Гатање, видовитост

  • Креатор на темата Креатор на темата Perdika I
  • Време на започнување Време на започнување
Стојне јас ќе одам до кај Жане да ми побае, се уште цагери гледам :( Гарант ќе ми спомне црна жена што ми е љубоморна и што сака да ме уништи. (сите до сега ми ја спомнаа, мамето кога ќе ја најдам)

Стојне, нека ти забае од уроци. И ај молимте покажи и моја слика, да видиме што ќе каже, нешто левиов бут ме вие у задње време.
 
Броевиве поминаа што поминаа така... сега за понатаму броеви од лица (гатачи или обични смртници со тенденции да гатаат) само по порака. Благодарам.
 
Перо, доста празни муабети. Дај удри ја статистиката и кажи дали Жане го исполнува критериумот на локалнава врачара, или јебеш ти то:
Ај малку озбилно, може? Ако некој вика дека може ова или она да направи и да гледа...нели треба да очекуваш 100%, а не полоично?
 
Врачаро, почнав озбилен одговор да ти пишувам и одеднаш во слабините нешто ме здоболе. Ти со Палерот ми праиш ИП маѓии!
 
Љубав се осеча.... фино е да продолжите во приватна порака.
 
Бајачи,Гледачи,места се....
Ако сте биле кај некаков човек кој ве исцелил(помогнал) од некаква болест мана што и да е,напишете тука би можело и информации каде се наоѓаат за да видат и другите на кој им треба помош и да најдат чаре,
 
Семоќниот Иван Исцелител ако не ти врши работа ондак бегај за Индија... аманте бе луѓе зар уште верувате во врачари!? Подобро оди во манастир да бараш чаре отколку кај ајкулине...
 
Не дека сакам да ви ја расипувам темава и би било супер доколку луѓето кои веруваат во вакви работи си разменуваат совети за врачари и слично али не ги давајте парите на такви луѓе. Никој од нив не може да ви помогне. Посебно ако се работи за медицински проблем од посериозен карактер, подобро истите пари да ги дадете на доктори и терапии дури и проблемот да е тешко решлив или нерешлив, неголи на тие пијавици од луѓе.
 
Веруј ми имаат помогнато и тоа доста. И ја бев скептик и не верував во такви глупости ама откако ми помогнаа се запрепастив...Ама не во вакви глупости што се ставаат на јутјуб, фејсбук како исцелителов и други, тоа се е превара.
 
Бајачи,Гледачи,места се....
Ако сте биле кај некаков човек кој ве исцелил(помогнал) од некаква болест мана што и да е,напишете тука би можело и информации каде се наоѓаат за да видат и другите на кој им треба помош и да најдат чаре,
Баба Илинка од Ѓорче : 02/2035-618, нема да зажалиш!
 
Веруј ми имаат помогнато и тоа доста. И ја бев скептик и не верував во такви глупости ама откако ми помогнаа се запрепастив...Ама не во вакви глупости што се ставаат на јутјуб, фејсбук како исцелителов и други, тоа се е превара.
Можеш да опишеш повеќе за тоа како и што ти помогнале? Гледај колку што можеш попрецизно да го опишеш случајот и не додавај зачини на приказната за да изгледа попримамлива.
Само точно опиши ми ја случката :)
 
Тоа како дете, на раците ми испаѓаа како брадавици и никако не се лечеа, пробав со секакви лекови дури и од странство ми праќаа ама немаше никаков ефект, и ми рекоа да одам кај на едно другарче баба му, она баела на сол, глупости у боја, отидов таму и ми вика ќе дојдеш три пати и ќе поминат, отидов еднаш ништо, отидов втор пат и ги снема, не отидов трет пат но не се повторија за среќа, ај објасни ми го ова...Се што имаше беше само сол...
 
Ги снема додека беше кај нејзе вториот пат, баш во тој момент? Колкав временски размак имаше меѓу првото и второто одење? Зашто и успеало еден пат порано? Не ли е возможно сите лекови и терапии кои претходно си ги примал едноставно да вродиле со плод?
 
Тоа како дете, на раците ми испаѓаа како брадавици и никако не се лечеа, пробав со секакви лекови дури и од странство ми праќаа ама немаше никаков ефект, и ми рекоа да одам кај на едно другарче баба му, она баела на сол, глупости у боја, отидов таму и ми вика ќе дојдеш три пати и ќе поминат, отидов еднаш ништо, отидов втор пат и ги снема, не отидов трет пат но не се повторија за среќа, ај објасни ми го ова...Се што имаше беше само сол...

Едното објаснување е дека ти се излечиле од лекарствата кои претходно си ги земал а ти си го поврзал феноменот со бајачката и нејзините способности. Тоа е многу честа појава кај луѓето кои веруваат во различни форми на алтернативна медицина. Истите ги препишуваат ефектите од нивното оздравување на последната терапија која е рецимо невалидна, не земајќи ги во предвид сите претходни терапии кои ги земале и кои можеби придонеле до нивното оздравување. Можеби си бил алергичен на нешто и си прекинал да го конзумираш истото. Постојат илјадници причини зошто ти поминале и не значи дека било која од тие причини е поврзана со бајачката и солта.

Второто објаснување е дека ја извртуваш приказната и дека лажеш за некои делови. Дека не било баш така ама ти правиш да изгледа така за да испадне дека не постои друго објаснување.

Третото објаснување е дека бајачката поседува мистериозни способности кои на мистичен начин лекуваат различни кожни заболувања и притоа баењето со сол повикува мистични енергии од мистичен непознат свет кој никој од науката не го открил но бајачката го познава и знае како функционира. Тие мистични енергии успеваат да ги излечат сите болести на непознат начин и да го средат хормонскиот и дисбалансот на масти во организмот притоа враќјајќи го организмот во состојба на хомеостаза што може лесно да се провери. Ќе и донесеме 100 заболени од истата болест кои при тоа не земале друга терапија пред тоа и ќе видиме колку од нив ќе излечи...

Не знам кое од овие три објаснувања е валидно, но да би типувал би ги ставил сите пари на првото или второто. Би го ставил и станот и куќата и све што имам на првите две.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom