Како да се откажете од цигарите?

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.760
Поени од реакции
12.094
Од 1996 пушам цигари и не би ги откажал туку само аххх да можам, би ги исконтролирал на 1 до 4-5 цигари во денот ама да има денови кога не би претставувало проблем да не запалам ни една, целосна контрола значи. Па живот без умерени токсини и психотропии ебати животот досаден, мамурни људи :D
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Пушев од 7мо одд. па се до втора, три години активно пушење, и наеднаш ги откажав, ни ги намалував ни ништо. Иначе сеа сум таман, пушам по 2-3 во неделата а некогаш ми се случуе и да не запалам со месеци, се до ситуацијата, и многу е јако тоа што не ми ствараат зависност како порано.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
пушам полни 25 години, од 1987, 14 септември :love: љубов на прв поглед.
и немам намера да прекинам. уствари има само една причина зошто би го направил тоа, а Е да немам доволно финансиски средства за да си ги задоволам своите страсти. значи пари!!! се до тогаш претпоставувам дека нема да престанам.а сум тежок пушач, да не кажам ко турчин :) мом сум на 1,5 кутии, ама биле и повеќе порано. пред две год на пр по 4 кутии
негативности, ух ги има многу, но ако почнам така да размислувам тогаш ќе дојдам до заклучок и дека од пазар не треба ништо да купам. така да, ќефот и меракот пред се'(y)
 

Niggersinparis

добро вече
Член од
28 август 2012
Мислења
2.457
Поени од реакции
1.999
јас не пушам никогаш не сум пушел ама би ги откажал одма пошто не се пријатни за дах и тоа утиче на атмосфера
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
пушам полни 25 години, од 1987, 14 септември :love: љубов на прв поглед.
и немам намера да прекинам. уствари има само една причина зошто би го направил тоа, а Е да немам доволно финансиски средства за да си ги задоволам своите страсти. значи пари!!! се до тогаш претпоставувам дека нема да престанам.а сум тежок пушач, да не кажам ко турчин :) мом сум на 1,5 кутии, ама биле и повеќе порано. пред две год на пр по 4 кутии
негативности, ух ги има многу, но ако почнам така да размислувам тогаш ќе дојдам до заклучок и дека од пазар не треба ништо да купам. така да, ќефот и меракот пред се'(y)
Што цигариња дуваш пријателе,да исчуриме по една/две/n....? :D
Инаку,не сега за сега
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Секој може да ги откаже, ако сака.
Јас, не сакам.Се уште ми се праи кејф кога ќе запалам цигара додека пијам кафе, алкохол или за време на пауза од предавања.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Конзумирав редовно 8-мо,1-ва средно,негде 3-та ги прекинав оддеднаш.Тек летоска дур бев на одмор малце се отворив,јебига имаше квалитетни цигари што ги нема у МКД.Јануар,Фебруар нешто ме фати пак чивијата,али еве скоро месец дена неам запалено и не осеќам потреба.Поише палам ради досада,поготово коа сум у диско да не стојам ко здрвен стап надвор,а и да се ќари некое девојче на упаљач фора :P .
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Што цигариња дуваш пријателе,да исчуриме по една/две/n....? :D
Инаку,не сега за сега
хахахах, само цигари друже, ништо повеќе. а кои, ..... ух, од првите ЛОРД, па до сега поминат е долг пат, али ќе кажам дека мислам дека сум ги пушел сите можни цигари кои се продавале тука, сараевска дрна, морава, партнер, па житан и виткан тутун (drum, old holborn, ...). да не ги заборавам стандардните марлборо и камел. но како што ми лежи muratti ambassador ниедна друга. :cool:
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Пушам некои 12 години до сега да речеме...ама никогаш тоа не ми претставувало проблем, дали за кондиција, спортување итн....само сум приметил многу повеќе пушам во комбинација со кафе или алкохол...ако немам ни едното ни другото можам со денови да издржам без цигара, не паѓам во никотинска криза...а периодов дали и кутија на недела може и помалку...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
хахахах, само цигари друже, ништо повеќе. а кои, ..... ух, од првите ЛОРД, па до сега поминат е долг пат, али ќе кажам дека мислам дека сум ги пушел сите можни цигари кои се продавале тука, сараевска дрна, морава, партнер, па житан и виткан тутун (drum, old holborn, ...). да не ги заборавам стандардните марлборо и камел. но како што ми лежи muratti ambassador ниедна друга. :cool:
Само за цигари зборев бе :D
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
летово ке правам 24 години.. пушам од 13 години - кога би можел ама одма би ги оставил ОДМА ! - негативни страни има многу - трошиш пари на отров, смрдиш на цигари, кожата ти упива никотин, за белите дробови и плуќата да не правам муабет и уште ред други работи - ако ги оставам цигарите ке имам голема заштеда - секој ден по 50 денара не се малце..
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
јас пушам од 7 одделение, со една другарка заедно почнавме. пробав да ги откажам пред некоја година и не можев, стигнав само до 5 цигари дневно. моментално пушам по кутија (горе доле) дневно. е сега ако има некој од вас да даде совет како да се откажат цигарите, пишете обавезно.
сакам да ги откажам оти едноставно доста е.
другарка ми ме заеба, си роди дете пред некоја година и ги откажа. е сега знам и јас ко ќе бидам трудна нема да пушам, ама јас сакам и предходно да ги оставам, велат било шок за организмот и за бебето ако наеднаш ги оставиш цигарите за време на бременост.
затоа луѓе пишете чариња за откажување од цигари. дај нека даде мислење некој бивши пушач, нека подели искуство како му било...

ама многу е убаво кафенцето со цигарче, ептен...
ај сега за муабетот едно цигарче да си запалам
 
Член од
17 мај 2012
Мислења
184
Поени од реакции
105
Само непушач може да го каже ова :rolleyes:

Он - Не
Ти стварно мислеш дека има позитивни страни? Не е дека немам пробано, да имам пробано три или четири пати ама едноставно не ме влече и не ми горат пари ако сакам да горам пари ке земам 100денара и секој ден ке ги фрлам у шпоретот за подпалок. Инаку де кажи ми ги тие позитивни страни ќе те молам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom