Кај си бе Чорбаџија цел ден те нема што дебати паднаа тука.И јас поставив едно прашање погоре што многу би сакал да чујам твој одговор.
Сакаш да кажеш дека црквите се само градби локација за собирање на луѓе со една визија.Тогаш зошто Бог го вика мој дом, значи се погрешно правиме што одиме во црква палиме свеќи се молиме за мене црквата е најсвето место на земјата и верувам дека Бог може да не препознае само во неа.
На работа сум и со обврски, немам многу време за без врска дебати.
Бог никаде црквите не ги вика свој дом. Можеби си се помешал со старозаветниот храм во Ерусалим каде што евреите имаа Божја регулатива да принесуваат жртви за своите гревови и да ги одбележуваат некои од своите празници. Тој храм Бог го нарекува Свој дом, ама не во таа смисла дека Тој живее таму. Некои во тоа време мислеле така, па затоа Бог преку пророкот им рекол дека тој не живее во градби и сл.
Нема ништо лошо да се молиш во црква, освен ако не се молиш на некоја икона или ако не принесуваш некакви жртви (како што се свеќите - кои самата црква ги нарекува бескрвни жртви)
Понатаму Исус никогаш не рекол дека треба да идеш во црква за да се помолиш. Молитвата треба да биде секојдневен разговор со Бог. Бог по дефиниција е сеприсутен и Тој може да те чуе од секаде. Пред Исус да ја каже познатата „Оче Наш“, Тој не рекол: „Отидете во црква и молете се...“, туку рекол:
„И кога се молите, не бидете како лицемерите, кои сакаат да се молат стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето; вистина ви велам, ја имат својата награда.
А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.”“ (
Исус Христос, ев. Матеј 6:6, Библијата)
Синагогите биле еден вид цркви за евреите. Па види што вели Исус овде. Тој вели да не бидеме како лицемерите кои се молат по синагогите за сите да ги видат колку се тие побожни, туку вели да идеме и дома во нашето удобно катче да му се обратиме на Бог во молитва. Се разбира, тоа не значи дека мора секогаш дома, туку Исус само дава еден пример за да не се праиме побожни со тоа што јавно ќе се молиме во црква, туку дека подобро ќе биде дома ако се молиме без да се праиме побожни пред луѓето.