Македонија - Белгија [22.03.2013 - 20:45 часот]

  • Креатор на темата Креатор на темата Donatella Versace
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    104
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе беше потпуно заслужено ако победевме, али јбг, не добија на индивидуален квалитет и наша грешка.
Генерално сум задоволен, затоа што ова што го играме откога дојде Чеде наликува на фудбал за разлика од она под водство на ташакот и Јонуз.

Се изнаутавме шанси за сите пари, мора да се поработи на реализацијата и на играта во одбрана, а поготово мора да се види што и како ќе се прави со голманиве. Не можно бре, да немаме ич среќа со голманите, ептен глупи голови примаат, а и губиме утакмици заради нивните грешки.

Што се однесува до атмосфера, ептен тапа. Требаше и ја да идам, ама не испадна ништо па морав да останам дома. На почеток на второ полувреме ми се јавува другар од стадион и си правиме муабет најнормално, све се слуша што збори. Се прашував дали е на стадион или ме заебава.
Мислев дека после мини-серијава од победи што ја направивме стадионов ќе се наполни, ама ништо.

И да, тоа со химната испадна ептен катастрофа. Брат ми (9 години има) се чудеше што пее Тамара :facepalm:
 
Што било моментот со химната? Ќе ми објасни некој, пошто не го видов.
Не беше испеана како што е правилната. После првата строфа нешто друго пееше, кое ми е познато до некаде, али не во целост. Некоја друга строфа.
 
Да се прашувам јас, химната никогаш не би оставил да ја завива некој или некоја. Нека иде само музика а публиката нека ја пее. Кога и да ја пее некој македонската химна тоа не е ништо повеќе од завивање. Каква Тамара, каква Калиопи, каква Елена. Ко глутница волци да слушам, да ти се одмили и химна и се, ебате беља!!! Плус што скоро секогаш ја грешат!!!
 
Еххх тој Македонски синдром...
 
Браво, сепак браво за сите фудбалери, добра игра премногу шанси ... само голманот првиот гол .. како стопено чоколадо беше и мислам дека не беше правилно досуден пеналот ..барем според мене :) :)
 
Ебате пејачките што не знаат химна да испеаат како што треба, ти крши филм уште на непочнат меч… Прво Каљопа кога се вратија ракометарите, сега и Сиселина. Уште се нервирам вака од сабајле, кој будала им даде химна да пеат. Околу играта на Белгија, во одбрана им фучеше промаја, комотно можевме да ги наполниме до врв.
 
Белгија беа дефинитивно подобри во квалитет од нас, ама ништо не изиграа подобро и не заслужија ваква лесна победа.
Ги гледав во живо и можеби аголот не ми беше најдобар, но немаше ништо од пенал во ситуацијата за Белгија.
Навистина имаше опструкција и Лазевски го изблокира Азар мислам, ама таков пенал се свири во ракомет и во баскет каде што му беше и местото на судијата кој имаше двоен аршин, при недосудениот пенел за Македонија.
Ивановски навистина се фрли, но имаше мал контакт врз него и кога веќе го свирна оној смешниот пенал за Белгија, можеше со мирно срце да свири и за нас.
Критика и за Чеде од причина што Хасани го играше во прва постава. Се гледа дека истиот не беше на нивото како порано и физички неподготвен.
Требаше порано да оди замената со Тасевски и можеби требаше и Блажевски да влези порано за Тричко и почека малку со замената на Јаховиќ.
Друга работа е тоа што игравме како во некој грч и како нас да ни зависи оваа утакмица за пласман на мундијал, наместо да биде обратно.
Белгијанците играа смирено и чекаа шанса (освен првите 3 минути кога ги изненадивме), додека нашиве правеа се како на сила, наместо да уживаат и да се надигруваат со Белгијанциве како на ревијална утакмица.
Генерално со Чеде мислам дека сме на добар пат, имаме некаква игра, се игра тимски и има добра селекција на играчи.
Не можеме да му замереме за Лазевски од причина што немаме алтернатива, за шупакот Попов не ми се ни зборува да го викнат.
Истиот во Вест Бром. се скапа извинување до навивачи, играчи и тренери за глупоста која ја направи таму, додека не се најде воопшто должен да се извини на навивачите на Македонија за глупоста која ја направи со Ристиќ.
Што сме ние за разлика од навивачите на ВБА? Црнци? Ебаму тоа плукачот лигав.
Останува да се надеваме дека во иднина ќе можеме со малку среќа да начекаме слична група како Босна моментално и ќе може да врзиме неколку победи по ред и да бидеме во игра до последен момент за пласман не некоја завршница.
 
Ќе мора да те разочарам,се мислев али се премислив:D

На време си се прмислил, типов лупнал 1000 евра во ветер

733965_522425657799711_567113792_n.jpg
 
Vo Irish belgijcite "lom" pravea.:-)
Nieden belgiec ne slusnav sto zborese holandski,site sto gi vidov francuski.
Najak bese spikerot na kraj koga rece site belgijci treba da pocekaat 10minuti i posle odma 20minuti,20minuti :-)
Toj spikerot ma-ke.... i site uuuu.Sto im bese toj kriv. :-)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom