Македонска депресија

Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Овде народот е и во депресија и под репресија , само што дел од тие луѓе не се ни свесни за таа појава , незнаат за опуштеност и сигурност :)
А секој кој ќе отиде во Америка и западна Европа не се ни враќа повеќе тука , ова е исто како кога УСА ја зафати големата депресија и народот масовно се иселуваше па дури и цели градови беа оставани :confused:

Нашиот народ се задоволува со малку и тоа е тоа 500 денари + за пензионерите,бесплатна бањичка, бесплатна вожња за пензионерите у подобни денови ....и тако даље, кога на една држава приоритет и се пензионерите и како тие да се преточат во сигурна гласачка машинерија прогрес не е можен,младите фаќаат џаде од тука,пола источна Македонија е доказ за тоа, а пензионерите се тинтраат небаре се ретки видови во Амазонија.

П.С И немој некој да ја свртел темава у политика оти има чотек да јаде
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас би рекол што подалеку... не дека тече мед и млеко таму ама мислам дека е секако подобро од тука.

Можеме ли некако да си помогнеме, да си најдеме радост во тага, едноставно да заживееме?
Конфузен си. Што помалку отварање вакви теми и кукање а повеќе дела толку подобро за тебе.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Имаш ти 13 ипол години и размислуваш за овие работи? средината ти самиот никогаш не можеш да ја смениш сеуште си во ти е години каде што треба да уживаш а не да размислуваш за волку длабоки теми :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Порано бев гневен на Најчевска што народов го назва шутрачки,иако ми е одвратна..сега се слагам со тоа.
 
M

Moon Child

Гостин
Сами сме си криви. Сами си го бараме и по заслуга си го наоѓаме. Кој ни е крив оти дозволуваме да бидеме манипулирани, и овде не мислам од политички аспект, туку и од секаков можен друг аспект. И кој ни е крив што незнаеме да си го живееме животот?
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Сами сме си криви. Сами си го бараме и по заслуга си го наоѓаме. Кој ни е крив оти дозволуваме да бидеме манипулирани, и овде не мислам од политички аспект, туку и од секаков можен друг аспект. И кој ни е крив што незнаеме да си го живееме животот?
Бранко :D
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
депресија е состојба на умот, ветрот дува така за сите нас, или прилагоди го во твоја полза или нека те однесе.

Гледате "подобрите" држави.. радувај се што спаѓаш во тој мал процент на луѓе на светот што имаат леб да јадат и вода да пијат.
Ако нешто не можеш да смениш тогаш прифати го, ама повеќето не се помируваат со тоа, и тоа е единствениот проблем што го создаваме и постои само во нашата глава, а тоа што е надвор од нас е само ситуација со која треба да се справиме.
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Па многу јасно дека пука депресија врз нас,све се должи на фактот што пензионерите се иднината на оваа дркава.Све мртво све старо све смрди,па уште се чудат зашто се облеани у сивило..
Ја седми месец по ред кљукам по шес апчиња дневно,едвај се издржува и со апчиња..Ама ај па,после дождот иде сонце.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.259
Буте, постот ко Тошо малерот да го пишува, дијалекти од сите страни... Све све, ама на крај кога го спомна "нашиот поносен другар Кили", цел пост ти падна во вода. Ти сметал Аца Лукас, а горд си на дрогираш поголем од него. :pos::pos::pos: Каде бе...
Верувај, ништо од ова што го наброја не е депресија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.050
Поени од реакции
12.592
Секако дека Македонија и Македонците се во депресија, тоа е нешто сосема нормално кога се случува економска и социјална стагнација и се нема визија за идниот развој на државата и на нацијата.

Како да се справиме со депресијата ?

Па има повеќе различни видови на решенија.

По распаѓањето на Римската Империја во 5-от век, Европа западнала во таканареченото Темно доба или Средниот век, временски период кој траел цели 1000 години, а завршил во 15-от век со падот на Константинопол во рацете на турците османлии, со хуманизмот и ренесансата предводени од страна на видни личности како Леонардо да Винчи, како и со откривањето на Новиот Свет, односно Америка.

Во помодерната историја, со почетокот на Светската економска криза во 1929 година, на американците им се случила Големата Депресија на почетокот на 1930-те години, која завршила со почетокот на Втората Светска Војна, кога САД станале главен извозник на оружје и муниција, а по јапонскиот напад врз американската поморска воена база Перл Харбор на Хаваите на 7 декември 1941 и влегувањето на САД во Втората Светска Војна, САД станале извозник и на војници и на воени победи во Тихиот Океан, а по инвазијата на Нормандија, позната како Операција Оверлорд, која започнала на 6 јуни 1944, уште попознат како Денот Д, САД станале извозник и на војници и на воени победи и во западна Европа.

Македонската депресија своите корени ги има во индустрискиот и економскиот колапс во 1990-те години, наглиот раст на невработеноста и сиромаштијата и стравот од утрешниот ден и од утрешните предизвици, поради што стотици илјадници Македонци не се осмелуваат да изнајдат идеи за подобра иднина, туку живеат од денес за утре.

Е сега, на Македонија не и се има случено распаѓањето на Римската Империја, но и се случи распаѓањето на Југославија. На Македонија не и се случи падот на Константинопол, но и се случи војна во 2001 година и се случи таканаречениот Охридски Рамковен Договор. А кога сме кај Голема Депресија во Македонија, истата веќе постои и како што веќе спомнав, своите корени ги има во индустрискиот и економскиот колапс во 1990-те години.

Решение ???

Па малку тешко е да се чекаат 1000 години за да се појави некој македонски преродбеник од типот на Леонардо да Винчи, уште потешко е да чекаме некој да открие некој Нов Свет, односно некоја нова Америка, а дефинитивно најтешко би било да водиме војна, која ќе набилда долгови, материјална штета и најмногу од се, колатерална штета, односно човечки жртви.

Единствено можно решение во овие околности, е да се излезе со нова визија за идниот развој на македонската држава и на македонската нација, но визионерите или ги нема, или си ги гризат јазиците исплашени за да ги изнесат јавно своите визии за идниот развој на македонската држава и на македонската нација.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
депресија е состојба на умот, ветрот дува така за сите нас, или прилагоди го во твоја полза или нека те однесе.

Гледате "подобрите" држави.. радувај се што спаѓаш во тој мал процент на луѓе на светот што имаат леб да јадат и вода да пијат.
Ако нешто не можеш да смениш тогаш прифати го, ама повеќето не се помируваат со тоа, и тоа е единствениот проблем што го создаваме и постои само во нашата глава, а тоа што е надвор од нас е само ситуација со која треба да се справиме.

Кој ветар да го прилагодиме во наша полза? И со што точно треба да се помириме? Со бескорисно валкање во банално и мизерно секојдневие? Помирувај се ти со што сакаш, али молим те, не дели совети како проблемите кои се реални и опипливи постојат само во нашата глава. Таква изјава дадена на ваква тема е целосен крах на интелигенција.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Кој ветар да го прилагодиме во наша полза? И со што точно треба да се помириме? Со бескорисно валкање во банално и мизерно секојдневие? Помирувај се ти со што сакаш, али молим те, не дели совети како проблемите кои се реални и опипливи постојат само во нашата глава. Таква изјава дадена на ваква тема е целосен крах на интелигенција.
ок тогаш, што предлагаш ти?
да продолжиме со депресијата?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Кога се јавува депресија кај една личност ...
Кога стагнира подолг период или пак кога тоне надоле, било во економски аспект било во некаков друг аспект ... исто е и со цел еден народ доколку државата стагнира или пак оди надоле(во секое поле) нормално е дека ќе се појави една широка депресија и општа апатија кај народот(поголемиот дел од него) ... кога се нема никаква визија, никаква алтернатива пред очи нормално дека народот ќе биде во депресија ... дајте му на народот повисока плата, подобар стандард, дајте му подобар живот, повеќе разонода, занимливости... одма ќе скокне пулсот ...
 
Член од
1 јануари 2013
Мислења
312
Поени од реакции
363
А ти мислиш дека во западните земји тече мед и млеко,грешка.И кога сме кај западот односно Америка или УСА,нели западот од секогаш не асоцирал на оваа земја,
зар стварно мислиш дека насмевката на Американецот се должи на неговата моментална емоционала состојба,не!Туку на нивниот фанатичен оптимизам ,кој постои од самото создавање на нивната нација,нели така постарите ги воспитувале своите деца,па нивните деца своите итн...и тоа се со цел да остават добар впечаток кај другите земји ,за тоа колку се тие успешни и среќни и како се таму им цвета,но верувај тоа нема врска со нивната среќа,тоа е само лице на "успешниот американец".Значи тој може кога е сам дома да плаче и да рика како магаре за тоа што го спопаднало,некоја семејна трагедија,беспарица било што,но на улица ќе го видиш насмеан до уши,чиниш добил милион евра на лото.Ова од искуство го кажувам,оти сум бил тамо и знам како е.И затоа нека не ве лажат ваму или онаму било поубаво,оти поубаво од дома нема и бидете среќни со тоа што го имате оти еден ден и тоа може да го изгубите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom