Истото семејство што беше нападнато пред три ипол години е нападнато и сега. Ги видов и тогаш повредените, значи ги познавам луѓето. Жената беше претепана затоа што си го одбрани синот, ова знам дека ниту ти самиот не го оправдуваш.
Ме фрустрира тоа што се културно семејство, повеќето интелектуалци, а и јавни личности како и тоа што никогаш немале проблем со соседите. За некои малолетни аналфабети од хулигани да им го уништуваат имотот и мирот.
Тука лежи и проблемот со кој не можат да се соочат повеќето тука, дека Албанецот може да биде поелоквентен, покултурен и повеќе да просперира во било кој аспект од Македонецот.
А најголемите белокапци во државава се оние, за кои денес цел народ ќе излезе да гласа, оние "патриотите" кои и понатаму ќе манипулираат со народот, а богами досега супер им оди.
А јас ти тврдам дека ниту една жена не била удрена, освен со камен.
За камењата не можам да гарантирам кај оделе, пошто навистина беше гаѓано по куќите, нешто што не можам да го демантирам.
Суштината на мојот пост е дека беа напшаднати наши членови и само заради тоа имаше напад, воопшто ситуацијата не е дека од чиста мира сме земале и сме улетале во населбата.
Не може еден настан да се гледа само од призмата на едната страна и да се измислуваат работи.
Има кај нас секакви бараби, не негирам, ама во случајов НЕ БЕВМЕ НИЕ КРИВИ по ниеден основ.
А постојано ни се префрла дека сме нападнале во Нерези за да ги заплашиме Албанците од таму.
Значи ова беше навивачка пресметка, иста ваква случка имаше година дена претходно во Карпош, само за тоа никој не направи фама.
Тогаш ситуацијата беше обратна, наши членови испровоцираа 100-тина Шверцери и ги загаѓаа со камења, овие вратиле БУКВАЛНО ИСТО ГАЃАЛЕ по сите станови од заградата во која избегале нашиве.
И тогаш имаше повредени луѓе, скршени станови па НИКОЈ ОД ВАС НЕМА СЛУШНАТО ЗА ТОА.
Ние овде за секој инцидент од Македонска страна се објаснуваме, се правдаме на некој начин, а за сите нивни милијарда инциденти се зема како здраво за готово.
Се тоа настанува од многу поситни инциденти, не сакав да те цитирам и за случајот во Влахов.
Тие што биле тепани на автобуската нека кажат сами колку пати имаат изрекетирано седмооделенци во Центар кога нема некој на нивна возраст да им се спротистави.
Друга работа што имаат по 20 години, а уште се втора-трета година средно.
Не шипки во глава, да ми се тука има за јајца да ги бесам.
И јас ги чекав истите јунаци на Рекорд откако ограбиле деца од кај мене, ама ја немав среќата да ги начекам. Епа кога цело Скопје им го собира нормално дека од некој ќе го изедат. И они не се само Албанци, има и Турци меѓу нив и Босанци па и Македонци.
Тие истите знаеш колку пати имаат од Албанци ќотек јадено?
Со пиштоли ги имаат бркано, затоа и имаат сменето школи повеќето, пошто кога имаат учено во средните во Чаир имаат како магариња ќотек јадено.
Само толку е ниско новинарстовото што од секој инцидент се прави скандал и секогаш Македонците се криви.
Лично може да го осудам бодењето на девојчето, такви работи не треба и не смее да се случуваат.
Но исто такво нешто се случи и само месец дена претходно во Чаир, а жртва беше Македонка и никој не објави, а камоли да има скандали со слики и слично.
За време на псоледниот ицндиент бил нападнат кошаркар на Вардар кој одел на утакмица, го извадиле од автобус и го истепале. Одново никаде не искочи вест за тоа...
Ама затоа само да има и најмал инцидент во нивна населба, цел скандал се прави, од сите можни агли е покриено.