Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Најди четвороцифен број кој исто се чита од лево и од десно, ( обликот на бројот е хуух ). И кој е еднаков на производ на три прости броја
 
Нешто Ве нема... Или се исплашивте или вниманието Ви го преокупираат избориве
Ако се исплашивте, еве мала помош за задачата од #526.
Четвороцифрениот број хуух може да се напише во облик:
1001*х + 110*у. Пред заграда може да се извлече заеднички множител 11. На тој начин бројот ќе добие облик:
11*(91*х + 10*у) = 11*(7*13*х + 2*5*у)
Ако у = 7, може и 7 да се извлече пред заграда. Тогаш бројот има облик: 11*7*( 13*х + 2*5)
х - може да се менува од 0 до 9, но услов на задачата да изразот 13*х + 2*5 биде прост број. што значи х неможе да биде 0, 2, 4, 5, 6, 8, така да за:
х = 1 се добива 11*7*23 = 1771
х = 7 се добива 11*7*101 = 7777
х = 9 се добива 11*7*127 = 9779
( за х = 4 се добива 11*7*49, но 49 не е прост број).
На ист начин може да се стави х е еднакво на 2 или 5, па на сличен начин да се бара третиот множител
 
Oва не е мистерија, но мислам ќе Ве интересира:
На YouTube, пронајдов прилог за низата на Фибоначи:
Интересно е што прилогот поставен во 2012 од Деца од Скопје, ученици од ОУ Живко Брајковски.
http://www.youtube.com/watch?v=EpDaTwH92I4
Еве што има на МК Википедија за Фибоначи и низата која го носи неговото име
http://mk.wikipedia.org/wiki/Леонардо_Фибоначи
http://mk.wikipedia.org/wiki/Фибоначиева_низа
 
На 20, 03. започнаа пролета... Зелениот пазар полека се полни со свежи земјоделски производи... По повод на пролета еве една “ земјоделска задача “:

Свежите краставици содржат 79% вода. Ако свежите краставици стојат обрани една ноќ, дел од водата ќе испари и тие ќе имаат 78%, вода.
Ако земјоделецот донесе навечер на пазар 100 килограми свежи краставици, колку килограми краставици ќе може утредента да продаде?
 
хахахах, ти пак со некои финти :) очекуваш да кажеме 99кг, ама ти ќе кажеш нешто друго
ај да видиме кај е штосот :pipi:
 
хахахах, ти пак со некои финти :) очекуваш да кажеме 99кг, ама ти ќе кажеш нешто друго
ај да видиме кај е штосот :pipi:
Нема никаков „штос“,.... Се работи за процентна сметка.
Условот на задачата е дека во свежите краставици има 79% вода. Што значи во 100 килограми има 79 килограми вода и 21 килограми сува материја.
Преку ноќта дел од водата ќе испари.
Утредента , во краставиците и понатаму имаа 21 килограми сува материја. Но ова сува материја сега претставува 22%, од целата количина, бидејќи сега вода има 78% .
Мислам дека со оваа напатствие не е тешко да се реши задачава. Сепак да оставиме до вечер да некој се обиде да ја реши задачава.
Еве ја основната формула за процентна сметка:
i = ( S*p )/100
i e процентен износ
Ѕ е целата сума
р е процент
 
Еве решение на задачата од # 351
Значи свежата краставица, на 100 кг, содржи 79 кг вода и 21кг сува материја.
Во текот на ноќта, дел од водата испарува. Сега 21 кг сува материја претставуваат 22% од целата тежина.
i = 21 kg
р = 22%
Ѕ = ?
Ѕ = ( 100 * i )/р = ( 100 * 21 )/22 = 95,45 кг

Губењето на тежината на производот во текот на ускладиштувањето се нарекува - калирање.
Процентот на калирање не е занемарлив. На пример јаболката во текот на зимата калираат и преку 40%.
 
аууууу, непто не ми е јасно, кога ќе кликнам на линкот, ми се отвара страната на СМРТ.....
плз објасни кул?

Измешан му е линкот ... ископирај го текстот и рачно продолжи.
 
Во прво оделение од школото Гоце Делчев, беа запишани 1/7 ученици повеќе од колку што беше предвидено да се запишат.
Поради „ гужвата “, во текот на годината се одпишаа 1/24, од сите запишани ученици, така да на крајот од школската година година бројот на запишаните ученици беше само за 10 поголем од планираниот број.
Пресметај колку ученици :
- беше планирано да се запишат?
- колку се запишаа?
- колку се одпишаа во текот на годината?
- колку ученици имаше на крајот од прво оделение?
 
x + 10 = (x + x/7) - (x + x/7)/24
10 = x/7 - x/24 - x/168
10 = 24x/168 - 7x/168 - x/168
1680 = 16x
x = 105

- планирано да се запишат: 105
- колку се запишаа: 105 + 105/7 = 105 + 15 = 120
- колку се одпишаа во текот на годината: 120/24 = 5
- колку ученици имаше на крајот од прво оделение: 120 - 5 = 115
 
Драган, една книга која имала 480 страни ја прочитал за одреден број денови.
Читал многу бавно и мајка му го искарала:
„ Секој ден да читаше по 16 страници повеќе, книгата ќе ја прочиташе за 5 дена порано.
За колку дена Драган ја прочитал книгата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom