Гатање, видовитост

Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Тоа како дете, на раците ми испаѓаа како брадавици и никако не се лечеа, пробав со секакви лекови дури и од странство ми праќаа ама немаше никаков ефект, и ми рекоа да одам кај на едно другарче баба му, она баела на сол, глупости у боја, отидов таму и ми вика ќе дојдеш три пати и ќе поминат, отидов еднаш ништо, отидов втор пат и ги снема, не отидов трет пат но не се повторија за среќа, ај објасни ми го ова...Се што имаше беше само сол...
А шо така од втор пат бидна? На прва не пали?
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.671
Едното објаснување е дека ти се излечиле од лекарствата кои претходно си ги земал а ти си го поврзал феноменот со бајачката и нејзините способности. Тоа е многу честа појава кај луѓето кои веруваат во различни форми на алтернативна медицина. Истите ги препишуваат ефектите од нивното оздравување на последната терапија која е рецимо невалидна, не земајќи ги во предвид сите претходни терапии кои ги земале и кои можеби придонеле до нивното оздравување. Можеби си бил алергичен на нешто и си прекинал да го конзумираш истото. Постојат илјадници причини зошто ти поминале и не значи дека било која од тие причини е поврзана со бајачката и солта.

Второто објаснување е дека ја извртуваш приказната и дека лажеш за некои делови. Дека не било баш така ама ти правиш да изгледа така за да испадне дека не постои друго објаснување.

Третото објаснување е дека бајачката поседува мистериозни способности кои на мистичен начин лекуваат различни кожни заболувања и притоа баењето со сол повикува мистични енергии од мистичен непознат свет кој никој од науката не го открил но бајачката го познава и знае како функционира. Тие мистични енергии успеваат да ги излечат сите болести на непознат начин и да го средат хормонскиот и дисбалансот на масти во организмот притоа враќјајќи го организмот во состојба на хомеостаза што може лесно да се провери. Ќе и донесеме 100 заболени од истата болест кои при тоа не земале друга терапија пред тоа и ќе видиме колку од нив ќе излечи...

Не знам кое од овие три објаснувања е валидно, но да би типувал би ги ставил сите пари на првото или второто. Би го ставил и станот и куќата и све што имам на првите две.:)
Да бе ја извртувам божем имам нешто ја од тоа што ќе излажам, ти кажувам како што беше сакаш верувај сакаш не, немам ќар да лажам. И ај како баш тогаш поминале од лекот баш во тој момент кога пробав со алтернативнава медицина или како и да е? Иначе не сум само ја многу луѓе има со ваков случај. И ја мислев дека се бабини деветини ама тоа е. Не дека сега верувам и се друго ама пак мислам дека има нешто, некој трик.
--- надополнето: 23 март 2013 во 02:03 ---
Ги снема додека беше кај нејзе вториот пат, баш во тој момент? Колкав временски размак имаше меѓу првото и второто одење? Зашто и успеало еден пат порано? Не ли е возможно сите лекови и терапии кои претходно си ги примал едноставно да вродиле со плод?
Значи еднаш отидов, потоа пак по неколку дена, не памтам стварно беше многу одамна, ама знам после вториот пат ги снема и не отидов пак, иако требаше три пати.
--- надополнето: 23 март 2013 во 02:06 ---
А шо така од втор пат бидна? На прва не пали?
Поима неам, кажувам како што беше па сеа ако изигравме паметњаковци...
 
D

Daedalus

Гостин
Да бе ја извртувам божем имам нешто ја од тоа што ќе излажам, ти кажувам како што беше сакаш верувај сакаш не, немам ќар да лажам. И ај како баш тогаш поминале од лекот баш во тој момент кога пробав со алтернативнава медицина или како и да е? Иначе не сум само ја многу луѓе има со ваков случај. И ја мислев дека се бабини деветини ама тоа е. Не дека сега верувам и се друго ама пак мислам дека има нешто, некој трик.
--- надополнето: 23 март 2013 во 02:03 ---
Јас сум повеќе од убеден дека нема трик. Можеби си искрен, не тврдам дека лажеш со сигурност иако по интернет не можам да распознаам кој лаже а кој не. Сепак, редоследот на настаните не укажува дека последниот настан од низата е причинител на некој специфичен ефект. Сега ќе ти дадам ептен безвезен пример колку да ми ја сфатиш поентата.

Јадеш затруена храна - Пиеш алкохол - одиш по голема нужда - одиш на концерт - добиваш напади на лошење и повраќање

Дали нападите на повраќање ќе ги поврзеш со одењето на концерт и ќе речеш дека не може коинцидентно да ти се слошило баш кога си отишол на концертот?
Практично истиот пример е, само што во твојот случај ти очекуваш исход од претходниот причинител (бајачката) кој е соодветен на концертот во мојот пример и затоа имаш тенденција да веруваш повеќе во тоа. Тоа е мојот став за твојот пример.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.671
Јас сум повеќе од убеден дека нема трик. Можеби си искрен, не тврдам дека лажеш со сигурност иако по интернет не можам да распознаам кој лаже а кој не. Сепак, редоследот на настаните не укажува дека последниот настан од низата е причинител на некој специфичен ефект. Сега ќе ти дадам ептен безвезен пример колку да ми ја сфатиш поентата.

Јадеш затруена храна - Пиеш алкохол - одиш по голема нужда - одиш на концерт - добиваш напади на лошење и повраќање

Дали нападите на повраќање ќе ги поврзеш со одењето на концерт и ќе речеш дека не може коинцидентно да ти се слошило баш кога си отишол на концертот?
Практично истиот пример е, само што во твојот случај ти очекуваш исход од претходниот причинител кој е аналоген на концертот во мојот пример и затоа имаш тенденција да веруваш повеќе во тоа. Тоа е мојот став за твојот пример.
Те сваќам што сакаш да кажеш, ама ни двајцата не знаеме што е точно, можеби ти си во право можеби ја, но најчудно е што ги снема наеднаш и тоа ме чуди, како и да не биле никогаш, ни белег ни лузна ништо. Сепак ние секогаш го прифаќаме тоа што е пообјасниво и полесно за сваќање, отколку да го прифатиме тоа што на лик изгледа како невозможно. :)
Небаре баба ми е бајачка па сеа и праам маркетинг...:icon_mrgr:
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Јадеш затруена храна - Пиеш алкохол - одиш по голема нужда - одиш на концерт - добиваш напади на лошење и повраќање

Дали нападите на повраќање ќе ги поврзеш со одењето на концерт и ќе речеш дека не може коинцидентно да ти се слошило баш кога си отишол на концертот?
Ај замисли Јадеш затруена храна - Пиеш алкохол - одиш по голема нужда - одиш на концерт на Никлбек - добиваш напади на лошење и повраќање

Дали нападите на повраќање ќе ги поврзеш со одењето на концерт и ќе речеш дека не може коинцидентно да ти се слошило баш кога си отишол на концертот?
 
D

Daedalus

Гостин
Те сваќам што сакаш да кажеш, ама ни двајцата не знаеме што е точно, можеби ти си во право можеби ја, но најчудно е што ги снема наеднаш и тоа ме чуди, како и да не биле никогаш, ни белег ни лузна ништо. Сепак ние секогаш го прифаќаме тоа што е пообјасниво и полесно за сваќање, отколку да го прифатиме тоа што на лик изгледа како невозможно. :)
Според моето искуство, верувам дека е обратното. Луѓето обожаваат мистични објаснувања со многу шеќер и ѕвезди. Едноставно го прават животот поинтересен и забавен.

Никој не ги сака досадните научни експерименти пуни со контролирани студии и...

експерименти.

Според моите сознанија за светот, луѓето напреднаа до степен да направат нано технологија, да регулираат распаѓање на атом како една од најосновните форми на материја, да лоцираат неурони во мозокот задолжени за специфични активности итн.....

Можеби ова ќе "звучи" дрско од моја страна но никој не може да ме убеди дека некоја проста баба која не знае колку се 2+2 е способна да регулира непознати енергии на науката и софистицираната технологија, да ги насочи енергиите и да лекува дисбаланс во организмите со истата. Да го можеше навистина тоа, немаше да гата за 5 денари туку ќе живееше од парите кои корпорациите ќе и ги пружаа за патентирање на нејзините методи и ќе беше најверојатно добитник на Нобелова за нејзината нова техника за лекување на кожни заболувања...Нели?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Според моето искуство, верувам дека е обратното. Луѓето обожаваат мистични објаснувања со многу шеќер и ѕвезди. Едноставно го прават животот поинтересен и забавен.



Можеби ова ќе "звучи" дрско од моја страна но никој не може да ме убеди дека некоја проста баба што не знае колку се 2+2 е способна да регулира непознати енергии на науката и софистицираната технологија, да ги насочи енергиите и да лекува дисбаланс во организмите со истата. Да го можеше навистина тоа, немаше да гата за 5 денари туку ќе живееше од парите кои корпорациите ќе и ги пружаа за патентирање на нејзините методи и ќе беше најверојатно добитник на Нобелова за нејзината нова техника за лекување на кожни заболувања...Нели?

Роџер, не сфаќаш ти :X3: Целата поента на гатањето е во фактот што науката не може да го објасни. Тука се провлекува и мистиката и привлечноста на истото. :rolleyes:

Не сакам ни ја да звучам дрско, али нели е малце просто да веруваш во нешто само ради тоа што науката не се ни замара да го објасни тоа нешто? Никому не му текнало дека не го објаснува пошто нема што да се објасни, од проста причина што не постои такво нешто као баење или гатање? :pipi:

Слушаш, Роџер - не постои баење. Ни кај бабата, ни на ниедно друго место :cautious: :P
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.671
Според моето искуство, верувам дека е обратното. Луѓето обожаваат мистични објаснувања со многу шеќер и ѕвезди. Едноставно го прават животот поинтересен и забавен.

Никој не ги сака досадните научни експерименти пуни со контролирани студии и експерименти.

Според моите сознанија за светот, луѓето напреднаа до степен да направат нано технологија, да регулираат распаѓање на атом како една од најосновните форми на материја, да лоцираат неурони во мозокот задолжени за специфични активности итн.....

Можеби ова ќе "звучи" дрско од моја страна но никој не може да ме убеди дека некоја проста баба што не знае колку се 2+2 е способна да регулира непознати енергии на науката и софистицираната технологија, да ги насочи енергиите и да лекува дисбаланс во организмите со истата. Да го можеше навистина тоа, немаше да гата за 5 денари туку ќе живееше од парите кои корпорациите ќе и ги пружаа за патентирање на нејзините методи и ќе беше најверојатно добитник на Нобелова за нејзината нова техника за лекување на кожни заболувања...Нели?
Не е се во технологијата, и мене никој неможе да ме убеди дека не постои некоја виша сила, се имаат случено толку необјасниви случки што неможе никој да ги докаже, се случувале и ќе се случуваат, а тоа технологијата неможе да го докаже, може само да експериментира и да заклучи но неможе да докаже.
 
Член од
21 март 2013
Мислења
104
Поени од реакции
156
Ај замисли Јадеш затруена храна - Пиеш алкохол - одиш по голема нужда - одиш на концерт на Никлбек - добиваш напади на лошење и повраќање

Дали нападите на повраќање ќе ги поврзеш со одењето на концерт и ќе речеш дека не може коинцидентно да ти се слошило баш кога си отишол на концертот?
Доколку сакаш да концептуализираш/картираш детален cause-effect план тогаш треба да ги земеш во предвид сите дејанија во набљудуваната околина. На пример, општопознато е дека на концерти ставаат дрога во сокчето.
Фреквенциите на инфрасоничните тајни пораки на Никлбек се уште еден валиден фактор кој може да делува нелагодно врз човековата благосостојба.
 
D

Daedalus

Гостин
Не е се во технологијата, и мене никој неможе да ме убеди дека не постои некоја виша сила, се имаат случено толку необјасниви случки што неможе никој да ги докаже, се случувале и ќе се случуваат, а тоа технологијата неможе да го докаже, може само да експериментира и да заклучи но неможе да докаже.
Технологијата не докажува ништо.
Науката докажува и побива работи.
Замисли го твојот телевизор кој прави контролирани студии за да ја побие гатачката!! Замисли го само тоа!!:love:
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.671
Технологијата не докажува ништо.
Науката докажува и побива работи.
Замисли го твојот телевизор кој прави контролирани студии за да ја побие гатачката!! Замисли го само тоа!!:love:
А науката без технологијата знаеш што ќе докаже и што ќе пробие? Ништо.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.729
Поени од реакции
12.005
Бајачи,Гледачи,места се....
Ако сте биле кај некаков човек кој ве исцелил(помогнал) од некаква болест мана што и да е,напишете тука би можело и информации каде се наоѓаат за да видат и другите на кој им треба помош и да најдат чаре,
Утре ќе ти стигни пп. Ќе ти кажам што и како немам сега време. Женава ако не ти помогни никој нема :coffee: И ако не си верувал во Господ ќе почниш, кога ќе си одиш од кај женава :)
--- надополнето: 23 март 2013 во 02:37 ---
Мислам ако ти треба. Ако не .....
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.077
Адреса Михаил Чаков 4 лок 8 и 9, Скопје, 02 5207 913
Локација во близина на технички преглед Кисела Вода.
Барај под презиме Грамов.
Секое добро.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.671
Роџер, не сфаќаш ти :X3: Целата поента на гатањето е во фактот што науката не може да го објасни. Тука се провлекува и мистиката и привлечноста на истото. :rolleyes:

Не сакам ни ја да звучам дрско, али нели е малце просто да веруваш во нешто само ради тоа што науката не се ни замара да го објасни тоа нешто? Никому не му текнало дека не го објаснува пошто нема што да се објасни, од проста причина што не постои такво нешто као баење или гатање? :pipi:

Слушаш, Роџер - не постои баење. Ни кај бабата, ни на ниедно друго место :cautious: :P
Не е дрскост, ова е потсмев, им се потсмеваш на луѓето што им треба помош, преку неговиот цитат ги омаловажуваш и ги класираш во глупаци бидејќи одат да побараат помош во нешто што е различно од твоето верување. Се направи паметна и што сега?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Не е дрскост, ова е потсмев, им се потсмеваш на луѓето што им треба помош, преку неговиот цитат ги омаловажуваш и ги класираш во глупаци бидејќи одат да побараат помош во нешто што е различно од твоето верување. Се направи паметна и што сега?

Добро де, не се вознемирувај, после ќе треба и за тоа да ти баат :P

Не станува збор за мое верување, туку за разумно верување и разумни очекувања. Не е разумно да очекуваш дека некоја баба, тетка, Иван, Дуле итн ќе ти помогне на некој мистичен начин, барем мене не ми е. Кој решил да иде и троши време и пари по бајачки, ќе иде секако - се потсмевала ја или не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom