Прво да почнам со тоа дека сум од "Бел Бумбар" тимот, за оние што не прочитаа до сега. Филмот ми се допадна и покрај недостатоците мислам дека е еден од подобрите оваа година и своевидно освежување. Под тоа мислам дека - барем се обидоа. Претенциозно или не, повеќе би гледал филм кој е претенциозен и потфрлив во намерите отколку филм кој не се обидува да направи ништо. А повеќето филмови се токму тоа - ништо. Сат и триесет минути кои нема да си ги вратите повеќе, приказна која може да ја смисли просечен осмооделенец и актери кои не даваат а сингл фак за филмот и за тоа дека утре некој ќе ги гледа. Не дај боже некој да промени нешто, крупен кадар, шејки камера, поинаков саундтрак... ќе го утепаат критичарите одма.
Енивеј, прво, не мислам дека филмот е уметнички туку само дека режисерот на филмот е оригинален и станува еден од оние режисери кои оставаат печат на филмот. Истиот човек е и сценарист а колку што разбрав, идејата е на Рајан Гослинг. Имено, додека го снимале Blue Valentine Гослинг му раскажал дека има фантазија како ограбува банка и како би го направил тоа. Дерек подоцна напишал сценарио и му го пратил на Рајан, по што овој реши повеќе да не открива крими-фантазии за да не мора да ги глуми
Како и да е, централна појава во филмот е Гослинг и се околу него беше обвиткано со мистерија се додека
MyloXyloto не му раскажа на пола форум што ќе се случи
Во суштина, ликот на Гослинг, Лук, е човек со илјадници грешки во животот кои го довеле на самото дно. Оди од град до град со нешто како патувачки циркус за да заработи некоја пара и да преживее. На враќањето во еден град неговиот живот ќе се промени кога ќе разбере дека има син. Овде морам да кажам дека сцената во црквата е предобра, тоа е момент во кој Лук ќе се скрши, момент во кој ја разбира разликата помеѓу животот што го живее и животот кој можел да го има. Патем, тоа што нешто пука во Лук и тој почнува да плаче, го нема во сценариото, тоа е само момент кога емоции го надвладуваат Гослинг. И затоа го почитувам дечкото, сум пишал и порано, топ-професионалец кој се подготвува во детали за секоја улога. Саундтракот во таа сцена исто така одличен, а целата атмосфера ме потсети на сцената со крштевката во Кум.
Понатаму, Лук одлучува да се промени и наместо улогата на скитник ја одбира улогата на родител и сопруг, но бидејќи е на самото дно и без никаква вистинска работа, не може да обезбеди услови за нормален живот на синот и девојката. Некое време работи како механичар но заработува премалку. Решен е да направи се да го оствари својот сон за подобар живот и ризикува се. Низ неколку сцени режисерот не доведе до таа одлука и ја направи лесно разбирлива за секој.
Мислам дека повеќето ќе се согласат дека рандом режисер од овој момент би направил super-villain филм, за човек кој несфатливо од возач на мотор се трансформира во супер трениран ограбувач на банки, прави многу пари, си игра мачка и глушец со полицијата и филмот заработува брдо пари на кино благајните. Сепак, назад во реалноста, Гослинг е професионален моторџија но аматер во ограбување банки. Неговиот план е добар и иако тој изгледа како да е тазе излезен од робија, тој ја поседува онаа улична снаодливост. Но сепак има огромна трема и цело време додека ограбува е присутно она "What the fuck am I doing?". На крај го издава техниката но јасно е дека еден од овие грабежи ќе му биде последен, кај и да е.
Кога сум тука да напоменам дека сцените во банката се снимани не со статисти и актери туку со персоналот од банката. Или како што рече Гослинг: „Јас ги ограбувам, тие се смеат и ме сликаат со мобилен“
Лук завршува како фамилија Старкови но се што прави, го прави несебично за неговиот син да живее подобар живот од него, да има образование и да се спаси од улицата. Лук иако пред самата смрт се срами од себе си и не сака неговиот син да знае за него, сепак умира како нов човек со сосема поинакви морални вредности од оние со кои живеел. Со тоа завршува приказната за промената на еден човек.
И тука почнува приказната за еден друг човек, но пред да почнам со тоа, да кажам уште и дека многу ми се допаднаа сцените на Гослинг и Мендез, имаше хемија меѓу нив и луѓето навистина се потрудија.
Другиот човек е Ејвори, полицаецот кој го убива Лук. Го игра Бредли Купер кој за жал не се издигна на нивото на Гослинг. Проблемот со оваа приказна е што не знам точно што е поентата. Можеби за разлика од Лук кој од човек со никакви вредности се промени на подобро, Ејвори е спротивност - чесен полицаец кој нема храброст да ја каже вистината и почнува да живее во тајни и да гради кариера врз лажниот имиџ за себе си. Длабоко во себе него сеуште го јаде прерано посегнатиот пиштол и тоа што не може да го врати, но не успева да најде начин да ги исправи работите. Мизерувањето на овој лик е прекинато со брзо префрлање во иднината во која тој е успешен политичар кој е разведен а синот му е во најмала рака проблематичен. Бледата претстава на Бредли Купер кулминира во моментот кога треба, а не може да заплаче, па целата сцена му е снимана од зад грб. Тоа е и разликата помеѓу Гослинг и Купер - едниот може да заплаче, иако не мора, а другиот мора, ама не може.
Тука некаде е и она што ги поврзува Лук и Ејвори - љубовта кон нивните деца. И двајцата се многу различни, но би направиле се за своите деца. Лук го ризикуваше животот, и го загуби, додека Ејвори дури и во моментите кога клечеше пред пиштолот, прашуваше за својот син. Иако малиот е потврден гад со тапија, Ејвори му прогледуваше се низ прсти. Но пак, целата приказна за Ејвори некако нема посебна поента и се гледа дека Дерек бил повеќе фокусиран на ликот на Гослинг.
Она што останува на крајот се децата и грубата вистина дека секој од нас живее во поинаков свет. Дете на одметнат криминалец кое живее сиромашно обично и не може да стане ништо друго освен криминалец. Дете на богат политичар обично е наркоман кој не дава single fuck за ништо и се пробива во животот на грбот на татко му. Можеби изгледа клише, но знаеме премногу примери од вистинскиот живот - Дерек ја кажува вистината.
Ќе се согласам со
wot, филмот е претенциозен, приказната е преголема за да се пикне во толку малку време и делот со Ејвори не го поврзува почетокот со крајот онака како што треба. Така, делува расфрлано и неповрзано, за вистински впечаток потребно е филмот да има кулминација при крајот, а овде кулминацијата се случува прерано. Но сепак, задоволен од приказната во целина, од Гослин и од Мендез, од децата, од режисерот кој не се плаши да експериментира. Мислам дека им дава шанса на ликовите да се развијат и со добри актери може да направи одлични филмови. Blue Valentine беше премногу за мене и не го догледав. Ова ми се допадна.