Едното објаснување е дека ти се излечиле од лекарствата кои претходно си ги земал а ти си го поврзал феноменот со бајачката и нејзините способности. Тоа е многу честа појава кај луѓето кои веруваат во различни форми на алтернативна медицина. Истите ги препишуваат ефектите од нивното оздравување на последната терапија која е рецимо невалидна, не земајќи ги во предвид сите претходни терапии кои ги земале и кои можеби придонеле до нивното оздравување. Можеби си бил алергичен на нешто и си прекинал да го конзумираш истото. Постојат илјадници причини зошто ти поминале и не значи дека било која од тие причини е поврзана со бајачката и солта.
Второто објаснување е дека ја извртуваш приказната и дека лажеш за некои делови. Дека не било баш така ама ти правиш да изгледа така за да испадне дека не постои друго објаснување.
Третото објаснување е дека бајачката поседува мистериозни способности кои на мистичен начин лекуваат различни кожни заболувања и притоа баењето со сол повикува мистични енергии од мистичен непознат свет кој никој од науката не го открил но бајачката го познава и знае како функционира. Тие мистични енергии успеваат да ги излечат сите болести на непознат начин и да го средат хормонскиот и дисбалансот на масти во организмот притоа враќјајќи го организмот во состојба на хомеостаза што може лесно да се провери. Ќе и донесеме 100 заболени од истата болест кои при тоа не земале друга терапија пред тоа и ќе видиме колку од нив ќе излечи...
Не знам кое од овие три објаснувања е валидно, но да би типувал би ги ставил сите пари на првото или второто. Би го ставил и станот и куќата и све што имам на првите две.