефонот. Затоа и ти викав со таа страна телефонот да го свртиш надоле кога ќе го ставаш во џеб и на страна ќе го помрднеш лево/десно, а не нагоре пошто ептен ќе биде искривен кабелот.
Или како што вика Корун имаш и други слушалки ако џекот е проблем.
 
Не би требало да имаш проблем. Или земи си други слушалки, зашто баш sony mdr ex10lp?
Затоа што прочитав добри мислења за нив, евтини се и Sony се (а досегашното искуство со Sony earphones ми е одлично).
 
Затоа што прочитав добри мислења за нив, евтини се и Sony се (а досегашното искуство со Sony earphones ми е одлично).

Колку пари ти се даваат?
 
Здраво,
Незнаев каде точно да го поставам прашањево па решив тука.. Значи се работи за дигитален апарат (Nikon L14), проблемот со него е со тоа што ми падна, откога се случи тоа после вклучувањето имаше проблем со отварање на објективот, се слушаше некој чуден звук и на дисплејот ми пишуваше „lens error“, после неколку вклучувања - исклучувања тој проблем се изгуби, значи се уклучува може и да се слика со него но сликите ги вади многу матни, односно не му работи „auto - focus“-от.. Некој што се занимавал со оваа проблематика да ми каже чаре за проблемов или да ме упати што да правам, каде да се обратам? Благодарам :)
--- надополнето: 26 март 2013 во 22:21 ---

на десктоп комјутерот втората силачка (мислам за хардискот дека е таа) не свети и не се пали компјутерот и титка.. дали хард дискот е рикнат или?
 
на десктоп комјутерот втората силачка (мислам за хардискот дека е таа) не свети и не се пали компјутерот и титка.. дали хард дискот е рикнат или?
Можно и рамот да е проблем, пробај смени ја плочката на друг слот дали истото ќе го прави. Ако е само хард дискот ќе го стартува ама нема да крене windows-от.
 
Имам проблем со матичната. Матичната не поддржува сата2 а дискот е сата 2 (Samsung HD250HJ). Откако ќе се стартува, нормално покажува дека нема диск, но после тврд рестарт (од копче) се подига нормално и дискот работи. Така на секое уклучување морам да почекам да појави дека нема диск, па со ресет да се подигне како што треба.
Со други дискови (sata1 и иде) работи најнормално.
Има ли некое чаре, на секое да не го ресетирам на уклучување?

Проблемот решен, софтверски се прави дискот како сата1, и нема понатаму проблем

на десктоп комјутерот втората силачка (мислам за хардискот дека е таа) не свети и не се пали компјутерот и титка.. дали хард дискот е рикнат или?
Пробај откачи го дискот и дата кабелот и напојувањето, па пробај да подигнеш.

Ако знаеш кој биос имаш, можеби ова ќе ти помогне, какви се биповите?

AWARD BIOS

1 Краток beep -->Системот се подига нормално.Се е во ред.
2 Кратки beep-а -->Грешка во подесувањата во CMOS-от/BIOS-от.
1 Долг & 1 Краток beep -->Грешка со DRAM-меморијата.
1 Долг & 2 Кратки beep-а -->Проблем со графичката картичка или мониторот.
1 Долг & 3 Кратки beep-а -->Грешка со тастатурата.
1 Долг & 9 Кратки beep-а -->ROM грешка.
Долг повторувачки beep -->DRAM меморијата не е правилно наместена.
Краток повторувачки beep -->Проблем со напојување.

AMI BIOS

1 Краток beep -->DRAM flash Грешка.
2 Кратки beep-а -->Грешка во проверката на DRAM ECC меморијата.
3 Кратки beep-а -->DRAM меморија не е пронајдена.
5 Кратки beep-а -->CPU грешка.
6 Кратки beep-а -->Грешка со тастатурата.
8 Кратки beep-а -->Проблем со меморијата на графичката картичка.
9 Кратки beep-а -->ROM грешка.
1 Долг & 3 Кратки beep-а -->DRAM меморијата е расипана.
1 Долг & 8 Кратки beep-а -->Проблем со графичката картичка или мониторот.
 
Каде можам да најдам адаптер што ќе ја трансформира струјата од 220 волти во 120 волти, оти производот работи на америчка струја и тука нема да работи, знае некој кај може да се најде и колку кошта?
 
Абе зошто вака ми прави ? Симнувам AVG или uTorrent или avast! и ми закочува симнуваното пред крајот ?? пробав и со хром и со фајрефокс и ист случај..го форматирав пц-то и не праеше и симнав таму кантер,драјвери,програми кои ми требаат и пак почна да прави ? И ај уште еднаш го форматирав и пак :@

untitled.JPG
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom